Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Валентина Нестор, носител на листата за Корчанскиот регион

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ВО АЛБАНИЈА СО СВОИ ЛИСТИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

(Преземено од "Дневник")


Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на престојните парламентарни избори кој ќе се одржат на 23 јуни 2013 година ќе настапи со своја листи со 86 кандидати во 12 изборни региони.

На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Демократската партија на Сали Бериша и главна цел на Македонска алијанса на овие избори е освојување на барем едно пратеничко место.

Најголеми шанси за освојување на пратеничко место Македонската партија има во округот на Корча, кој ги опфаќа областа Мала Преспа и градовите Поградец, Корча и Билишта. Од Македонската партија ќе се борат да излезат втори во коалицијата предводна од Демократската партија во Корчанскиот регион и имаат реални шанси за освојување на пратеник.

Во Корчанскиот регион Македонска алијанса за европска интеграција ја кандидира за носител на листата Валентина Нестор, доктор на науки и лектор по македонски јазик во Универзитетот во Тирана, како и автор на повеќе научни дела.

“На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција излегува во сите 12 изборни региони со свои листи со 86 кандидати Македонци од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, додека партијата со својата кампања ќе се сконцентрира во шест региони каде се сконцентрирани Македонците во Албанија и тоа во регионите: Корча, Тирана, Елбасан, Пешкопија, Кукс и Драч”, изјави Васил Стерјовски, Генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција.

На овие избори ќе учествуваат две коалиции, Демократската партија на Сали Бериша ја предводи коалицијата “Алијанса за работа, благосостојба и интеграција” која ја сочинуваат 25 партии, додека Социјалистичката партија на Еди Рама ја предводи коалицијата “Алијанса за европска Албанија”, сочинета од 37 партии.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


IN MEMОRIAM



ДИМИТЪР МОСКОВ

На 01.05.2013 г. след краткотрайно боледуване в град Стамболийски почина Димитър Москов (роден през 1947 г.) - основател и активен деец на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Димитър Москов бе член на ЦС на партията и като такъв се открояваше със своята активност, борбеност, инициативност и силен дух във всички мероприятия на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Разпространяваше вестник „Народна воля”, „Македонски глас“ и македонска литература сред македонците в Пловдивско. Ранната му кончина е голяма загуба за неговото семейство, приятелите и за македонската кауза в България.
Отиде си един забележителен човек, патриот и приятел. Ние винаги ще помним неговите дела! Вечна му памет!

От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден“-ПИРИН и редколегията на в. „Народна вола”


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting