Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став:

КРВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПРИЈАТЕЛ НА СОФИЈА

Дарко Јаневски


Плевнелиев изгледа како фин човек, ама има погана уста и очигледно погани намери да создава омраза меѓу двата народа. Тој вели дека луѓето од двете страни на границата немаат проблем, што е точно. Но луѓето од оваа страна на границата имаат проблем со него оти „Скопје 2014“ е збирштина од споменици и згради во главниот град на Македонија, а не на Бугарија, што приближно значи дека тој треба да си ги гледа спомениците и зградите во Софија, а не во Скопје, и да не се меша во внатрешните работи на друга држава.

* * *

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев повторно ги стопли нашите одродени од историскиот корен души посветувајќи ни го своето просветителско внимание. Неговиот милен лик потроши околу три минути од интервјуто за БТВ преку кое ни порача дека проектот „Скопје 2014“ бил провокативен, а проблемот произлегувал и од т.н. процес на антиквизација, за на крајот да се запраша што барал Пирин, крајот од каде што тој потекнува, на македонската мапа на „Портата Македонија“.
Плевнелиев изгледа како фин човек, ама има погана уста и очигледно погани намери да создава омраза меѓу двата народа. Тој вели дека луѓето од двете страни на границата немаат проблем, што е точно. Но луѓето од оваа страна на границата имаат проблем со него, оти „Скопје 2014“ е збирштина од споменици и згради во главниот град на Македонија, а не на Бугарија, што приближно значи дека тој треба да си ги гледа спомениците и зградите во Софија, а не во Скопје, и да не се меша во внатрешните работи на друга држава. Нека си го бере своето гајле, а не нашето. Кога македонскиот претседател Иванов би ни држел говори за некојси споменик во Софија, веројатно би добил порака дека треба да си ја олади главата, од нас во Македонија. Зашто, ние, и без спомениците на Софија или кој било друг главен град на друга држава имаме доволно проблеми. На пример, со платите од 350 евра, колку што се и во богатата европска Бугарија.
За Плевнелиев, за бугарската мисла што го третира овој проблем и воопшто за бугарското општество, всушност Македонците не се Македонци, туку некогашни Бугари, односно дел од еден народ. Така Плевнелиев ги замислува добрососедските односи. Да ни каже што сме. И токму таа теза, сеедно што за нас е неприфатлива и неточна, создава забуна во нашите коминтерновски главички. Немаме ништо против тоа дека Плевнелиев е великан меѓу великите умови, но ако тоа е така, тогаш со која интелигенција му создава пречки на дел од својот народ? Каква е таа логика да се тврди дека Македонците се Бугари, а во исто време дека ја крадат бугарската историја? Можно ли е во Германија, во 1938 година некој да тврдел дека Австријците ја крадат германската историја, а притоа на него да се гледа како на разумен човек?
Можно ли е Србите во 1912 и 1913 година да тврделе дека некој, во овој дел од Македонија, кој по Балканските војни и Букурешкиот договор ним им припаднал, да изгради споменик на цар Душан и со тоа да ја краде нивната историја? Како може Србин да краде српска историја? Лудо, нели?
И каква врска, патем, бугарската историја има со таа еретичка антиквизација на Македонија? Од кога тоа на официјална Софија треба да й е грижа дали во Скопје има споменик на Александар Македонски? Па нели тој ја ширел грчката култура. Што има Бугарија со тоа? Друга е работата што наместо ортакот на Плевнелиев, Каролос Папуљас, да се радува на Александар во Скопје, реагира невротично. Но, Грците се башка приказна.
Плевнелиев вели дека потекнувал од Пирин. Не вели од Пиринска Македонија. Тоа е тој дел од Бугарија што остана надвор од нејзините границите кога таа во седумдесеттите години на 19 век одново стана држава со вазален однос кон Османското Царство. Изгледа нелогично, нели? Бугарија се ослободила, ама некои нејзини делови останале надвор од границите. Веројатно затоа што не й припаѓале на Бугарија, туку на територија што се нарекувала Македонија, а која, Бугарија, немала доволно машкост да ја освои. Ниту тогаш, ниту подоцна. И не еднаш сме напишале дека најголемиот дел од таа Македонија, подоцна, најпрвин Османлиите, па потоа и самите Бугари, й ја оставиле на Грците, кои, во наредните неколку децении, добро се потрудиле оттаму да избришат сé што е македонско. Со согласност на Бугарија, која има и свој потпис ставено врз тоа. Во таа Македонија, на Македонците (односно Бугарите според Софија) им се вадени очи, им се пресекувани главите, во таа Македонија Грците силувале илјадници жени и уште толку мажи, старци и деца се палени, мачени, убивани, протерувани. Таму, во таа Македонија, од предците на Папуљас и Самарас, не е оставен камен на камен, сеедно дали тој ќе биде наречен македонски или бугарски.
И не еднаш сме напишале дека ако веќе се повикува на историја, Плевнелиев би можел, наместо да се однесува како најобичен слуга на грчките интереси, да го состави и тоа поглавје од добрососедските односи. Но му е страв оти така Бугарите ќе се соочат со тоа дека нивната политика, всушност не давала пет пари за Македонија. Зошто? Веројатно затоа што не ја сметала за своја. Треба ли да го потсетуваме Плевнелиев дека на букурешката конференција, Бугарија, онака, галантно го нудела за замена секој дел од Вардарска Македонија што воено го контролирала за да ја добие Кавала. Но, не затоа што премногу го сакала приморскиот град, туку затоа што така тоа од нејзе го барала Москва, односно Русија. Зошто тогаш денес на сите труби свири само за некогашниот дел од српска Македонија? Зошто прифаќа да биде слуга на Атина? За пари или за нешто друго?
Плевнелиев вели дека Бугарија ќе најде начин да ги заштити своите национални интереси. Очигледно, национален интерес на Бугарија стана да докаже дека Македонци не постојат. Што е национален интерес и на Грција. Така, сто години по Балканските војни и сто години откако бугарскиот генерал Савов ги испука плотуните против грчката војска заради Македонија, двете држави пронајдоа за таа Македонија ист национален интерес - на луѓето што живеат на таа територија, по секоја цена да им наметнат друга националност и по секоја цена да ги избришат од мапата. Тоа, во согласност со стандардите на Европската Унија, на кои се повикуваат двете земји, се нарекувало добрососедство, кое треба да се постигне со некакви комисии. Аферим работа!

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting