Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Што се крие зад посетата на министерот за одбрана на најмногубројната армија на светот?

КИНА ЈА СТАВА МАКЕДОНИЈА НА СВОЈАТА МАПА НА ЕВРОПА

(Преземено од МИА)


Министерот за одбрана на најмногубројната светска армија, генералот Лианг Гуангли, која наскоро може да го добие приматот на најмоќна во светот, минатата недела го посети својот македонски колега Фатмир Бесими. Наскоро, судејќи според најавите, Македонија ќе биде домаќин и на официјалните воени претставници на Кремљ и на руското министерство за одбрана.
Кинеската посета мина тивко и практично незабележано од домашната јавност, без притоа да има голема помпа и посебни публикации за деталите и за темите на кои говореле македонските и кинеските генерали. Да беше во посета на Македонија секретарот за одбрана на САД, Леон Панета, тоа сигурно ќе го пренесеа сите светски медиуми, а во нашите, пак, ќе имаше долги и сеопфатни репортажи, од што ќе се извлекуваа заклучоци за безбедносно-политичката важност на Македонија на Балканот и во Европа.
Се поставува прашањето зошто токму министерот за одбрана на најголемата светска армија, кинеската, кој наскоро најверојатно ќе биде следен од својот руски колега, одлучил да ја вметне нашата држава во својата агенда на Балканот и во Европа? Каков е интересот на Пекинг за Балканот? Кои се намерите на најмногубројната држава и армија на светот?
До толку повеќе што Кина и Русија, заедно со Казахстан, Таџикистан, Узбекистан и Киргистан, се членки на т.н. Шангајска организација на соработка пред сé во воената област, создадена во 1996 година, за која аналитичарите велат дека допрва ќе прерасне во воено-политички ривал на НАТО. Македонија, пак, е партнер на Алијансата, иако за полноправно членство таму се бара промена на нашето име. Кина е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и нејзиниот глас е многу важен во светската организација, особено во ситуација кога во највисокото меѓународно тело на дневен ред би дошло македонското прашање и спорот со Атина. Поради тоа, како и поради економскиот продор на Пекинг на Балканот и во Европа, што нуди можности за големи кинески инвестиции во Македонија, градењето добри односи со најмногубројната по население држава на светот и најголемата армија е од суштински интерес за нашата држава.
Стручната јавност во земјата оваа посета на највисокиот кинески воен врв ги оценува како позитивен и добар чекор за Македонија, притоа објаснувајќи дека секогаш е добро нашата држава да се најде во ситуација да преговара и да разменува искуства и знаења со една армиска велесила каква што е Кина. Тие велат дека за АРМ е привилегија да соработува со моќна армија каква што е кинеската, која има над 2,5 милиони војници и има годишен буџет од 22 милијарди долари.
Македонско-кинеските официјални армиски односи почнуваат пред неколку години, во времето на министерувањето на Лазар Еленовски. Оттогаш постепено но сигурно се зголемува темпото на меѓусебните македонско-кинески контакти.

Четири декади пауза од воено присуство на Балканот

Кина воено и практично последен пат беше присутна на Балканот во 1970-тите години, кога оваа земја направи сојуз со албанската влада, предводена од првиот секретар на тогашната Партија на трудот на Албанија, Енвер Хоџа. Откако Хоџа ги прекина односите со Кина, Пекинг разви економски и политички односи со поранешна Југославија и со Романија, но никогаш во формата каква што ја имаше со Албанија.
Кина сега е светска економска и воена сила и очигледно сè уште е заинтересирана за Југоисточна Европа. Нејзината стратегија денес е да го шири своето влијание преку зголемената трговија и зачестените политички и воени сојузи, негувајќи поцврсти односи со владите и со претпријатијата во целиот регион, како и преку изучување на кинескиот јазик во балканските училишта.
Кина е заинтересирана за електроцентралите во Србија, за една фабрика за автомобили во Бугарија, за претпријатија во Букурешт, за рудници во Албанија, а преговара и со Турција за подобрување на трговските односи. Според една студија од 2011 година, Кина заработува 2,6 милијарди евра од бизнисот во Романија, 1,1 милијарда евра во Хрватска и 630 милиони евра во Бугарија.
Централ Јуроп воч ја квалификува експанзијата на Кина на Балканот како „подготвување долгорочни планови за современ Пат на свилата“ низ целиот евроазиски регион. Оттаму велат дека Пекинг „се фокусира на искористување на неексплоатираниот бизнис-потенцијал на Балканскиот Полуостров преку стратегиско инвестирање, и подготвувајќи долгорочни планови за современ Пат на свилата низ целиот евроазиски регион“.

Што значи посетата за Македонија?

- Менувањето на военото присуство од доминантно американско во доминантно кинеско или, пак, руско во овој дел од светот тешко е да се случи, но ваквите посети со сигурност позитивно ќе влијаат на безбедноста на Македонија и на државите од регионот - објаснува пензионираниот полковник Благоја Марковски.
Според Марковски, Балканот отсекогаш бил интересен и за Западот и за Кина и Русија, бидејќи од аспект на интересите не е дефинирано кому му припаѓа.
- Можеби оваа можност како држава треба да ја искористиме и да имаме соработка со Кина за да не бидеме под притисок да го менуваме името, а во исто време да најдеме начин и без НАТО-сојузот да си ја осигуриме државната безбедност - вели Марковски.
Македонија, смета полковникот, кон Кина е економски ориентирана, што значи - иако не се знаат официјално деталите на оваа посета, можно е преку нашата земја да се продава кинеско оружје на европскиот пазар. Накратко, постојат многу можности што со сигурност не треба да се пропуштат и големо внимание треба да им се посвети на пријателскиот импулс и порака што нам ни ја испратија претставниците на армијата на Народна Република Кина.

Колку повеќе вакви средби, толку подобро

Воено-политичкиот аналитичар Петар Шкрбина смета дека ваквата посета на официјален Пекинг и онаа најавената во скора иднина на армиските претставници на Кремљ на Скопје е повеќе од добредојдена за земјата.- Регионот на Балканот во моментов безбедносно не е засегнат. Што значи дека оваа посета нема само класичен воен карактер. Сега сé уште е рано да се знаат деталите на она што се говорело со Кинезите, но добро е да се поддржи како практика, бидејќи ние како мала земја се наоѓаме во некоја прикаска или, пак, интерес на големите сили какви што се Кина, Русија и оние од Западот - објаснува Шкрбина. Сепак, за аналитичарите можностите за инсталирање кинески армиски воени сили на Балканот се исклучително слаби.
- Не верувам дека ќе се случи тоа, ниту кај нас ниту пак во нашето соседство, иако за тоа постои историска основа како онаа во 1970-тите во Албанија - оценува Шкрбина.
Тој претпоставува дека Кина нас, но и целиот балкански регион го гледа како влезна врата за своето влијание во Европа.
- Со вакви високи и многубројни армиски посети стануваме забележани на светската сцена и од едните (Кина и Русија) и од другите, односно од нивната противтежа, што значи дека сега сите ќе ги интересира што Македонија преговарала со Кина, а нам ни се отвора врата за подобро позиционирање онаму каде што ќе го најдеме државниот интерес - резимира аналитичарот.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting