Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Бугарски новинар Христо Казашки ќе бара македонско државјанство

ЈА ПРИЗНАВАМЕ МАКЕДОНИЈА КАКО ДРЖАВА, ДОЛЖНИ СМЕ ДА ГИ ПРИЗНАЕМЕ И ЈАЗИКОТ И НАРОДОТ

(Преземено од МИА)


Пловдивскиот новинар обвинува дека мал дел од бугарските политичари и историчари ниту пред 24 години ниту сега не можат да се ослободат од политичкото слепило и да признаат дека во светот нема суверена држава без свој јазик, историја, култура и народ.

Незадоволен од моменталната политичка состојба во Бугарија пловдивскиот новинар Христо Казашки најави дека на 28 мај официјално ќе побара македонско државјанство. Образложува дека на претстојните парламентарни избори бугарската партија ГЕРБ по цена на сите дозволени и недозволени средства ќе се обиде повторно да стане прва политичка сила, а се одлучил токму да стане македонски државјанин, бидејќи е ослободен од слепилото за негирање на македонскиот идентитет.

"Пред повеќе од дваесет години Бугарија со тогашниот претседател Жељо Желев беше меѓу првите земји кои ја признаа независноста на Република Македонија, но откако бугарските државници ја признале државата, должни се да ја признаат и нејзината култура, нација и јазик. Тоа го бараат историско-политичките реалности, бидејќи државноста и јазикот се една целина", вели пловдивскиот новинар Христо Казашки во текстот испратен до ВЕЧЕР.

Тој обвинува дека мал дел од бугарските политичари и историчари ниту пред 24 години ниту сега не можат да се ослободат од политичкото слепило и да признаат дека во светот нема суверена држава без свој јазик, историја, култура и народ!

"И да бидам докрај искрен, тука е местото да споделам дека сум израснал во Северозападна Бугарија, Врачанската област. И покојните родители се исто така од овој регион, а со сигурност може да се тврди дека во Врачанскиот крај луѓето не се со македонски корен. Но, како граѓанин со отворена и фер позиција и најмногу како новинар не можам, не се соочам со вековните историски податоци. Моето цврсто решение да побарам македонско државјанство ќе биде мојот крик и повик кон сегашните и идни управници на Бугарија, да се опаметат и да помислат и на т.н. "електорат", кој се топи како снег во сончево време. Дури и во Македонија, која не е членка на ЕУ, со свои очи се уверив, се живее подобро отколку во Бугарија", вели во текстот Казашки.

Казашки и порано пишуваше дека антимакедонизмот на Софија им штети на односите со Македонија. Тој смета дека премногу страсти, емоции и омраза, особено од бугарска страна, а премалку толеранција, разбирање и прифаќање на различните искуства ги нишаат македонско-бугарските односи. И покрај изјавите на голем број бугарски културни дејци, меѓу кои и Љубомир Левчев, кои тврдат дека непобитен е фактот за постоењето на македонската нација и јазик, во Бугарија многумина, кои себеси се нарекуваат патриоти, не ја прифаќаат реалноста и со својот антимакедонизам им штетат на македонско-бугарските односи, пишуваше Казашки. Тој и порано советуваше дека колку и тоа на некои луѓе во Бугарија да не им се допаѓа, најдобро за македонско-бугарските односи е да се прифати реалноста дека постои македонска држава, македонски етнос и македонски јазик. Со директно или индиректно безусловно барање луѓето во Република Македонија да бидат нарекувани Бугари, сериозно загрижува дека билатералните проблеми ќе се зголемуваат, а нема да се намалуваат, предупредува пловдивскиот новинар Христо Казашки.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


IN MEMОRIAM



ДИМИТЪР МОСКОВ

На 01.05.2013 г. след краткотрайно боледуване в град Стамболийски почина Димитър Москов (роден през 1947 г.) - основател и активен деец на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Димитър Москов бе член на ЦС на партията и като такъв се открояваше със своята активност, борбеност, инициативност и силен дух във всички мероприятия на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Разпространяваше вестник „Народна воля”, „Македонски глас“ и македонска литература сред македонците в Пловдивско. Ранната му кончина е голяма загуба за неговото семейство, приятелите и за македонската кауза в България.
Отиде си един забележителен човек, патриот и приятел. Ние винаги ще помним неговите дела! Вечна му памет!

От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден“-ПИРИН и редколегията на в. „Народна вола”



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting