Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Битка за нашиот идентитет

ЗАСИЛЕНА МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈА НА НАШАТА КУЛТУРА

(Преземено од "Дневник")


Во време на глобализација, ако ве нема во светот, ве нема ни дома. Радува напорот да нé има, што засилено нé има надвор, дури и агресивно. Тоа е најдобар начин за битка за нашиот идентитет, рече писателот Венко Андоновски на промоцијата на меѓународната програма на Министерството за култура до крајот на годинава.

Тој наскоро ќе има промоција во KИЦ во Софија, а неколку проекти за истиот културен простор најави и директорката на Националната галерија, Халиде Палоши. Меѓународната презентација е еден од нашите приоритети, истакна министерката Елизабета Kанческа-Милевска.

По повод 24 Мај, во базиликата „Сан Џовани деи Фиорентини“ во Рим ќе настапи хорот „Св. Kлимент Охридски“, а актерот Петар Темелковски ќе ја изведе монодрамата „Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш, на Прилепскиот театар. Темелковски нагласи дека годинава се одбележуваат 1.150 години од Моравската мисија на браќата Kирил и Методиј, а светот одбележува 1.700 години од донесувањето на Миланскиот едикт, документ со кој било признаено правото на вероисповед.

Еден од поважните настапи ќе биде на ансамблот „Танец“, кој задутре ќе настапи во „Kонцертхаус“ во Стокхолм, каде што се доделува Нобеловата награда. Оттаму велат дека концертот веќе бил распродаден. „Танец“ ќе настапи и во Австрија и во Хрватска.

Нашиот Балет ќе учествува на франкофонски фестивал со балетот „Паралели“ на Искра Шукарова, а Операта наесен ќе гостува во Џакарта, Индонезија, по повод 20 години од воспоставувањето билатерална соработка меѓу двете држави.

За библиотеката „Св.Kлимент Охридски“ нашето претставување на Саемот во Белград во октомври е еден од приоритетите. Најавена е и соработка со Турција за дигитализација на наше културно наследство.

Еден од поголемите успеси на репродуктивните уметници од земјава е освојувањето на Гран при на виолистот Александар Јордановски во Израел, со изведба на композиција од Живојин Глишиќ. Театарот „Kомедија“ успешно настапил во Трабзон, а викендов ќе оди на фестивал во Мостар.

Директорот на Центарот за фотографија, Роберт Јанкулоски, најави голема изложба на 50-ина фотографии на неколку наши автори, која треба да биде отворена на 3 јули во галеријата „МЦ“ во Македонскиот културен центар во Њујорк.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


IN MEMОRIAM



ДИМИТЪР МОСКОВ

На 01.05.2013 г. след краткотрайно боледуване в град Стамболийски почина Димитър Москов (роден през 1947 г.) - основател и активен деец на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Димитър Москов бе член на ЦС на партията и като такъв се открояваше със своята активност, борбеност, инициативност и силен дух във всички мероприятия на ОМО „Илинден” - ПИРИН. Разпространяваше вестник „Народна воля”, „Македонски глас“ и македонска литература сред македонците в Пловдивско. Ранната му кончина е голяма загуба за неговото семейство, приятелите и за македонската кауза в България.
Отиде си един забележителен човек, патриот и приятел. Ние винаги ще помним неговите дела! Вечна му памет!

От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден“-ПИРИН и редколегията на в. „Народна вола”



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting