Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Втор конгрес на партијата на македонците во Албанија

ЕДМОНД ТЕМЕЛКО ОДНОВО Е ИЗБРАН ЗА ЛИДЕР

(Преземено од Дневник)


Партијата на Македонците во Албанија - Македонска Алијанса за Европски Интеграции (МАЕИ) во Тирана го оджа својот втор конгрес, со учество на 140 делегати од сите градови рурални средини каде што живеат Македонци во Албанија.

На конгресот на кој присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Веле Трпевски, потоа претставници на Семакедонскиот конгрес, Македонската Алијанса во Македонија, како и претставници на Македонските здруженија од Албанија, Бугарија, Грција и од Македонија, едногласно повторно за претседател на партијата бе избран Едмонд Темелко градоначелник на Пустец. Темелко партијата ќе ја раководи во наредните четири години, а е избран и нов комитет на партијата.

Темелко на Конгресот на кој учествуваа и претставници на ОБСЕ нагласи дека многу е битно Македонците да се обединат и политички. Тој побара особено обединување пред престојните парламентарни избори во Албанија кои ќе се одржат во јуни годинава, на кои ќе учествува и МАЕИ.

„Само обединети можеме да имаме наши претставници во албанското Собрание“ рече Темелко, бидејќи „таму во законодавниот дом најдобро се бараат правата кои ни следат“.

МАЕИ ќе одлучи со кого ќе коалицира на престојните парламантарни избори. Пред четири години партијата на Македонците коалицираше со Демократската партија на Сали Бериша, но сега, барем според онаа што го тврдат партиски извори постојат повеќе можности партијата да колицира со социјалистите на Еди Рама.

Темелко го информираше конгресот и за разговорите на партијата на Македонците со властите во Тирана но и со меѓународниот фактор со цел Македонците да ги добијат сите права што им следат во Албанија во согласност со меѓународните конвенции, а кои во моментов ги немаат.

На Конгресот говореа и претставници на Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и други градови на Албанија кои нагласија дека владата во Тирана треба да овозможи настава на македонски јазик во сите делови од земјата каде има Македонци. Исто така е побарано и информирање на македонски јазик, како и поголема застапеност на Македонците во институциите на власта на локално и централно ниво.

Дел од дискутантите упатија критики на адреса на премиерот Сали Бериша за националистичката реторика која ја користел за време на одбележувањето на 100 годишнината од албанската држава.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


110 години от героичната гибел на големия син на Македония Гоце Делчев
АПОСТОЛ НА МАКЕДОНСКАТА СВОБОДА
На 4 май 1903 година край село Баница в сражение с турския аскер загива Гоце Делчев - титанът на македонското националноосвободително движение. Той е човек, който заема най-свидно място в народните сърца. Животът му и до днес е символ на пълно себеотдаване, на най-висок патриотизъм, нравствена чистота и човеколюбие.

С неговата смърт Македония загубва най-активния си и непримирим ръководител и голям войвода, превърнал се в легенда. За Гоце македонският народ създаде много и много песни, чрез които му изгради вечен паметник в душите на македонските генерации, и той остана завинаги в историята на Македония.


Катерина Трайкова-Нурджиева

IN MEMОRIAM



ИВАН ГЕОРГИЕВ

На 28. ХI. 2012 година почина Иван Младенов Георгиев, роден на 15.Х. 1956 година в село Полена, Благоевградско. Един от първите членове на ОМО „Илинден” – ПИРИН в село Полена. Активно участва във всички мероприятия на партията.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” заедно с всички членове на партията и читателите на вестника споделят болката на близките на починалия по повод 6 месеца от смъртта му!

 
Македонска народна песна

АКО УМРАМ, ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Еј верни другари
песна запејте
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting