Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија и Србија - билатерална средба на пријателство и добрососедство

ЕКОНОМИЈАТА И ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ТЕМИ НА ЗАЕДНИЧКАТА ВАЛИДНА СЕДНИЦА

(Преземено од МИМ)


– Македонија и Србија ги исполнуваат сите услови да добијат датум за преговори на јунскиот самит. Остануваат посветени на патот кон европските интеграции, оценија премиерите Никола Груевски и Ивица Дачиќ на прес-конференција по денешната прва заедничка седница на владите на двете земји.

- Сакаме да соработуваме на патот кон ЕУ. Сметаме дека дека и Македонија и Србија ги исполнија сите критериуми за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Не можеме да се жалиме на меѓународниот поредок, тој е таков каков што е. Ние како мали земји треба само заеднички да работиме бидејќи имаме заеднички интереси, рече Дачиќ.

Премиерот Груевски посочи дека двете држави се соочуваат со услови кои не им беа поставувани на другите земји, но, како што рече, тоа не не обесхрабрува, ниту пак демотивира.

- Напротив, посветено работиме на процесот на помирување и затворање на отворените прашања од минатото во целиот регон со почитување на принципите на меѓународното право и јакнење на добрососедството. Во овој контекст успешната регионална соработка манифестрана преку активностите во регионалните организации и иницијатви е уште една потврда за европеизирање на Македонија и Србија, и за европеизирање и развој на нашиот регион, рече Груевски.

Двајцата премиери, јави известуваот на МИА, се согласија дека политичката соработка претставува одлична основа за надградување на економската соработка, пред се во однос на заеднички настап на трети пазари, на полето на инфраструктурата, образованието, земјоделството.

- Дефиниравме конкретни предлози и иницијативи на кои ќе работиме во претстојниот период, а од кои корист ќе имаат граѓаните на двете држави, рече Груевски.

Српскиот владин тим на седницата даде позитивна оценка за македонската економија, за спроведените реформи, пред се дека овој владин состав предводен од премиерот Груевски успешно менаџира во сферата со светската економска криза. Побарано е наше искуство за регулатоната гилотиња, за мерката за драстично скратување на процедурите за одобрение за градење, за спречување даночна евазија....

- Од македонската економија можат да се црпат ммногу искуства и да се пренесат во Србија, рече Дачиќ.

Двајцата премиери изразија задоволство од одржувањето на заедничката седница на двете влади која, како што оценија, поминала во конструктивна и пријателска атмосфера.

- Со тоа покажуваме дека и натаму сме приврзани за унапредување на билатералните односи на сите нивоа. Подготвени сме и би се радувале доколку би се прифатиле иницијативите да се обидеме да ги сублимираме нашите заеднички интереси како што тоа го прават другите региони, како Скандинавија, Балтичките земји.., рече Дачиќ.

Според премиерот Груевски, оваа седница е уште еден доказ за квалитетот на односите и соработката на Македонија и Србија, периоди, како што рече, на заедничко минато и заедничка иднина на нашите народи.

Во однос на економската соработка премиерите Груевски и Дачиќ сметаат дека треба да се унапредат односите и во сферата на инфраструктурата, да се заврши Коридорот 10, заеднички настап пред ИПА фондовите за крупни инфраструктурни проекти и заеднички настап со проекти во сферата на туризмот. Потребно е унапредување и на односите во сферата на енергетиката, но и во образованието, здравството, внатрешните работи, министерствата за внатрешни работи да воспостават контакт центар за полициска соработка на Табановце...

- Мораме да вложиме напори да ги решаваме и другите важни теми на начин како што тоа го прават пријателски земји, рече Дачиќ, притоа најавувајќи активирање на работата на заеднички комииси, пред се за економска соработка, но и за национални малцинства.

Во однос на единственото отворено прашање меѓу двете земји, спорот меѓу СПЦ и МПЦ, српскиот премиер рече дека двете држави треба да помогнат во создавањето атмосфера за црквите да седнат и да го решат.

- Како што денеска во Ниш се слават 17 века од Миланскиот едикт, би сакал нашите две православни цркви да пристапат кон затворање на единственото отворено прашање помеѓу двете земји при што взаемните односи ќе послужат за пример во целиот регион, истакна премиерот Груевски во однос на ова прашање.

Во зависност од точките на расправа, на седницата присуствуваа министрите од соодветните ресори, а не комплетните владини состави. Од македонска страна, покрај премиерот Груевски, присуствува вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Попоски и Гордана Јанкулоска, министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов, за информатичко општество Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиески, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Пред седницата се одржаа повеќе билатерални средби на министрите. Премиерот и министер за внатрешни работи на Србија Дачиќ и министерката Јанкулоска потпишаа протокол помеѓу двете министерства за соработка во текот на претстојната туристичка сезона, а министерот Тодоров со својата колешка Славица Ѓукиќ Дејановиќ потпиша меморандум за соработка во областа на здравството и медицинските науки.

Седницата на македонската и српската влада е резултат на договорот меѓу двајцата премиери Груевски и Дачиќ од средбата во јануари во Скопје, кога порачаа дека би била дополнителен импулс во развојот на односите меѓу Македонија и Србија.

Вакви иницијативи за заеднички владини седници Македонија има испратено и до властите во Бугарија, Албанија и Косово, на што, како што истакнуваат од Владата, има позитивни реакции, но се уште нема договорен термин.

Српската Влада најекспедитивно одговорила бидејќи има големо искуство во одржување заеднички седници со други влади.

Средба на премиерот Груевски со српскиот претседател Николиќ

Премиерот Никола Груевски попладнево во Белград оствари средба со српскиот претседател Томислав Николиќ, на која ги истакнале добрите односи меѓу двете земји.

На средбата, Николиќ, јави известувачот на МИА, уште еднаш нагласил дека стабилноста на регионот на ЈИЕ е еден од приоритетите на политиката што ја води државниот врв на Србија и изразил очекување дека Србија кон крајот на јуни ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Притоа, изразил надеж дека Македонија успешно ќе ги заврши евроинтеграциите.

Груевски истакнал дека односите меѓу Македонија и Србија се на високо ниво и укажал на потребата тие и натаму да се унапредуваат, пред се на економски план. Тој нагласил дека и Македонија и Србија ги исполниле сите критериуми за почеток на преговори со ЕУ и дека двете земји треба да соработуваат во текот на тој процес.

Груевски на потпишување на Националната стратегија на македонското малцинство во Србија.

Премиерот Никола Груевски попладнево во Македонската амбасада во Белград присуствуваше на потпишувањето на Националната стратегија на македонското малцинство во Србија, во која се наведени насоки на политичкото и културното дејствување на Македонците во Србија во наредните 10 години.

Стратегијата, јави известувачот на МИА, ја потпишаа претседателите на трите столба на Македонците во Србија - државниот Македонски национален совет, Демократската партија на Македонците во Србија и невладиниот Сојуз на македонските асоцијации, Борче Величковски, Миле Спировски и Стево Србиновски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај



На специална церемония Стойко Стойков

ОФИЦИАЛНО ПОЛУЧИ ТИТЛАТА “ДОКТОР НА ИСТОРИЧЕСКИТЕ НАУКИ”

На 12 юни т.г. в тържествената зала на ректората на университета „Св. Кирил и Методий” в Скопие зам-редакторът на вестник “Народна воля” Стойко Стойков на специална церемония получи докторската си диплома, с което вече съвсем официално получава титлата „Доктор на историческите науки”. Както “Народна воля” вече писа, Стойков защити докторантура на 17 януари тази година. На церемонията бяха номинирани 13 нови доктори на науките. Стойков бе представен от декана на Философския факултет - проф. д-р Горан Айдински, а дипломата му бе връчена от ректора на университета д-р Велимир Стойковски. На церемонията присъстваха членове на семейството и приятели.



Както вече вестник “Народна воля” съобщи, подготвя се сборник с материали (документи и спомени) на македонци, пострадали по времето на комунизма. Ако решите да оставите в историята болката си от това, че сте били и сте македонци, обадете се на телефон 0887975531, за да научите как да бъдете включени в книгата. Тя вече се оформя. Побързайте!

От съставителя на сборника


Нова книга



Излизе от печат дългоочакваното издание на спомените на известния анархист революционер и борец за освобождението на Македония Петър Манджуков -
“Предвестници на бурята”
Той е един от групата на легендарните „гемиджии“ - солунските атентатори, организирали най-големия на Балканите акт срещу символите на турския и европейския империализъм през пролетта на 1903 г. Манджуков е увлекателен разказвач, оставил безценни свидетелства за времето, културата, политиката, хората и техните борби.
Спомените си Манджуков пише между 1946 и 1959 година. По-късно той ги изпраща нелегално в Париж.
Книгата е с формат: 165 х 235 мм, с 603 страници и струва 15 лева.

За контакти: в-к. “Народна воля”, тел: (073) 88 63 36.



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting