Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став:

БУГАРИ И МАКЕДОНЦИ

Стојан Славески


До пред неколку години официјалната позиција на Бугарија беше дека „сите Македонци се Бугари“, а сега се зборува за „постоење на бугарско малцинство“ во Македонија, со што индиректно се признава постоењето на македонската нација

Пред десетина години на една научна конференција, која се одржуваше во Европскиот центар за безбедносни студии, Џорџ К. Маршал, во Гармиш Партенкирхен ми приоѓа еден колега од Бугарија и ми вели: „Зошто Вие Македонците сте толку резервирани кон Бугарите? Па, во Бугарија најдобрите Бугари се Македонци.“ А јас му сериозно му одговорам: „Токму така колега, и во Македонија најлошите Македонци се Бугари“. Тој веројатно не беше подготвен за ваков дрзок одговор од моја страна и за да ја избегне понатамошната дискусија за историските теми го сврте муабетот за други прашања. На што и јас со големо олеснување се согласив.

Во што е суштината на проблемот помеѓу Македонците и Бугарите? Одговорот, лежи во погрешната перцепција за „другиот“. Имено во Бугарија со терминот Македонец се означуваат три нешта.

Најраспространето е видувањето дека Македонец е поим со кој се означува припадник на бугарската нација што потекнува од Пиринска Македонија или, пак, тоа е доселеник од другите делови на Македонија, меѓутоа што има развиено бугарска национална свест. Овие луѓе се прифатени од бугарското општество на ист начин како што се луѓето од другите краеви на Бугарија и многумина од нив се искачиле и до највисоките позиции во владината хиерархија. На овие Македонци мислеше мојот колега кога рече дека „најдобрите Бугари се Македонци“. Покрај тоа, во Бугарија има и граѓани на Република Бугарија што имаат бугарско државјанство, но имаат „македонска национална свест“ и се чувствуваат дел од македонската етничка нација.

Прашање за македонското етничко малцинство во Бугарија може да биде поделено во два дела. Првиот период, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, кога „македонската националност“ беше целосно признаена како посебна националност, и периодот по 1956 година кога Бугарската комунистичка партија одлучи „повеќе да не ја признава посебната македонска националност“. Овие луѓе сè уште се соочуваат со проблемот за слободно изразување на својата етничка припадност и политичко организирање. И последно, под терминот Македонец, Бугарите подразбираат државјанин на Република Македонија, но не и припадник на македонската етничка нација што тие не ја признаваат. Во однос на ова прашање, Петјо Влаков од Институтот за безбедносни и меѓународни студии од Софија мисли дека има напредок во односот на Софија кон македонската нација. Имено, тој наведува дека до пред неколку години официјалната позиција на Бугарија беше дека „сите Македонци се Бугари“, а сега се зборува за „постоење на бугарско малцинство“ во Македонија, со што индиректно се признава постоењето на македонската нација.

Од друга страна, и во Република Македонија, исто така, имаме три видувања за терминот Бугарин. Најраспространето е видувањето дека Бугарин е државјанин на Република Бугарија и припадник на бугарската нација. Понатаму, во Република Македонија постојат, иако тоа државата неволно го признава, граѓани што имаат „бугарска национална свест“ и се сметаат себеси за дел од „бугарската етничка нација“.

Ова прашање, заедно со прашањето за положбата на етничките Македонци во Бугарија, ги оптоварува односите меѓу Македонија и Бугарија веќе подолго време. За прашањето за малцинствата двете страни имаат различно видување. Додека Бугарија не признава какво било македонско малцинство на својата територија Македонија тврди дека нема бугарско малцинство во земјата. Иако во двете држави постојат групи што го тврдат спротивното. И последно, кога ние во Република Македонија сакаме некого да повредиме, дека е превртлив, направил некое подмолно дело, тогаш го употребуваме терминот Бугарин.

Тоа е она на што јас мислев кога му реков на колегата дека „најлошите Македонци се Бугари“.

Овие различни видувања за другиот доведуваат до проблеми во меѓудржавната соработка и заладување на односите. Ова нам не ни е потребно, особено не во период кога очекуваме бугарска поддршка за нашите евроатлантски аспирации. Периодот на демократски промени во Бугарија, исполнувањето на условите за членство во НАТО и во ЕУ не придонесоа многу за подобрување на статусот на македонското малцинство во Бугарија. Македонците во Бугарија ја пропуштија шансата ова прашање да го наметнат како еден од условите што Бугарија требаше да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Како резултат на тоа Македонците во Бугарија сè уште не можат политички да се организираат. Од друга страна, Бугарија од позиција на членка на НАТО и на ЕУ покажува голем интерес за оние што се чувствуваат како Бугари во Македонија и ова прашање го издигнува на рамниште со кое сака да ја условува македонска поддршка за евроатлантските интеграции, што ја зголемува македонската резервираност.

Да ја завршам колумнава на начинот на кој ја почнав. Неодамна враќајќи се од една конференција на аеродромот во Софија чекам во ред за пасошка контрола на шалтерот означен за „сите нации“. Редот се испразни на шалтерот за „бугарските граѓани“ и ме повика полицаецот да се префрлам на тој шалтер. Јас приоѓам и внимателно му велам: „Јас не сум бугарски граѓанин, јас сум Македонец, не знам дали ќе може на овој шалтер“. А тој ми одговара: „Ако де, и Вие сте наши“. „Добро“, му велам, а за да ја избалансирам работата додавам „на Балканот нациите се измешани, колку сме ние ваши толку сте и вие наши“. А тој ме прашува: „Како во Скопје, има ли нови споменици?“. „Секој ден понекој нов никнува“, одговарам, „од Александар Македонски, татко му Филип, мајка му Олимпија до цар Самуил“. Е, вели тој:
„Јас сум Самуилов, ќе мора да дојдам во Скопје да се сликам покрај него“. „Секако“, му одговарам и додавам во негов стил: „Па, тој е Ваш нели?“. „Ах наш“, одговара тој. „Штом Вие споменик му правите мора да е Ваш“. И така во пријателски тон се разделуваме, ми посакува пријатен престој во Бугарија, а јас нему благодарност за завршената работа. Во овие десетина година јас остарев и веројатно се променив, па сега не ги сфаќам толку сериозно дебатите за „ваши“ и „наши“. Како што гледам, и бугарскиот полицаец беше подготвен за шала за овие прашања. Тогаш кога и државните раководства на Македонија и Бугарија ќе им придаваат помала важност на „историските теми“, а повеќе ќе мислат на интересите на граѓаните полесно ќе ги надминеме недоразбирањата помеѓу овие два, многу блиски, соседни народи.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


103 ГОДИНИ
ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ПОЕТ,
АНТИФАШИСТ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТ
НИКОЛА ЙОНКОВ ВАПЦАРОВ
(1909 - 1942)
...Над мойта земя
в небото
опира
Пирин.
И мурите в буря
илинденски приказки пеят
над Охрид лазура е
толкоз просторен и син,
а още надоле
е светлия бряг на Егея...


(Из “Земя”)


“...Трябва мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.”

(Из Доклада, изнесен от Никола Вапцаров пред членовете на Македонския литературен кръжок, 1938 година)

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2013 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2012 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2013 година!


 
Поезия

С Л А Д Ъ К   П Л О Д

Самотен кестен
силен връх издига.
Далеч от своите
близки тук цъфти.
Трепти зората
в клоните зелени - мига.
Задъхано в гърдите,
тежко слънцето тупти.
Сега под клоните
на сянка галеща
раздавам думи - карти...
Времето във жегата трепти.
И всички грешки
стават спорещи,
от мен не сторени,
но срещу мене стрелящи.
Денят се ражда,
стара, тъмна буря страшна
се задава.
Върхът надига
гривата на клоните зелени.
Върхът доказва в боя
свойта вечна слава -
с дълбоки корени и връх,
с корона сред вселената.
Семантата на думите е слънчева.
Цветът на истината
дава сладък плод.
Напъпва утрото
и изгрева
огрява болката
на моя стих и път!



С Л Е Д И Т Е   Н А Ш И

Гергьовски златен дъжд
над стари къщи
и лъки
в този майски час ръми.
Стъклата на прозорците,
затрупани от прах
порочна, с топли пръсти
с гръм изми.
Вековна тежка
стъпка -
подкована, закалена -
по калдъръма
в утрото ехти.
Блести по хълма
жълта, дълга
мокра ивица.
Под нея расне – зрее
царевица мелнишка.
Кълве зърната
с човка черна
черна чужда птица.
Краде от моя сън –
от златото на рида.
Плющи дъждът
над мелнишките
жълти голи ридове.
И рони, носи зряла
царевица от сипея.
На стъпките
следите наши -
звънки, чисти -
верни си остават.
В темелите дълбоки
хъркат вековете.
Венци над тежки
порти свежи греят.
И в бели къщи
в мир потомците живеят.
Желан, дъждът
над всички хора
ненаситно
си вали, вали...
И Пирин
през стъкла измити
на балкона
слуша, гледа.
Червени, бели, сини,
жълти китките
засмени в двора.
Гергьовски...


ПЕТЪР ХРИСТОВ

М А К Е Д О Н И Й О!

Македонийо мила, скъпа майко моя,
дали ще се намери друга по света
с чеда, израснали в горест и неволя,
облята с толкоз мъка, мъка и тъга.

Твоята неземна хубост ли е виновна
да привлича жадни, алчни душмани
та един народ не може да прогледне,
роднини брат с брат да обедини.

Една бразда на име гранична полоса
разряза като с нож родствена душа,
кървяща рана ороси изстрадала земя,
та тя, безплодна, без кълнове остана.

Природата дари те с две незасъхващи очи,
в които бликат чисти изворни води,
протест вековен към кръвожадните сатрапи,
жестоко ослепили твоите юначни войни.

Сега отново цял ръст велик изправи,
незнайно защо все още светът мълчи,
нима векове в борби не се понрави
на някой, да отворят заслепените очи.

Народ, създал история във вековете,
не може да се кланя, да превива гръб,
да сменя името си с имена проклети,
да забравя своите нрави, свой език.

Но идва време, когато, както нашите деди,
ще надигнем мощен глас да бъдем чути,
народ велик сме ние и не се мъчете
да ни кръщавате с думи прословути.


ПЕНЧО АТАНАСОВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting