Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот Ѓорге Иванов:

НАТО ОД МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ КАНДИДАТ ЗА “ГИНИС”

(Преземено од МИА)


- Секое успорување на интегрирањето на Балканот во ЕУ создава потенцијални идни конфликти. Ако сакате проблемите да ги врзете за територија настанува конфликт. ЕУ ако го отвори просторот, проблемот на границите се надминува кога тие ќе исчезнат, потенцира претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на сесијата „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказ“ во рамки на 49. Минхенска безбедносна конференција.

Според Иванов, ако ЕУ се умори од проширување, младите на Балканот се уморија од чекање, а ние, потенцира, имаме одговорност пред генерациите кои доаѓаат.

- Ако едни стандарди и принципи важат за оснивачите на ЕУ тие треба да важат и за идните членки. Не може фудбалот да се одвива на тој начин што додека трае играта се менуваат правилата. Затоа ние се чувствуваме погодени, кон Македонија, за нас не важат правилата кои важат за другите држави, туку ние имаме дополнителни услови, истакна меѓу другото претседателот Иванов, додавајќи оти иднината се остварува денес, јави известувачот на МИА од Минхен.

НАТО, пак, рече Иванов, од Македонија направи кандидат за „гинис“, имаме 14 акциски планови за членство, 18 ротации на македонски мировници во Авганистан, а ги имаме сите обврски и ризици како учесници, меѓутоа, немаме ниту една привилегија.

- Затоа сме незадоволни од НАТО. ЕУ најде начин да биде иновативна и креативна, отвори дијалог на високо ниво... Ќе се радуваме ако има таква креативност и од НАТО. Алијансата сепак е архитектура која треба да се гради, е пораката што ја упати македонскиот претседател Иванов на сесијата на која учествуваа и претседателите на Хрватска Иво Јосиповиќ, на Азербејџан Илхам Алиев и МНР на Грузија и на Казахстан Маја Панџикидзе и Ерлан Идрисов, а претседаваше Марти Ахтисари.

Балканот, потсети Иванов, доживеа многу трауми во 20 век. Имавме студена војна и жежок мир со распадот на Југославија. Конечно прв пат на Балканот имаме држави со демократски избрани влади, прв пат младите користат еден јазик-англиски. Ако ние како политичари, констатира тој, не овозможиме нашите држави да влезат што побрзо во ЕУ, тоа веќе го прават младите генерации кои наоѓаат начини тоа да го направат преку социјалните мрежи, не територијално.

- На Балканот денес е можен мир и добро е што ЕУ доби награда за мир за да ги потсети младите генерации дека ЕУ пред се е мировен проект, а потоа политички и економски, рече македонскиот претседател. Тој додаде оти неутрална сила за оние кои денес живеат на Балканот е Судот за човекови права во Стразбур, како последна инстанца каде што граѓаните можат да ги тужат и сопствените држави за прекршување на своите права.

Осврнувајќи се на историските факти, за Балканот и за Кавказот, претседателот на Република Македонија посочи оти претставите за Балканот и за Кавказот секогаш ги создавале другите и затоа Балканот е буре барут, место каде постојано има конфликти и војни. Историјата не учи друго, дециден е Иванов, од 3.000 години пишана историја на светот, 2.700 се војни на планетата, а само 300 години има мир. Да биде парадоксот поголем подвлече, најголеми периоди на мир биле на Балканот.

(Продължава в следващия брой)

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting