Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Премиерот на Република Македонија Никола Груевски:

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА, ПОБЕДИ ВМРО-ДПМНЕ

(Преземено од МИА)


Денеска во Република Македонија се организираа слободни, фер и демократски избори, кои се пред се победа на сите граѓани и државата Македонија. Победи Македонија, победи ВМРО-ДПМНЕ, победија делата.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, на вечерашната прес-конференција во ИШ на партијата на која објави дека коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби огромна доверба од граѓаните и убедлива победа.
- Победата е и над нашите претходни очекувања. Таа е поголема отколку што и самите претходно очекувавме, истакна Груевски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат победа во најмалку 25 општини, а во 32 се во водство.
Според Груевски, изборите се уште еден положен тест на демократска Македонија и уште еден голем плус за европската интеграција.
На овие избори ВМРО-ДПМНЕ доби огромна доверба и победа.
- На последниот митинг во Велес кажав дека се согласувам со Бранко Црвенковски дека на овие избори беа понудени два концепти. Првиот концепт кој работи во две смени за дела остварува проекти, концепт кој се бореше за државните и националните интереси, тоа е концептот кој даде и најголеми резултат за приближување на Македонија до евроатлантските интеграции. Вториот концепт е концепт кој нема дела и не сака да се натпреварува со дела. Тоа е концепт на СДСМ кој создава бојкот за да се запази личниот интерес, концепт без идеја и со непринципиелна политика, неприфатливи работи, матни игри, манипулации и измами, рече Груевски. Денес Македонија покажа дека се определи за концептот кој создава и гради дела. Победи Македонија, победи ВМРО-ДПМНЕ, победија делата. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во најмалку 25 општини, истакна Груевски, а по официјалните резултати очекуваме победа да биде прогласена во над 30 општини. ВМРО-ДПМНЕ победи во Кисела Вода, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Новаци, Петровец, Илинден, Демир Капија, Македонски Брод, Виница, Василево, Валандово, Крива Паланка, Конче, Сопиште, Крушево и уште неколку други општини. ВМРО-ДПМНЕ води со убедливо повеќе гласови во уште 32 општини, каде ќе има втор круг. Коце Трајановски има предност за Скопје, два спрема еден наспроти кандидатот на СДСМ, Јани Макрадули. Според информациите од избирачкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ води со мала разлика во Велес, Ранковце, Дебарца, Струмица, Боговиње, Центар и Дебар. Ова што денес се случи покажува дека граѓаните имаат претстава дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која многу работи и создава дела, тоа значи поголема доверба, но и поголема одговорност за нас. Ветените програми ние ќе работиме да ги исполниме, за да ги погледнеме граѓаните во очи со чист образ, а по четири години тие нека одлучуваат на кого ќе ја дадат довербата. Истовремено покажавме дека кога се работи за државен интерес можеме да се здружиме и со ривалите, со кои имаме различен концепт.

Сакам да порачам дека и Кичево и Струга и сите општини од Западна Македонија се и ќе останат Република Македонија и ќе останат наш нераскинлив дел без разлика на резултатите и етнонационалистичките идеи, рече Груевски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Покана
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 21 април 2013 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 98-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония, изпълнители на македонски песни и хора от Р Гърция и Р България. Всички са поканени!
Съборът ще започне в 11.00 часа.

Организатори са ОМО „Илинден” - ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting