Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Коментар

ОСПОРУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ДОЗВОЛУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

(Преземено од МКД)


Клучот на проблемот е што името е само покритие за разнебитување на македонскиот народ и негово бришење од светската листа на народи, заедно со се што е изворно македонско. Или, поточно, затворање на „Македонското прашање“.
Само откако тоа ќе се разбере, може да се сфати позицијата на Македонија и нејзината борба за опстанок и на народот, и на државата. За Македонците, прашањето за името на државата е прашање да се биде или не. Без Македонци, оваа држава не е потребна. Во такви услови – нема, ниту може да има втора опција, освен да се издржи. Токму затоа, во никој случај, Македонија не смее да попушти и да се прекрсти.
Суштината лежи во фактот што и Атина и Софија - а) оспоруваат дека сме Македонци, а сме со векови; б) не прифаќаат дека зборуваме македонски јазик, а со генерации е така; в) игнорираат дека пееме македонски песни; г) дека раскажуваме македонски приказни, легенди, митови; д) дека имаме свои традиционални носии, обичаи... а така било од памтивек; ѓ) не ги признаваат и мртвите, и гробиштата во кои, сепак, се закопани, пак - Македонци...
За Атина, барем начелно, не е спорно дека сме ние посебен народ. Нив им пречи само тоа што сме - Македонци. Да бевме Вардарци, Преспанци..., Кинези..., Ујгури... и да зборувавме ресенски, скопски, турски, свахили... името на државата немаше да биде проблем. Им пречи македонскиот национален идентитет на народот. Тоа, покрај другото, имплицира и македонско малцинство кај нив, кое Атина не го признава и долги години го има изложено на вистински геноцид. За разлика од почетокот, тие веќе не кријат дека целта е да се збрише македонскиот народ. И да не го разбираат сето тоа Вашингтон и Брисел, а се им е јасно, поддршката која отворено, и безусловно и ја даваат на Грција е историски срам и за нив, и за НАТО, и за ЕУ.
За да ја постигне целта, Грција измисли преку 2,5 милиони „Македонци“ и сега тврди дека други, надвор од нивната земја - нема. Се би било во ред ама – а) тие немаат македонска национална свест, туку грчка; б) тие не зборуваат македонски јазик, туку грчки; в) ги нема во ниту еден попис како такви, а не се споменуваат ниту во државните документи; г) ако ги прашате на улица што се, сите ќе ви одговорат – Грци.
Во основата, тоа е изразување на регионална припадност бидејќи, не е спорно, и Грција има дел од географскиот регион Македонија. Тој претставува 23,9 проценти од нејзината вкупна територија. За разлика од неа, Република Македонија е целосно сместена во истоимениот регион.
А кога меѓународни експерти, како пред некоја година МакДугал, испратена од ООН, ќе констатираат дека во Грција има обесправено македонско малцинство, со сите потребни национални обележја, од јазик, до..., Атина молчи и не реагира. Глуми недоветност и продолжува со старите излитени тези и надживеани политики. Инсистира вистинските Македонци да се откажат од самите себе, за нејзините, виртуелните, да го заземат нивното место на светската сцена. За неверување, таквата нејзина политика, има широка меѓународна поддршка.
Зошто Вашингтон и Брисел, кои секојдневно ни зборуваат за владеењето на правото, за демократија и слични марифети, не прифаќаат апсолутна вистина, каква што е нашето постоење?
Ако е за Грција и нејзините важни сојузници, навистина проблем беше само името на државата и нејзините евентуални „иредентистички претпоставки“ (отфрлени од Бадентеровата комисија), без оглед дали тоа, нели, симболизира некаков антички бренд, ќе се најдеше прифатливо решение. Ама, да го жртвува народот, не може да прифати никој нормален во Македонија.
Немаше да има никакви недоразбирања ниту со Бугарија, доколку навистина само измешаната историја ги обременуваше односите и носеше недобрососедство. Од наша страна, се разбира. Неоспорно е дека, немајќи долго своја национална држава, голем број од највидните македонски дејци живееле и работеле во Софија и низ цела Бугарија. Јазиците се блиски, традициите исто така. Некои од нив (Вапцаров...) дури на бугарски создавале и врвни дела, иако не беа Бугари. Ако во тоа беше проблемот, немаше да има никакви пречки, тој брзо да се реши и сите историски настани и личности, кои на било каков начин се поврзуваат со двете земји, заедно да се слават.
Клучот е во фактот што Бугарија смета дека Македонците се „неосвестени“ Бугари, иако такви - нема; дека зборуваат бугарски дијалект, што не е точно. Самобитноста на македонскиот јазик е докажана и од голем број лингвисти од целиот свет. Македонските корени се бугарски - нема врска со вистината. Дедото покоен, додека бевме деца, ни нагласуваше дека и татко му, и дедо му биле Македонци. Зашто би не лажел? Тој беше роден во 1867 година, а дедо му најдоцна некаде околу 1820-та. Пред 200 години.
Според бугарскиот синдром, се што е сврзано со Македонците е – историски фалсификат! Тие се, демек, измислица на Коминтерната, или на Тито. Колку да биле тие важни и моќни, да „креираат“ цел народ, сепак, не можеле. Народот или постои, или не. Трето нема. А Македонците се тука – со векови. Само „слепите“ не ги гледаат, и „глувите“ не ги слушаат. Тие што размислуваат политички, а не генетички. За сите други не треба да има проблеми да ги прифатат такви какви што се.
И така, со својата нецивилизирана и срамна игноранција на Македонците како народ, Бугарите се добри соседи, ама Македонците не се! И Европа тоа го проголтува! Тоа е класична замена на тезите. Арамијата вика – држете го крадецот, и Брисел се втрчува со сите сили да го фати! Аферим.
Впрочем, еве, Бугарите нека бидат и во право. Арно ама, како може „неосвестен“, да биде виновен за нешто? На таквите, нели, се им се простува? Одговорноста може да биде само Господова.
Поради сето наведено, Македонија нема никаков маневарски простор да прифати каква било промена на името на државата. За никакво користење. Што поскоро тоа го разберат Вашингтон и Брисел, тоа поарно. И за Македонија, и за нив, и за регионот. Своето име, државата не го добила од истоимениот регион, туку од македонскиот народ. Тоа е папочната врска која по никоја цена не смее да се прекине. Поради анализираните причини, и опишаните услови, проблемот останува непремостлив. Прекрстувањето ќе значи фрлање на Македонците на буништето од историјата.
Просторот не дозволува да се елаборираат и албанските иредентистички аспирации кон делови од земјата, кои се додатен аргумент дека Македонија, по никоја цена, не смее да го менува името.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


110 години от героичната гибел на големия син на Македония Гоце Делчев
АПОСТОЛ НА МАКЕДОНСКАТА СВОБОДА
На 4 май 1903 година край село Баница в сражение с турския аскер загива Гоце Делчев - титанът на македонското националноосвободително движение. Той е човек, който заема най-свидно място в народните сърца. Животът му и до днес е символ на пълно себеотдаване, на най-висок патриотизъм, нравствена чистота и човеколюбие.

С неговата смърт Македония загубва най-активния си и непримирим ръководител и голям войвода, превърнал се в легенда. За Гоце македонският народ създаде много и много песни, чрез които му изгради вечен паметник в душите на македонските генерации, и той остана завинаги в историята на Македония.


Катерина Трайкова-Нурджиева

IN MEMОRIAM



ИВАН ГЕОРГИЕВ

На 28. ХI. 2012 година почина Иван Младенов Георгиев, роден на 15.Х. 1956 година в село Полена, Благоевградско. Един от първите членове на ОМО „Илинден” – ПИРИН в село Полена. Активно участва във всички мероприятия на партията.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” заедно с всички членове на партията и читателите на вестника споделят болката на близките на починалия по повод 6 месеца от смъртта му!

 
Македонска народна песна

АКО УМРАМ, ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Еј верни другари
песна запејте
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting