Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју со Димитар Мирчев, универзитетски професор

НА ОБИЧНИОТ СРБИН И БУГАРИН НЕ ИМ ПРЕЧАТ НИ МПЦ, НИ МАРА БУНЕВА

Слаѓана Димишкова


- Доктрините на соседите на Македонија содржат многу националноеманципаторски и ослободителни пораки и залагања, но исто толку и експанзионистички и аспирациски залагања. Но има и нова, сегашна „генерација“ на такви национални доктрини.
И покрај сите напори на Македонија за добрососедство, сепак државите од соседството постојано актуализираат определени, најблаго кажано, некоректни ставови. Мислам на Грција и спорот со името, Бугарија и негирање на идентитетот, спорот МПЦ-СПЦ. На што се должи ваквата политика кон Македонија?

- Кај нашите соседи има историски напластени стереотипи, митолошки и митски претстави, историска носталгија, претензии и експанзионистички аспирации кон Македонија. Но сите заедно имаат и меѓусебно исти такви стереотипи и аспирации, билатерални. На пример, албански кон Србија, српски кон Косово, грчки кон Албанија и обратно, бугарски кон Србија итн. Некаде во доцните осумдесетти години на минатиот век се мислеше дека особено по преминот кон плурални и демократски системи, таквите односи и претензии или аспирации ќе се решат автоматски. Дека транзицијата ќе доведе до една толеранција, реализам, меѓусебно разбирање, почитување и сл. За жал, тоа не се случи. Конфликтите и судирите, особено на почвата на Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Косово беа навистина трагични и со многу жртви. Цела среќа не се случија и на почвата на Македонија, макар што кризната амплитуда во Македонија, во 2001 година не беше така наивна.
Севкупно, напластената националистичка свест кај некои наши соседи кон нас останува актуелна, релевантна, изразена и во актуелната политика. Бездруго влијае на сегашните политички односи. Мислам дека се работи, во прв ред, за внатрешни интереси на некои кругови и политички сили и кругови во тие земји - да соберат некој поен во нивната јавност, прикажувајќи се како патриотски, национално заинтересирани итн. Поинаку, објаснете ми што му е грижа на обичниот српски граѓанин дали МПЦ е дел на СПЦ или не е? Што му е важно, пак, на обичниот бугарски граѓанин дали во Скопје има или нема плоча на Мара Бунева? Никој ниту чул за неа. Ако одите во Воден и порачате на македонски кафе, келнерот ќе ви каже - кафе добро, ама македонски во Скопиа, не тука. Ама ќе ви донесе кафе. Додуша, не турско или црно, туку грчко кафе. Оттука, длабоко верувам дека во општествата и кај обичните граѓани нема на пример национализам, етноцентризам и сл.
Не сум поборник на оцената дека меѓу политиката на нашите соседи кон нас има некоја координација или хармонизација. Има коинциденции што се резултат на внатрешните политички потреби во соседните земји или на некои нивни повлијателни, па и интелектуални кругови.

Вештачки спорови?

- Пред крајот на минатата година Бугарија стануваше сé поагресивна кон Македонија, речиси се постави на иста линија со Грција во намерите за блокирање на државава во нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции. Зошто?
- Воопшто не гледам драматично на таа наводна агресивност од страна на Бугарија. Главно имаме добри односи и тие доста поволно се развиваат, а внатрешната и економска состојба во Бугарија воопшто не се такви, за нејзината позиција да претставува некој фактор од значење за одлучувањето или влијание врз политиката на ЕУ и НАТО. Има поединечни изјави и лични определби или, пак, закана по некој политичар за некаква блокада на Македонија, меѓутоа не верувам дека тоа е државна политика на Бугарија. Треба да се смират страстите на екстремистите и медиумите што тоа го прават во потрага по публика.
- Може ли и кога да се очекува смирување на ситуацијата и надминување на спорот со Грција, особено сега со иницијативата на еврокомесарот Филе директно да се вклучи во процесот? Ќе следи ли можеби по ова и датум за преговори со Брисел, со оглед на тоа што ќе имаат Европејците и директно увид во иницијативите на Македонија?
- Последните настани навистина водат во таа насока. Моето мислење произлегува од последната посета на амбасадорот Метју Нимиц на двете земји и неговата поволна изјава за напредокот во разговорите, но и на најавата на повторна и многу скорашна средба со двајцата амбасадори во Њујорк. Лично мислам дека последните изјави и најави од Атина се нешто поумерени и пофлексибилни. Предлогот пак за посредување од комесарот на ЕУ, Штефан Филе, е вистина добредојден и добронамерен и може да помогне за финализација на разговорите за спорот. Или барем да даде добра основа за тие да се довршат. Верувам дека комесарот Филе со тој предлог ја изразува заинтересираноста на Унијата за што побрзото решавање на спорот и дека претходно имал сериозни консултации со главните актери и земји-членки на Унијата. Предлогот е навистина поволен, затоа што посредувањето во спорот или внесување претставници на Унијата може да внесе во разговорите повеќе почитување на принципите на меѓународното и европското право, па и заинтересираност за политиката на проширување и за регионалната состојба на Балканот.
- Како може да се затвори прашањето и со Бугарија за идентитетот?
- Деновиве билатерално се изработува нацрт на договор за пријателство на двете земји. Тоа беше всушност наша поодамнешна идеја, која сега докрај се финализира. Многу се надевам дека нацртот ќе се прифати и дека ќе биде добра основа за уредување на односите меѓу двете земји. Впрочем, какви би можеле да бидат односите меѓу две соседни земји освен пријателски? Потем, очекувам дека во тој текст ќе има многу определби за заедничката иднина. Претседателот Ѓорге Иванов јавно предложи заеднички да се одбележуваат датумите од заедничката европска реалност и припадност. Не оние за кои има различни и спротивни интерпретации. Прашањето на нашиот национален идентитет е чисто наша работа. Јас се занимавам со наука. И во таа наука, современа, многу јасно денес преовладува мислењето дека ако една популација се чувствува различно од другите, етнички или по која и да е основа, има право да се чувствува така. И нема никаква обврска да докажува зошто се чувствува така. Историски или генетички или според ДНК-кодот и сл. И тоа е гарантирано со меѓународното право. И на тоа прашање треба да се стави точка. За нас тоа е одамна затворено прашање.

Добронамерни идеи

- На маса е сé уште и спорот МПЦ-СПЦ. Имаше најави од српските политичари дека ќе се работи на надминување на спорот. Ги надминува ли спорот границите на она што подразбира однос меѓу две цркви?
- Да, до некаде ги надминува тие граници. Мислам дека ги рефлектира старите и традиционални великодржавни аспирации на Србија кон Македонија. Имаше навистина, верувам, добронамерни идеи дури и од претседателите Тадиќ и неодамна од Николиќ за посредување во спорот. Но тие се православни и припадници на СПЦ, како впрочем и мнозинството членови на владите и парламентот. Па нека во рамките на СПЦ посредуваат и влијаат да се разбере дека ова е вистина една друга нација и држава и дека нема изгледи преку црквата да се остварат оние стари аспирации. Фактот што МПЦ ја сметаат за непризнаена или еретичка не ги прави македонските христијани ништо помалку христијани од српските христијани. Очигледно е дека тука има повеќе политика и дека не влијае добро на меѓусебните односи. Најсмешна во тоа е пак Бугарската православна црква, која исто така не ја признава МПЦ, определувајќи се на тој начин дека македонските православни се дел на СПЦ итн. Но севкупно не гледам воопшто драматично на тој проблем. Ако луѓето се верници - се верници, па макар и непризнаени. Така било и во раното христијанство.
- Како го оценувате односот на Албанија кон Македонија, која исто така не нема признаено под уставното име?
- Нашите односи со Албанија во основа добро и поволно се развиваат и нашето „именување“ од страна на Албанија не значи некој особен фактор на неповолност. Нема некое практично значење. Макар што е чудно и смешно што со тоа именување, ги третираат и Албанците во Македонија како граѓани на „бивша југословенска република“. Можеби е тоа носталгија за бивша Југославија или, пак, резултат на чувството на нереализам за состојбите во регионот и Европа. За мене е многу позначаен проблем непризнавањето на статусот на македонската заедница во Албанија. Не можам да си одгатнам во што, притоа, е интересот на Албанија. Па нека е таа заедница дури и 0,1 процент од населението, зошто дури и статистички и пописно да й се ускратуваат правата на етничка определба? На пример во општината Пустец имате право да се определите како Македонец, ама доколку отидете на школување во Тирана, таму немате право на таква определба. Најчуден пак е фактот што ниту еден политичар-Албанец од Македонија не рекол ништо за тоа прашање или барем не пренел како е со етничките права во Македонија.

Соседите на Македонија се етноромантичарски настроени

- Вие во вашата најнова книга „Балканскиот мегаетникум“ говорите за доктрините на македонските соседи. Како би ги оквалификувале накратко доктрините на четирите соседи?
- Има две „генерации“ национални доктрини или пак националнополитички стратегии на нашите соседи. Првата е од половината на 19 век, текстови како што се мегали-идејата на Јоанис Колетис, Начертанијата на Гарашанин, Програмата на Призренската лига итн. Содржат навистина многу националноеманципаторски и ослободителни пораки и залагања, но исто толку и експанзионистички и аспирациски залагања кон соседите, па и кон Македонија. Се засноваат главно на етноромантизам, етногенеза, проширување, територијални, популациски претензии. Влијаеле многу на историјата на Балканот. Но има и нова, сегашна „генерација“ на такви национални доктрини, од последните дваесетина или десетина години, кои јас ги објавувам и критички ги анализирам. Всушност утврдив дека има и континуитет и впечатливо содржинско совпаѓање меѓу оние од пред век и половина и овие денес, се разбира водејќи сметка за денешните околности. Сите, на пример, ја присвојуваат територијата или населението на Македонија, па и на поширокиот регион. Овие доктрини многу ја објаснуваат и денешната политика на нашите соседи и требаше да се објават, знаат и да им се даде соодветен одговор.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting