Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Едиторијал

АЛБАНСКА ЛЕКЦИЈА ЗА ГРЦИЈА

Дарко Јаневски


Изгледа дека на Балканот е судено земјите што чекаат пред бриселските порти тука и таму да му држат лекции на истиот тој Брисел за човековите права. Албанија, една од најсиромашните држави во Европа, која допрва треба да се занимава со дребoлии какви што се преговорите за членство во Унијата, пред два дена го дозволи користењето на македонските топоними во Пустец.
Гледано од наш аспект, од аспект на нашиот Рамковен договор и од аспект на правата што етничките заедници ги уживаат во Македонија, тоа е капка во морето, но до вчера кај нашите западни соседи го немаше ни тоа така што не дека со решението за топонимите Албанија преку ноќ стана шампион во Европа и во светот во почитување на човековите слободи и права, но, сепак, тоа е лавовски исчекор во однос на една членка на ЕУ, на пример, Грција.
И тука некаде се јавува дилемата. Kако тоа во една „пустелија“, каква што е претставата за Албанија, може да се случи вакво нешто, а не и во модерната европска демократија со најстари историски корени, Грција? Kако може Албанците од пред некој ден да немаат проблем Ликенас да биде и Пустец, а Грците да се фуриозни во тоа дека Флорина не може да биде и Лерин, а Едеса, Воден? И да не набројуваме понатаму. И каде е вината за тоа?
Kолку што ни е познато, според Привремената спогодба, тоа не треба да биде наш проблем. Но, секако дека станува и наша работа кога ќе се соочиме со приговорите од Запад во однос на состојбите со човековите права кај нас. Или поинаку кажано, кога ни делат лекции на ова поле. Во крајна линија, прашањето за човековите слободи и права е универзално, па ако ништо друго не може, а да не нотираме дека во Европската унија овие лекции не се докрај совладани од некои нејзини членки, а истовремено Брисел малку се ангажира околу дополнителните курсеви за нив. Патем, кога сме веќе кај различното гледање на овие работи, вреди да се потсетиме и дека токму Европската унија има специјален претставник за човековите права. Се разбира, кој друг би бил на тоа место ако не Грк во ликот на Ставрос Ламбринидис, чија работа, како што тврдеше Атина, не се човековите права во земјите-членки на ЕУ, туку само во оние другите?
Иако, да бидеме искрени, кога е Грција во прашање, таму не се проблем топонимите, туку грчката идеја дека македонска националност кај нив не постои. И дека таа не може да постои ни надвор од грчките граници, што е веројатно некаква демократска придобивка на современиот свет, која ние не можеме да ја сфатиме.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Покана
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 21 април 2013 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 98-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония, изпълнители на македонски песни и хора от Р Гърция и Р България. Всички са поканени!
Съборът ще започне в 11.00 часа.

Организатори са ОМО „Илинден” - ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting