Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Најнова книга: "Македонски преродбенски ХIХ век" (15) од акад. Блаже Ристовски:

И ЗА РУСИТЕ И ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ, МАКЕДОНИЈА НЕ БИЛА БУГАРСКА

(Преземено од весник "Вечер")


Во таа 1844 год. Христаки Павлович “из Дупница Македонска” (“славено-елинскиот учител” “Христаќа Македонца”, како што самиот се декларира, па и други го претставуваат “из Дупница Македонска”) во Будим првпат го објавува ракописот на другиот монах од Банско Паисиј Хилендарски под наслов “Царственик или Историа болгарска, коато учи от где са болгаре произишли, како са кралевствовали, како же царствовали и како царство свое погубили и под иго подпаднали”. Тука ученикот на Јован Раиќ зборува и за Македонија како бугарска и за Македонците како Бугари, но притоа дава своевидна интерпретација што го заслужува посебното внимание и на македонската историографија.

Во истата година, инструиран од книгите на Јуриј Венелин и со претставите на тогашната руска славистика, стигнува во Македонија и казанскиот доцент Виктор Григорович, кој по враќањето исто така му соопшти на славистичкиот свет дека во Македонија живеат Бугари и дека македонскиот јазик е - бугарски, а во самата Македонија создаде вредни приврзаници на своите идеи. Меѓу нив посебно внимание заслужува неговото познанство со Димитрија Миладинов во Струга и Охрид. Токму Григорович, како што му пишува самиот Димитрија во писмото од 25. II 1846 год., му дал “порака” да направи “ненадминати” “старанија за нашиот бугарски јазик и бугарските песни”. Миладинов додава: “Не престанувам да продолжувам да ги исполнувам моите ветувања кон Вашата милост, зашто Бугарите спонтано се стремат кон вистината. Но нека ми биде простено досегашното одлагање, зашто имав тешкотии при изборот на најдобрите песни, а исто така и при мојата работа врз граматиката. Се надевам дека при вториот удобен случај, откако ќе соберам повеќе песни и ќе ја завршам граматиката, според Вашата огнена желба, ќе Ви ги испратам...”.

Д. Миладинов - доверлива личност за Русија

Но покрај сугестијата да собира народни песни и да напише граматика на родниот јазик, Григорович му оставил и други истражувачки порачки на тогашниот “грчки учител во Охрид” Димитрија Миладин. Посебно се значајни неговите интереси за Климента Охридски и за народното училиште. “Ние - му пишува Миладин - сме длабоко уверени, според тврдењето на селаните од Главеница, дека ќе се најдат и бараните камени натписи што ќе ги истражувам напролет. Прекрасно и пожелно ќе биде ако преку твоето содејство се побараат од владата светите мошти на свети Климент Охридски, посведочени од Великата Христова црква, како што ти се увери со сопствените очи и по своја иницијатива ги побара. А постапките пред овдешните власти за спомнатите свети мошти придонесуваат и Вам да Ви се оддаде благодарност, и новоотвореното училиште да види полза”.

Несомнено овие врски со руската наука и политика се прошируваат и постепено Д. Миладинов станува доверлива личност за Русија. Во писмото до Александар Егзарх од 20. VIII 1852 год. тој се потсетува за угледниот гостин од Русија:
“Еден руски патешественик по име Виктор Григорович, професор во Казан, многу се изненади кога виде словенски книги во Охрид, во моето родно место Струга, во Преспа и др., како овдешниве Бугари да не им биле познати на европските народи, ами биле сметани од нив како некаков друг народ. Кога го предавав Тукидид во Охрид, Григорович восторжено извикна: “О, наши браќа ли сте?” и како да сонуваше и не веруваше дека словенскиот јазик ни е мајчин и прадедовски јазик. Кога стигнавме двајцата во моето родно место Струга, вечерта посака мојата стара мајка да му испее (богарска песма), којашто тој си ја запиша. И потоа ме замоли да напишам граматика на денешниот говорен бугарски јазик, којашто ја очекуваше во Виена, каде што некои Грчулии и Албанци од околните места на нашата татковина, поттикнати од некои, му припишуваа неправедно обвиненија дека дигнал книги, а всушност нашите сотатковинци на драго срце му дадоа некои книги”.

Грците и Французите за ништо не не сметаат

Од тоа разбирам дека “Грците и Французите за ништо не не сметаат”. Влезен во кругот на пријателите на Русија, Миладинов добива усрдна финансиска поддршка и од руската императорка за отворање “бугарски” училишта по Македонија, пред се во Охрид, Солун и Кукуш. Словенството, значи, неосетно поминува во бугарство и антиелинство. Самиот Димитрија се стави во Цариград што веројатно беше и главната причина што со брата му го завршија животот во цариградските зандани.

Но браќата Димитрија и Константин во еден суптилен период од нашата историја одиграа многу клучна улога. Нивниот зборник со народни умотворби, дури и со насловот “Блгарски народни песни” (1861), стана основна легитимација на македонскиот фолклор и јазик во целиот послешен развоен период, независно од оние 76 навистина бугарски народни песни што биле додадени од В. Чолаков непосредно пред печатењето.

Освен тоа, московскиот студент Константин со своите уникални песни на народниот јазик стана основоположник на современата македонска поезија, а неговиот превод од руски на македонски на антиунијатската книга на Флеров (1858), со краткиот предговор на преведувачот, стана првиот прозен превод од руски на македонски јазик, додека во зборникот “Братски труд” (1860) тој објави и едно непознато писмо на охридскиот архиепископ Паисиј (1566) како прилог кон историјата на оваа црква.

Во македонскиот преродбенски процес посебно место има и изразитиот претставник на концепцијата на Партенија Зографски за заеднички јазик со Бугарите, московскиот студент и руски наставник Рајко Жинзифов. Тој наполно ја акцептира Венелиновата идеологија пренесена преку Бугарското настојателство во Одеса и Московскиот словенски комитет за историјата и народноста на Македонците и со својата поезија и со преводите од руски, украински и чешки и особено со својата богата публицистичка дејност остави име во историјата на три словенски литературно-културни истории - македонската, бугарската и руската.

Во тој круг спаѓа и охридскиот “Втор Хомер” Григор Прличев, прославен ловороносец во Атина, македонско-грчко-бугарски поет, прозаист и преведувач, словобеседник и народен будител и трибун во втората половина на XIX век. Елинизмот, словено-бугаризмот и македонизмот се трите фази и од неговиот творечки опус што на своевиден начин ја одразуваат историската ситуација во Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting