Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот Ѓорге Иванов:

ОЧЕКУВАМЕ ПОГОЛЕМА ДИНАМИКА ВО РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИА)


Динамизирање на разговорите за надминување на спорот за името, очекува претседателот Ѓорге Иванов од претстојната средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на Македонија и на Грција закажана за крајот на месецов во Њујорк.
- Нимиц искажа оптимизам за време на последната негова посета, ги дозна нашите позиции и ставови бидејќи се расправаше за конкретни работи од процесот. Очекуваме тоа што беше од него слушнато во Скопје и во Атина, да им го пренесе на нашите претставници и дијалогот ќе добие една поголема динамика. По посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија, веќе тој лично се вложува во овој процес и придонесува да имаме една поголема динамика, изјави Иванов по денешната посета на Министерството за надворешни работи.

За отфрлањето на иницијативата за трилатерална средба на еврокомесарот Штефан Филе од страна на Грција, шефот на државата посочи оти Македонија останува конструктивна во процесот.
- Ние секојпат сме покажувале конструктивност. Секогаш бараме да се најдат решенија и ние ќе продолжиме со тој начин на водење на нашата надворешна политика, рече претседателот Ѓорге Иванов.

Македонија е отворена за дијалог со Бугарија за сите прашања

Македонија е подготвена да разговара секогаш и за секое прашање кое соседна Бугарија го смета за отворено, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
- Ние како држава покажуваме позитивен однос кон сите наши соседи. Сакаме со сите за сите прашања да разговараме и да наоѓаме решенија. Така што нашата конструктивност и овојпат ќе ја покажеме. Очекуваме за секое прашање кое сметаат дека не придонесува за добрососедските односи да се разговара. Медиумите не се место преку кое ќе се пренесуваат пораки, ќе се даваат предлози. За сите прашања мора да се разговара. Ние ја искажавме таа подготвеност, рече Иванов запрашан во врска со противењето на Софија за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија на последниот самит на Советот на ЕУ.

Тој и лично изрази подготвеност за билатерална средба со неговиот бугарски колега.
- Јас сум подготвен во секој момент со бугарскиот претседател да разговараме за сите прашања што сметаат дека се отворени и дека ние не придонесуваме кон нивно разрешување, порача шефот на државата.

Нема потреба од лидерска средба, проблемите да се решаваат во институциите

Нема потреба од лидерска средба за надминување на политичката криза во земјава. Таа треба да се разреши во институциите на системот, смета претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
- Јас сум постојано во комуникација со сите домашни и меѓународни фактори. Меѓутоа, состојбата е таква што ќе оценам кога е моментот за сето тоа ја информирам јавноста. Од последните лидерски средби што ги имавме заклучивме дека сепак проблемите треба да се решаваат таму каде што настануваат. Не смееме институциите да ги празниме и местата на одлучување да ги носиме надвор од институциите, изјави претседателот Иванов по денешната посета на Министерството за надворешни работи.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна оти Македонија е подготвена за организирање фер и демократски локални избори.
- Ако видите како поминаа последните избори без забелешки и со високи оценки на ОБСЕ/ОДХР тоа гарантира дека и овие избори ќе бидат фер. Така што не гледам дека би имало нешто тој тек што го воспоставивме на фер и демократски избори да го пореметиме. Меѓутоа, секогаш зависи од политичките актери како ќе ги спроведат изборите, рече Иванов.

Според него, се уште е рано да се каже дали опозицијата ќе ги исполни најавите за бојкот на изборите.
- До март имаме време во кое можеби ќе дојде до договор. Јас секогаш сум оптимист и верувам дека може да се најде решение ако се разговара. Ако постои дијалог, комуникација, решенијата секојпат се можни, рече претседателот Ѓорге Иванов.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПИТУ ГУЛИ (1865 - 1903)
ПИТУ ГУЛИ, легендарен војвода, деец на македонското револуционерно национално движење. По националност Влав. Роден во Крушево во 1865 год. Живеел во Софија. Како 17-годишно момче вклучен во националноослободителното дело на македонскиот народ. Во 1885 год. со својата чета поминал во Македонија. По разбивањето на четата заробен и испратен на робија, во Мала Азија, каде што во крепоста Дијарбекир одлежал осум години. По робијата се вратил во Крушево и се вклучил во активностите на ВМРО. Во една борба со аскерот (1902), како комита во четата на Тома Давидов е ранет. Префрлен на лекување во Бугарија. Во март 1903 год. со мала чета се вратил во Крушево. Благодарејки на неговата агитација Власите од западна Македонија, особено од Крушево, зедоа активно учество во ВМРО и во Движењето за ослободување на Македонија. Пред Илинден избран за член на Крушевскиот востанически комитет. Во Востанието командувал со голем одред во борбите за ослободување на Крушево. Извонредно храбар. Кога Турците презеле голем контранапад одбил да се повлече со главнината од градот. Со своите комити зазел позиција на Мечкин Камен, решен да го брани Крушево до последниот борец. Херојски загинал на 13 август 1903 год. на врвот Мечкин Камен, над неговото родно Крушево. Една од големите легенди на македонското националослободително движение, опеан од народот.
Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите и против бугарските окупатори.

 
Епиграми

БОДЛИВ ЕТНОС

Можеш да се пишеш патагонец,
египтянин, руснак – какъвто щеш,
но не казвай, че си македонец –
не слагай в гащите си... таралеж!



НАСИЛНИЦИ

От народа - хляба изтръгнаха,
от македонците - и езика!
И гордо към бъдното тръгнаха –
със престъпната си политика!



ЗАКАНАТА НА ГАНЬО

Държавата решил е да прочисти
от рецидивисти, комунисти
мафиоти, крадци, другоцветни –
тъй, че в цяло Българско да светне!

Македонци, турци - все злодеи -
в лагери! Циганите - в бордеи!
Щом за своя идентитет се борят -
държавата му искат да съборят!



АБСУРД

Възможно ли е
на Чака потомците
да бъдат гурите
на македонците?!



ПРОБЛЕМЪТ НА ГАНЬО

В днешните потомци
все още е жив
на Аспаруховата орда
навика крадлив!



ЛОГИЧЕН ВЪПРОС!

Какво могат да откраднат
потомците на световна
Империя
от потомците
на хунска орда -
е МИСТЕРИЯ!?
Въпросът е логичен -
отговорът – двустричен -
ни-що!



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо
е в агония -
пак подлага крак
на Македония!



Златка Дамянова

 
Македонија пее

ДАЛИ ЗНАЕШ ЛИБЕ

Дали знаеш либе,
дали паметуваш,
кога бевме мило либе,
двајца на прошетка.(2)

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
сами тебе душо.(2)

Земи си ножето,
разпарај срцето,
таму ќе си најдеш либе,
две срца вљубени.(2)

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи.(2)



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено,
момчето ти е заспало,
на кара-камен планина,
на сува рида без вода.

Ми поминали ајдуци,
гунчето му го украле,
ај, гунчето му го украле,
в меана му го продале.

В меана му го продале,
за бела луда ракија,
ај, за бела лута ракија,
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.
Ако му го зеле гунчето,
нека ми е живо момчето.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting