Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов:

И ВО 2013 ГОДИНА ОСТАНУВААТ МНОГУ ПРЕДИЗВИЦИ

(Преземено од МИА)


Македонија цврсто останува на патот за приклучување кон Европската Унија и кон НАТО, а на внатрешен план земјата ја очекува предизвикот за натамошно зацврстување на демократските институции и практики, порача претседателот Ѓорге Иванов на дипломатскиот прием во Берово, кој традиционално го приредува по повод божиќните и новогодишните празници.
- На надворешен план, без разлика на нашите неостварени очекувања во изминатата година, останува цврста нашата определба за приклучување кон Европската Унија и кон НАТО. Остануваме посветени и на нашата политика на отвореност и соработка кон сите и со сите - рече Иванов.

Според македонскиот претседател, добрососедските односи и соработката со државите во регионот остануваат приоритет на Македонија, особено за време на македонското претседавање со Процесот на соработка во Југоисточна Европа и Форумот на дијалогот меѓу цивилизациите. Тој порача дека Македонија отсекогаш верувала и во практика го применувала ставот дека дијалогот е незаменлив, особено за добрососедските односи, кои, според Иванов, се двонасочна улица. Претседателот Иванов испрати порака дека со искрено обострано залагање и волја, оваа година можат значително да се унапредат и позитивно да се довршат разговорите за проблемот што нашиот јужен сосед го има со името на нашата држава.
- Остануваме посветени на процесот во рамката дефинирана со резолуциите, Привремената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. И во овој аспект најјасно се потврдува исправноста на нашата надворешна политика, која безусловно се темели на почитување на меѓународното право, без кое денес хаосот и анархијата ќе царуваа во меѓународните односи - додаде шефот на државата.

Претседателот Иванов побара од политичките актери во земјата преку дијалог да ги надминат проблемите, особено во пресрет на локалните избори, кои, според него, треба да одговорат на потребите на граѓаните и да придонесат за натамошно зацврстување на локалната самоуправа во Македонија.

На свечениот прием беше предвидено да присуствуваат над педесет странски амбасадори и членови на дипломатскиот кор. Пред присутните, како што е обичајот, се обрати и највозрасниот амбасадор во нашата земја, амбасадорот на соседна Албанија, Арбен Чејку. Тој ја поздрави четвртата по ред препорака на еврокомисијата за почеток на пристапните преговори со Македонија, додавајќи дека и НАТО во неколку наврати ги поздрави посветеноста и придонесот на македонската држава за мисиите на Алијансата.
- Годинава почна со посетата на амбасадорот Нимиц на Скопје и на Атина, и искрено посакуваме нашите два соседа да најдат прифатливо решение на спорот за името, за Македонија што побргу да ги почне пристапните преговори со ЕУ и да стане полноправна членка на НАТО - додаде Чејку.

Во согласност со воспоставената практика, дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава дипломатите имаа можност да се запознаат со културно-историските знаменитости на Берово. Минатата година домаќин на дипломатскиот прием беше градот под Пелистер, Битола. Претходно, свеченоста се одржуваше во македонското собрание.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting