Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов:

ПИСМОТО НА САМАРАС ПОТВРДА ДЕКА НЕМАМЕ СОГОВОРНИК ЗА ИМЕТО

(По македонскиот печат)


Писмото на грчкиот премиер Самарас само потврди дека Македонија нема со кого да дојде до решение за името, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов.

Според Иванов, ништо друго и не треба да се очекува од човекот кој пред две децении го создаде проблемот и сега сака да се оттргне од негово решавање.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Сеизмолошката опсерваторија, Иванов го повтори ставот изнесен пред неколку дена кога во посета на Македонија беше словенечкиот претседател Борут Пахор.

- Немаме со кого да дојдеме до решение. Се избегнува дијалог, а само така може да се надминат несогласувањата. На секоја наша иницијатива добиваме негативен одговор од грчката страна, истакна Иванов.

Посочувајќчи го уште еднаш како успешен примерот меѓу Хрватска и Словенија, претседателот рече дека сите проблеми во регионот секогаш се решаваат со разговор.

- Словенија како земја членка на ЕУ беше принудена европски да се однесува кон земјата кандидат. Но, одлуката да се водат паралелно преговорите за членство и решавањето на проблемот, беше донесена меѓу Словенија и Хрватска. Седнаа претставниците во Љубљана и во Загреб и дојдоа до решение, напомена Иванов.

Средба на опозицијата со државниот врв по ова прашање ќе има, ако се оцени, рече Иванов, дека за тоа има потреба.

- Државниот врв има координација, постојано е во контакт и договара одредени активности. Јавноста ќе биде благовремено информриана за се што ќе биде преземено. Ако се констатира дека има потреба, покрај планираните активности, ќе има средба и со другите политички партии, нагласи претседателот Ѓорге Иванов.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting