Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Министерот за надворешни работи Никола Поповски:

МАКЕДОНИЈА Е КОНСТРУКТИВНА, ТОПКАТА Е КАЈ ГРЦИЈА

(Преземено од МИМ)


- Македонија во спорот за името се залага за интензивен разговор врз основа на аргументи бидејќи аргументите се на наша страна, односно на страната на непопречување на евроинтеграциските напори на земјата и во барање решение кое е базирано на меѓународното право. На полето на префрлање вина и игри од аспект на агенди и одлуки кои се однесува било на НАТО или ЕУ, Грција е страната која ги има сите карти во свои раце. Остануваме посветени на стратешките цели - членството во ЕУ и НАТО.

Ова го изјави Никола Попоски, шефот на македонската дипломатија, на денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на Министерскиот состанок на САД- Јадранската повелба, во својство на актуелен претседач со Повелбата, запрашан дали Македонија ќе ја смени стратегијата во однос на Грција апропо членството во ЕУ и НАТО со оглед на константното вето со кое се соочува од грчка страна и извесноста дека следи ново на јунскиот самит на ЕУ.

- За РМ членството во НАТО и ЕУ се стратешки цели. Ние ќе продолжиме да ги правиме сите напори за да ги оствариме овие стратешки цели. Во делот на споредбите се согласувам целосно дека не можеме да повлечеме паралела во ситуација во која имате земји кои се надвор од НАТО или ЕУ која е многу постимулирачка за постигнување решение. Во услови на наметнатиот грчко-македонски спор јасно е дека нивото на мотивација е целосно асиметрично и дека инструментите за блокирање стојат во рацете само на едната страна. Тоа е реалност која Македонија како земја надвор од НАТО и ЕУ не може да ја промени. За нас е значајно да имаме конзистентен став дека ја гледаме Грција како земја партнер и во економска и во политичка и во безбедносна смисла. Нашиот однос во тој правец е позитивен и конструктивен и нема да дозволиме да бидеме вовлечени во игри на префрлање вина, едноставно одложување на одлуките и нерешавање на проблемите, рече Попоски.

На прашање дали последниот предлог на Нимиц е прифатлив за македонската страна, и дали има информација оти е прифатлив и за грчката страна, Попоски го подвлече конструктивниот пристап кој Македонија континуирано го манифестира.

- Не би сакал да го прејудицирам резултатот од таквиот процес, но сакам јасно и чисто да кажам дека Република Македонија има исклучително конструктивен пристап вклучително и кон оваа иницијатива на медијаторот Нимиц, дејствува проактивно и сака да има интензивирање на овој процес. Во овој момент немаме видено таков гест од грчка страна, рече Попоски.

Запрашан за коментар за изјавата на грчкиот претседател Папуљас дадена за српска „Политика“ дека Грција го има изодено патот и дека Македонија треба да го направи своето за да се најде компромисно решение за спорот, и оти потврда за тоа е што Македонија е примена во ОН под привременото име, тој рече дека не ја слушнал изјавата, но посочи на фактите во спорот и оти земјата нема интерес да влегува во игра на префрлање вина.

- Судот за тоа кој како дејствува во тој процес треба да биде базиран на факти, а фактите говорат дека во овој момент како и во континуитет претходно Македонија ги исполнила сите претходно преземени обврски кои се дел и од Времената спогодба, вклучително и именувањето во ОН. Од друга страна не би межеле да го кажеме истото за првата страна во овој спор. Македонија е подготвена да продолжи со конструктивниот пристап кој го има во овој процес. Ние сакаме да видиме придвижување, сакаме интензивен дијалог, отворен дијалог врз база на аргументи и со цел да биде решен проблемот кој е наметнат од страна на нашиот јужен сосед. Немаме никаква причина да навлегуваме во префрлање на вина и доколку нашите соседи навистина покажат ниво на посветеност кое нема да биде само реторика, односно само празни зборови, туку навистина пријдат и се согласат на интензивен дијалог кон надминување на овој процес тогаш навистина ќе можеме да го надминеме. РМ не може да види каков било интерес во префрлање на топка и одложување на предизвици. Ако навистина постои подготвеност во Грција, тогаш дајте покажете го тоа, седнете и разговарајте во рамки на процесот кој е инициран од страна на Нимиц за да го надминеме овој проблем, рече Попоски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај



На специална церемония Стойко Стойков

ОФИЦИАЛНО ПОЛУЧИ ТИТЛАТА “ДОКТОР НА ИСТОРИЧЕСКИТЕ НАУКИ”

На 12 юни т.г. в тържествената зала на ректората на университета „Св. Кирил и Методий” в Скопие зам-редакторът на вестник “Народна воля” Стойко Стойков на специална церемония получи докторската си диплома, с което вече съвсем официално получава титлата „Доктор на историческите науки”. Както “Народна воля” вече писа, Стойков защити докторантура на 17 януари тази година. На церемонията бяха номинирани 13 нови доктори на науките. Стойков бе представен от декана на Философския факултет - проф. д-р Горан Айдински, а дипломата му бе връчена от ректора на университета д-р Велимир Стойковски. На церемонията присъстваха членове на семейството и приятели.



Както вече вестник “Народна воля” съобщи, подготвя се сборник с материали (документи и спомени) на македонци, пострадали по времето на комунизма. Ако решите да оставите в историята болката си от това, че сте били и сте македонци, обадете се на телефон 0887975531, за да научите как да бъдете включени в книгата. Тя вече се оформя. Побързайте!

От съставителя на сборника


Нова книга



Излизе от печат дългоочакваното издание на спомените на известния анархист революционер и борец за освобождението на Македония Петър Манджуков -
“Предвестници на бурята”
Той е един от групата на легендарните „гемиджии“ - солунските атентатори, организирали най-големия на Балканите акт срещу символите на турския и европейския империализъм през пролетта на 1903 г. Манджуков е увлекателен разказвач, оставил безценни свидетелства за времето, културата, политиката, хората и техните борби.
Спомените си Манджуков пише между 1946 и 1959 година. По-късно той ги изпраща нелегално в Париж.
Книгата е с формат: 165 х 235 мм, с 603 страници и струва 15 лева.

За контакти: в-к. “Народна воля”, тел: (073) 88 63 36.



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting