Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖИ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ

(Преземено од МИМ)


Единствено нешто што Македонија сега го заслужува е датум за почеток на преговори. Единствено ЕУ што треба да го стори е да ни го даде тој датум што ни припаѓа, кој е одработен и заслужен, изјави претседателот Ѓорге Иванов денеска во Истанбул по предавањето на Правниот факултет на Истанбулскиот универзитет на тема „Процесот на зачленување во ЕУ, од перспектива на демократијата на човековите права“.

Според него, ЕУ тоа треба да го стори за да може кредибилитетот на европските интеграции да добие на тежина и за да можат сите европски стандарди и принципи да важат и за македонските граѓани.
- Постојано ја повторувам таа мисла дека ако во Европа се уморни од проширување, ние на Балканот сме уморни од чекање, истакна претседателот Иванов, додавајќи дека тоа е одговорност и на Брисел и на сите што се вклучени во овој процес.

Обракајќи се пред магистранти и докторанти на Универзитетот во Истанбул, шефот на македонската држава рече дека европскиот континент е обединет, останува сега Балканот и Турција да се интегрираат.
- Сите треба да се прилагодуваат кон европското право, рече претседателот Иванов додавајќи дека процесот на проширување е различен за секоја земја и се усложнува со барање за исполнување дополнителни критериуми.

Одговарајќи на прашање за евроинтеграцискиот процес на Македонија, Иванов рече дека земјата се наоѓа во состојба на статус кво.
- Се додека одредени постари членки ја злоупотребуваат својата позиција во Унијата, тоа се смета за уцена. Ние сме уценети, истакна претседателот Иванов.

Со предавањето на Универзитетот, македонскиот претседател ја започна тридневната посета на Истанбул каде што ќе учествува на 16. Евроазиски економски самит во организација на Фондацијата Мармара.

Според програмата, претседателот Иванов утре ќе има поздравно обраќање на отворањето на Самитот на тема „Закани и можности во Евроазија“, а ќе се обрати и на сесијата на претседателите на тема „Униполарен свет или мултиполарен свет“, предвидена за четврток.

На Самитот Мармара најавено е присуството на претставници од 42 земји во светот, меѓу кои петмина претседатели на држави, четворица претседатели на парламенти, еден премиер, осум поранешни претседатели на држави, дваесет и двајца министри и други видни личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедницата.

Ова е четврто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум на Мармара фондацијата, кој секоја година се организира од 1998.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


110 години от героичната гибел на големия син на Македония Гоце Делчев
АПОСТОЛ НА МАКЕДОНСКАТА СВОБОДА
На 4 май 1903 година край село Баница в сражение с турския аскер загива Гоце Делчев - титанът на македонското националноосвободително движение. Той е човек, който заема най-свидно място в народните сърца. Животът му и до днес е символ на пълно себеотдаване, на най-висок патриотизъм, нравствена чистота и човеколюбие.

С неговата смърт Македония загубва най-активния си и непримирим ръководител и голям войвода, превърнал се в легенда. За Гоце македонският народ създаде много и много песни, чрез които му изгради вечен паметник в душите на македонските генерации, и той остана завинаги в историята на Македония.


Катерина Трайкова-Нурджиева

IN MEMОRIAM



ИВАН ГЕОРГИЕВ

На 28. ХI. 2012 година почина Иван Младенов Георгиев, роден на 15.Х. 1956 година в село Полена, Благоевградско. Един от първите членове на ОМО „Илинден” – ПИРИН в село Полена. Активно участва във всички мероприятия на партията.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” заедно с всички членове на партията и читателите на вестника споделят болката на близките на починалия по повод 6 месеца от смъртта му!

 
Македонска народна песна

АКО УМРАМ, ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Еј верни другари
песна запејте
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting