Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Република Македонија е призната под уставното име од 136 држави во светот

ЧЕШКА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ

(Преземено од МИА)


Расте бројот на земји кои ја признаваат Македонија под уставно име. Чешка е нова на списокот држави кои во билатералната комуникација, на земјава ќе и се обраќа со Република Македонија. Таа е втора членка на ЕУ која во рок од два месеци се реши на ваков потег. Непосредно пред Нова година и Унгарија одлучи да ни се обраќа под уставното име. Министерот за надворешни работи попладневно се заблагодарил на својот чешки колега за ваквата одлука.

Попоски во писмото нагласува, дека Македонија високо ја цени отворената поддршка што Чешка и ја дава на земјава уште од осамостојувањето. Особено се поздравува поддршката во рамки на Европската унија за што поскоро започнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во Унијата.

- Оваа одлука на чешките власти, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Македонија и Чешка, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји, пишува во писмото кое министерот Попоски во знак на благодарност го упатил до неговиот чешки колега.

Со официјалното прифаќање на уставното име од страна на Чешка, земјте што ја имаат признаено досега Македонија под уставното име се 136 во светот. А има воспоставено билатерални односи вкупно со 167 земји во светот.

Има информации дека наскоро и други држави ќе ја признаат Република Македонија под уставното име.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting