Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Ван Ромпуј:

ЕВРОПА НЕ Е ПОВЕЌЕ МАШИНА ЗА ТРОШЕЊЕ, ДОБИВАМЕ МОДЕРЕН БУЏЕТ НАСОЧЕН КОН РАСТ И РАБОТНИ МЕСТА

(Преземено од МИА)


- Првпат во историјата на Европската унија имавме 24-часовен маратонски состанок и првпат имаме и кратење на идната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ), изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ на кој беше постигнат договор за идниот буџет на Унијата.

Ромпуј нагласи дека буџетот за периодот 2014-2020 година, што ќе изнесува 960 милијарди евра, е модерен и концентриран на најважните задачи - конкуренцијата, економскиот раст и создавањето на работни места.

- Имавме долг, но успешен 24-часовен состанок на Советот, при што е најважно дека се договоривме за идниот буџет кој е балансиран и концентриран на раст и создавање нови работни места, што е ориентацијата на Европа за идната декада, истакна првиот човек на ЕС.

Според Ромпуј, овој договор што го постигнаа првите луѓе на земјите-членки на ЕУ претставува компромис донесен со нивна колективна одговорност. Сепак, тој потенцира дека ова што е договорено мора да пројде и во Европскиот парламент. Првиот човек на ЕС додаде дека ова не е перфектен буџет, оти нема таков, но истакна дека во него има многу за сите.

- За европската перспектива, буџетот е ориентиран кон иднината и реален, оти не можеме да ги жртвуваме инвестициите во образованието, научните истражувања и економскиот раст. Во споредба со претходниот буџет (2007-2013) има зголемување од 34 милијарди евра токму за зголемување на конкурентноста, растот и отворање на нови работни места. Има зголемување и за програмите како образовната „Еразмус за сите” и иновациската „Хоризонт 2020“. Буџетот е фокусиран и на нови инвестиции и развој на транспортот, енергетскиот капацитет, односно поврзување на Европа за цели 30 милијарди евра, образложи Ван Ромпуј.

Според претседателот на Европскиот совет, идниот буџет на ЕУ е модерен и донесен во согласност со „тешката реалност во Европа“, па затоа за првпат е помал во споредба со претходната седумгодишна буџетска рамка.

Ван Ромпуј посочи и дека има макроекономски сооднос меѓу она што е потребно за кохезискиот фонд и економски стабилните влади. Тој потврди и дека ќе има кратења на трошоците за европската администрација, што според информациите, ќе значи намалување на вработените за пет проценти.

- Во врска со проектот за вработување на младите, овој буџет овозможува шест милијарди евра за нови иницијативи во оваа насока. Исто така, овозможува и алокација на структурни фондови, при што внимание ќе им се посвети на земји како Грција, Португалија, Шпанија, Италија и Ирска, кои се посиромашни и тие ќе добијат повеќе од т.н. кохезиски фонд. Имаме фонд и за глобални прашања, како климатските промени, нуклеарна заштита и помош на ранливите категории на луѓе, рече Ромпуј.

Челникот на ЕС посочи дека гледајќи наназад, тој е задоволен што тешките преговори овие два дена во Брисел вродија со плод и изрази надеж дека идниот буџет ќе биде поддржан и во Европарламентот, за да биде се подготвено за негова реализација на почеток на 1 јануари 2014 година.

Сопред Ромпуј, и покрај тешките економски услови во кои се наоѓа Унијата, постигнат е есенцијален фактор на раст, а лидерите на земјите-членки денеска имале време да се договорат и за трговијата со Третиот свет и помош на земјите од арапскио свет, а по Арапската пролет.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо порача дека „ова било најдоброто што можело да се извлече како договор меѓу лидерите“, иако буџетот е за 65 милијарди евра од она што го бараше Комисијата.

- Денешниот политички договор е најдобар можен што лидерите го постигнаа со консензус. Сумата е под она што ЕК го бараше, но има повеќе пари за промоција на раст и работни места во Унијата идните години. Овој буџет ќе дозволи да го смениме развојот, да го менуваме трошењето од една во друга година во суштина. Она што е договорено е добар катализатор за создавање на раст и работни места, истакна Барозо.

Тој посочи дека овој буџет е според паневропската логика, бидејќи е задржан предлогот за големување на инвестициите за поврзаност на Европа, што значи инвестиции во транспортот, енергијата и дигиталната агенда. Според Барозо, ЕУ во иднина ќе инвестира повеќе пари во некои области отколку во минатото, како што е тоа во научните истражувања и иновациите.

Според него, најважно е тоа што е постигнат договор за силна поддршка на иницијативата на Комисијата за вработување на млади лица, што на европско ниво денеска е главен социјален и политички предизвик.

- Задоволен сум и што се зачува програмата за помош за најранливите категории на луѓе и задржувањето на фокусот за помош на сиромашните земји. Ќе има доволно пари и за кохезија, како и за земјоделството, пред се за посветеност на заштита на климата. Ќе споменам дека е важно што се планирани сериозни средства за солидарност, односно кофинансирање во некои региони на Европа, што е важно за некои земји-членки кои без оваа европска поддршка нема да имаат можност за јавни инвестиции. Се на се, имаше тешки преговори и фер е оценката дека ова не е перфектен буџет, но е најдобар резултат од барањата на земјите-членки и се надевам дека Европскиот парламент ќе го усвои, потенцира Барозо.

Одговарајќи на новинарски прашања, челникот на Европскиот совет Ромпуј, потенцира дека Европа повеќе нема да биде машина за трошење, додека Барозо потенцира оти е најважно што во време на криза, кога многу земји ги кратат буџетите, ЕУ го задржала нивото и дека е донесено „најдоброто можно решение за земјите-членки“.

Лидерите на 27-те држави-членки на Европската унија по повеќе од 25 часа преговори во рамки на Самитот на Европскиот совет, постигнаа согласност за идниот седумгодишен буџет на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, британскиот премиер Дејвид Камерон се смета за најголем победник на овој Самит, бидејќи успеа во намерата во идниот буџет на Унијата да има кратења на трошоците и Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за перидоот 2014-2020 година ќе изнесува 960 милијарди евра.

Овие 960 милијарди евра со кои ЕУ ќе располага во идите седум години значат трипроцентно намалување во однос на актуелниот седумгодишен буџет (2007-2013), што изнесува 994 милијарди евра. Ова е првпат во 56-годишната историја на ЕУ седна буџетската рамка да биде помала од претходната.

Сумата што првите луѓе на Унијата ја договорија е далеку пониска и од предлогот на Европската комисија, што изнесуваше 1,025 билиони евра.

Според информациите, на овој историски состанок повторно излегла на површина поделеноста во Европската унија меѓу двете групи, при што едната ја сочинуваат земјите што во буџетот уплаќаат повеќе отколку што добиваат, а другата се земјите што повеќе користат отколку што донираат. Како што е познато, првата група е наречена „пријатели за подобро трошење” кои во време на економска криза бараат штедењето и буџетските кратење што ги прават во своите држави да се случува и во самата Унија. Другите, кои се именувани како „пријатели на кохезијата”, инсистираат на тоа мерките за штедење во европскиот буџет да не бидат на штета на средствата од кои се финансираат проекти наменети за намалување на разликата меѓу богатите и сиромашните земји во ЕУ.

Најголем удар за ЕУ е тоа што е договорено намалување на вработените во раководните одделенија на европската администрација за пет проценти и замрзнување на платите на сите што работат во структурите на Европската унија во следните две години.

Во моментов, во раководните одделенија на ЕУ работат околу 42.000 лица, а на нивно кратење и воопшто намалување на работната сила во структурите на Унијата најмногу инсистираше Велика Британија.

Во очекување на прес-конференцијата на која претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, заедно со првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо ќе ги објават деталите од договорот за идниот буџет на ЕУ, веќе е јасно дека најголем губитник на Самитот е францускиот претседател Франсоа Оланд, кој заедно со лидерите на Шпанија, Полска и Италија инсистираа да нема кратења на буџетот.

Во победничкиот тим на Велика Британија се најдоа и Шведска, Холандија и Данска, но се смета дека ваквото решение и одговара и на Германија, која долго време инсистира на штедење, иако на овој Самит, канцеларката Ангела Меркел не зазема страна меѓу Британците и Французите.

За да стапи во сила, идниот седумгодишен буџет на Унијата, покрај тоа што е усвоен на Европскито совет, мора да биде одобрен и со двотретинско мнозинство од страна на Европскиот парламент.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting