Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Коментар

НЕ СОЗДАВАМЕ НЕПРИЈАТЕЛ ОД БУГАРИЈА, ТУКУ ТАА ПОДЛО СЕ ОБИДУВА ДА ЌАРИ

(Преземено од МКД)


Во Утрински весник (4 мај), во колумна на Ѓорѓи Спасов, под наслов „Создаваме непријател и од Бугарија“, беа широко елаборирани тези кои апсолутно не држат вода бидејќи вината за лошите односи со Софија воопшто не е во Скопје.

Еве, нека биде вината и кај нас, ај да бидеме широкогради, ама тоа не може да премине ни - пет проценти. Другите 95 се од другата страна на источната граница. Ние само се обидуваме да го одбраниме нашето универзално право да останеме тоа што сме. Бараме само свое место под сонцето, кое им е гарантирано на сите. Не ја загрозуваме Бугарија и не им ја крадеме историјата. Ќе ги славиме заедно сите настани и личности, кои на каков било начин не поврзуваат, само откако ќе сфатат и прифатат дека ние сме Македонци. Е, ама Софија не смета за неосвестени „Бугари“, кои зборуваат дијалект на нивниот јазик и прават се да не – освестат. Да се вратиме во стадото. Притоа не бираат средства. Сакаат заедно да славиме, сите како – Бугари.

Може да се дискутира дали изјавата на министерот Попоски е целесообразна во дадениот момент? Тој рекол, како свое лично мислење, дека договорот за пријателство и соработка со Бугарија, не е неопходен. Како прво, тој е министер и „своето лично мислење“ треба да си го чува за себе. Како второ, логично е да се претпостави дека тоа беше порака намерно упатена до Софија, завиена во „лична форма“. Во стилот – ти кажувам, ќерко, слушај снао. Веројатно, Попоски ни даде ишарет дека преговорите околу новиот договор на кој инсистира Бугарија - се заглавени и без излез, што беше сосема за очекување.

Веднаш, впрочем, сите би требало да си го поставиме прашањето – а зошто инсистираат Бугарите на договорот како услов да не „пуштат“ кон членство во ЕУ? За сеир? За да исполнат некоја норма на потпишани договори? Или, едноставно, зад тоа мора да се крие некој сериозен интерес.

На времето, во Југославија, имаше политички виц – Мугабе, не доаѓа џабе.

Бугарија прва ја призна независна Македонија, што беше исклучително важно за земјата. Ама Софија тука застана. Не воспостави веднаш дипломатски односи и не испрати прва амбасадор. Чекаше дали поинаку ќе може повеќе да ќари. Се воспоставија и дипломатски односи и за амбасадор испратија - историчар! Не дипломат! На официјална средба во Софија, некаде на крајот на 1992 или почетокот на 1993, кога како прва делегација од нашето МНР отидовме во посета на Бугарија, во полу шега им беше порачано дека, ако навистина сакаат да градат соработка со Македонија, амбасадорот требаше да биде футурист, а не историчар. Да копа по рани.

Односите долго стагнираа. Беа подготвени 22 договори кои чекаа бидејќи, вообичаено, тие се потпишуваат на двата јазици. Арно ама, за Софија беше неприфатливо во нив да стои непостоечки (македонски) јазик. Продор беше направен во 1999, кога беше потпишана, сега познатата, Декларација за соработка и пријателство. Носител на проектот беше заменик државниот секретар на САД, Строуб Талбот.

Резултат на американското мешање се незамисливите македонски стратегиски отстапки. Дадена е согласност македонскиот јазик да биде девалвиран и да се третира како - измислен. Декларацијата е, според текстот, потпишана „на соодветните официјални јазици на двете земји, на бугарски, според терминот користен во бугарскиот Устав и на македонски, според терминот од Уставот на Република Македонија“. Доколку македонскиот јазик не беше оспоруван, формулацијата немаше да има значење (ама, немаше да биде ниту потребна!). Во дадените услови таа треба да потврди дека македонскиот јазик не е автохтон, и дека произлегува од Уставот. А уставите, нели, се менуваат.

Целта на Софија, која сега сака да ја овековечи во новиот договор, е да покаже дека македонски јазик – нема. Дека такво нешто (може да) се користи само локално, во земјата! (Истото сакаат да ни го направат и со името, преку безобразната манипулација дека ќе се менувала само референцата, за користење надвор од земјата, а името ќе ни остане само за по дома. Поголема потврда дека се работи за исто сценарио и во двата случаи, и од каде тоа доаѓа - здравје).

Значи, Софија сака по секоја цена да се верификува Декларацијата, која нема поголема тежина (не се ратификува во парламентите, на пример) со договор кој би давал поголема гаранција дека при приемот во ЕУ, македонскиот јазик би бил регистриран со истата формула. Така, во Унијата, ќе има француски, бугарски, хрватски... и „македонски јазик според Уставот...“. Сите нормални, нашиот - вештачки.

Нашата втора стратегиска отстапка во Декларацијата е фактичното откажување од македонското малцинство во Бугарија. Обидот е и тоа да се потврди на повисоко ниво.

Сегашниот привремен премиер, кој тогаш ги водел преговорите со Македонија за Декларацијата, Марин Рајков, после потпишувањето изјавил – „постигнавме повеќе отколку што очекувавме“. Требало да каже - Thank you USA!

На Софија и е кристално јасно дека ако Македонија влезе во ЕУ, дури и со референцата, и ако таму се запише македонскиот јазик како таков, се што трубеа 150 и повеќе години, дека не нема, дека сме виртуелни, и дека сме „Бугари“, ќе падне во вода. Ќе биде бесмислено. Се, во што вложија огромен капитал, во период од скоро два века, ќе стане класична заблуда и ќе отиде на буништето на историјата. Е, тоа никој во Софија не е спремен да го прифати. Тоа би било крај на една бесмислена измама со која пораснаа безбројни генерации Бугари.

Во тоа е проблемот со Бугарија. Не во нашата политика и изјавата на Попоски. Бугарија ќе биде се посериозна пречка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ, доколку не се откажеме и од себе и од јазикот. Грција на тоа одамна сметаше и со нетрпение го чекаше декември 2012. Прашањето беше само кога Бугарија ќе се појави, не дали.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


IN MEMОRIAM



ДИМИТЪР МОСКОВ

На 01.05.2013 г. след краткотрайно боледуване в град Стамболийски почина Димитър Москов (роден през 1947 г.) - основател и активен деец на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Димитър Москов бе член на ЦС на партията и като такъв се открояваше със своята активност, борбеност, инициативност и силен дух във всички мероприятия на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Разпространяваше вестник „Народна воля”, „Македонски глас“ и македонска литература сред македонците в Пловдивско. Ранната му кончина е голяма загуба за неговото семейство, приятелите и за македонската кауза в България.
Отиде си един забележителен човек, патриот и приятел. Ние винаги ще помним неговите дела! Вечна му памет!

От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден“-ПИРИН и редколегията на в. „Народна вола”



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting