Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став

ОТИДЕНИ СО МОЗОКОТ

Дарко Јаневски


Значи, секој од нас што се чувствува како Македонец има должност, во согласност со бриселските сфаќања за добрососедство, за своето чувство да се консултира со Атина и со Софија. Односно, може да биде Македонец ако тоа го дозволат нашите соседи од југ и од исток. Не е јасно само како тогаш може да има Грци, кои во исто време се изјаснуваат и како Македонци, а притоа за такво нешто не нé прашале. Добрососедство е само кога ние искажуваме почит или треба да биде и обратно?

- „Вие сте слободни да правите што сакате, а со тоа се разбира доаѓа и одговорноста за постапките ако не ги земете предвид интересот и загриженоста на вашите соседи, зашто и тие се слободни да прават што сакаат. Добрососедството подразбира во таа слобода да се искаже почит кон другиот“, рекол деновиве комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе, на некоја конференција за Западен Балкан. Тоа всушност било дел од неговиот одговор на прашањето дали ние, Македонците, имаме право на колективно и индивидуално самоопределување во согласност со сопствените национални чувства.

Односно дали во 21 век, во 2012 година, во Европа, при чукање на вратите за влез во демократската ЕУ (и НАТО), можеме слободно да се изјасниме на која националност й припаѓаме.

И ете, од Филе добивме дозвола да правиме што сакаме, ама со неколку услови. Прво, да го земеме предвиди интересот на нашите соседи. Потоа, да покажеме загриженост за нивната загриженост ако се изјасниме како Македонци. И на крај, да покажеме и почит за соседите, во овој случај Грци и Бугари, оти очигледно од слободата национално да се изјасниме зависеле добрососедските односи. А тие се критериум за влез и во НАТО и во ЕУ. Со други зборови, ако нашите соседи се загрижени и не е во нивен интерес што се изјаснуваме како Македонци, со тоа не им изразуваме почит и добрососедство, па со самото тоа и немаме слобода да бидеме тоа што сакаме. Односно, слободата на нашите соседи, кои не се Македонци, туку Грци и Бугари, е поголема од нашата слобода. Поинаку кажано, ќе бидеме добри соседи на двете членки на НАТО и ЕУ тогаш кога нема по сопствена волја да се изјаснуваме така како што сакаме. И кога ќе се согласиме на тоа, Брисел ќе не потапка по рамото.

Сега е јасно и каде Евреите во Германија згрешиле пред седумдесетина години. И тие, очигледно, не ги зеле предвид интересите и загриженоста на нацистите. Оти, си велеле, едните си се Германци, другите Евреи и нема никаков судир во нивната слобода. Ама не било така.

Ние, пак, мислевме дека поради такви стравични епизоди од историјата, цивилизираниот свет измислил правила на однесување, во кои спаѓа и тоа дека е забранета нечија дискриминација врз основа на расна или национална припадност. Во недостојната за НАТО и за ЕУ, Македонија, ако некој се обиде да врши притисок врз кој било од друга националност да се изјасни поинаку, ќе заврши во затвор. Така е и во Чешка на Филе, така е и во Португалија на Баросо. Истовремено, низ Европа и светот, секојдневно разни спортски клубови добиваат драстични казни кога нивни навивачи ќе се потсмеваат на играчи од друга раса, обично со црна боја на кожата. Денес е незамисливо да постои некаков клуб, бар, здружение или што било во кое некој нема да може да влезе бидејќи има поинаква боја на кожата.

Но што ако утре „топката“ се сврти, па и луѓето што не се со бела кожа треба да ги земат предвид интересот и загриженоста на соседите, од друга држава или од другата улица, сеедно? Како црните луѓе ќе направат компромис со некоја „отидена“ со мозокот грчка или која било друга влада? Со употреба на штирак? Што ако се покаже дека Грците и Бугарите се загрижени и оценат дека не е добрососедство кога Мекејлеб игра за македонската кошаркарска репрезентација. Можат ли кабинетите на Филе или на Баросо да нé почестат со дел од својата мудрост, цивилизираност и демократичност и да ни одговорат на ова јавно поставено прашање?

Всушност, изгледа дека не е проблемот во националноста на тие од РМ што се сметаат за Македонци, туку во нивната заблуда според која во демократската ЕУ постојат правила според кои можете слободно да ја изразите истата таа националност. Ама не било така. Такви правила немало, што на Филе сигурно му било познато. Како инаку ќе станел еврокомесар? Но ова беше негативното гледање на целата работа. Еве, да се обидеме да бидеме конструктивни, и на истите зборови од еврокомесарот да гледаме и позитивно. Значи, да не гледаме што не можеме, туку за што сме слободни, односно што можеме. Во согласност со бриселската милост, која некако неодоливо потсетува на некогашните времиња, кога се живеело во согласност со султановата милост. Преведено на нашиот спор со Грција, зборовите на Филе би значеле дека ние ќе можеме слободно национално да се самоопределиме, ако притоа покажеме почит кон грчките и бугарските чувства. Значи, секој од нас што се чувствува како Македонец има должност, во согласност со бриселските сфаќања за добрососедство, за своето чувство да се консултира со Атина и со Софија. Односно, може да биде Македонец ако тоа го дозволат нашите соседи од југ и од исток. Не е јасно само како тогаш може да има Грци, кои во исто време се изјаснуваат и како Македонци, а притоа за такво нешто не нé прашале. Добрососедство е само кога ние искажуваме почит или треба да биде и обратно?

Проблемот веројатно би бил решен ако ние, Македонците, се изјасниме како Бугари. Впрочем, такви пораки постојано доаѓаат од Софија. Но тука повторно ќе се јави една дилема, која би сакале еврокомесарот да ни ја појасни. Грците велат дека не можеме да бидеме Македонци, оти такви имало во Грција. Како тогаш можеме да бидеме Бугари, кога нив веќе ги има источно од Крива Паланка? Како тоа не можеме да бидеме Македонци оти Караманлис бил Македонец, а можеме да бидеме Бугари кога и Борисов и тој на неговото место пред него беа Бугари? По ѓаволите, пак е ова некој двоен аршин на истата ЕУ или некој овде е збунет и луд во исто време?

Тука се јавува и уште еден проблем. За Грците, добрососедство е ако ние се откажеме од македонското национално чувство во сегашноста. За Бугарите, добрососедство е ако ние се откажеме од истото чувство, но во минатото. Така, Атина не оспорува нас живите, а Софија ни ги оспорува мртвите. И добиваме комплетна слика за терминот добрососедство, според критериумите за влез во ЕУ.

Преведено на наш јазик тоа значи дека спорот ќе го решиме ако овозможиме друг (на пример, Брисел) да ги моделира нашите национални чувства, а потоа кажеме дека самите сме се го направиле тоа.

Еврокомесарот вели дека ЕУ немала волшебно стапче за ова. Лаже. Не случајно Естонецот Орав добил инструкции да нé нарекува „славомакедонци“. Со едно движење на стапчето, за час, беше направен обид на милион и неколку стотини илјади луѓе во оваа држава да им се инсталира друга националност, да им се интервенира во чувствата. Денес национални, а којзнае веќе утре некоја будалетинка може да се обиде да ни ги моделира и другите чувства. На пример, љубовните! Оти, што ако некому во Атина или Софија му падне на памет дека не е добрососедство ако си ги сакаме своите сопруги или девојки (и обратно), а веќе задутре, како наш сосед, може да биде загрижен и што воопшто ги сакаме тие од спротивниот пол. Оти чувства се чувства. Ако Брисел решил дека тие се услов за влез во ЕУ, тогаш, полето за „културен натпревар“ меѓу народите е широко. Нели, „пан“ Филе?

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


103 ГОДИНИ
ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ПОЕТ,
АНТИФАШИСТ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТ
НИКОЛА ЙОНКОВ ВАПЦАРОВ
(1909 - 1942)
...Над мойта земя
в небото
опира
Пирин.
И мурите в буря
илинденски приказки пеят
над Охрид лазура е
толкоз просторен и син,
а още надоле
е светлия бряг на Егея...


(Из “Земя”)


“...Трябва мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.”

(Из Доклада, изнесен от Никола Вапцаров пред членовете на Македонския литературен кръжок, 1938 година)

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2013 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2012 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2013 година!


 
Поезия

С Л А Д Ъ К   П Л О Д

Самотен кестен
силен връх издига.
Далеч от своите
близки тук цъфти.
Трепти зората
в клоните зелени - мига.
Задъхано в гърдите,
тежко слънцето тупти.
Сега под клоните
на сянка галеща
раздавам думи - карти...
Времето във жегата трепти.
И всички грешки
стават спорещи,
от мен не сторени,
но срещу мене стрелящи.
Денят се ражда,
стара, тъмна буря страшна
се задава.
Върхът надига
гривата на клоните зелени.
Върхът доказва в боя
свойта вечна слава -
с дълбоки корени и връх,
с корона сред вселената.
Семантата на думите е слънчева.
Цветът на истината
дава сладък плод.
Напъпва утрото
и изгрева
огрява болката
на моя стих и път!



С Л Е Д И Т Е   Н А Ш И

Гергьовски златен дъжд
над стари къщи
и лъки
в този майски час ръми.
Стъклата на прозорците,
затрупани от прах
порочна, с топли пръсти
с гръм изми.
Вековна тежка
стъпка -
подкована, закалена -
по калдъръма
в утрото ехти.
Блести по хълма
жълта, дълга
мокра ивица.
Под нея расне – зрее
царевица мелнишка.
Кълве зърната
с човка черна
черна чужда птица.
Краде от моя сън –
от златото на рида.
Плющи дъждът
над мелнишките
жълти голи ридове.
И рони, носи зряла
царевица от сипея.
На стъпките
следите наши -
звънки, чисти -
верни си остават.
В темелите дълбоки
хъркат вековете.
Венци над тежки
порти свежи греят.
И в бели къщи
в мир потомците живеят.
Желан, дъждът
над всички хора
ненаситно
си вали, вали...
И Пирин
през стъкла измити
на балкона
слуша, гледа.
Червени, бели, сини,
жълти китките
засмени в двора.
Гергьовски...


ПЕТЪР ХРИСТОВ

М А К Е Д О Н И Й О!

Македонийо мила, скъпа майко моя,
дали ще се намери друга по света
с чеда, израснали в горест и неволя,
облята с толкоз мъка, мъка и тъга.

Твоята неземна хубост ли е виновна
да привлича жадни, алчни душмани
та един народ не може да прогледне,
роднини брат с брат да обедини.

Една бразда на име гранична полоса
разряза като с нож родствена душа,
кървяща рана ороси изстрадала земя,
та тя, безплодна, без кълнове остана.

Природата дари те с две незасъхващи очи,
в които бликат чисти изворни води,
протест вековен към кръвожадните сатрапи,
жестоко ослепили твоите юначни войни.

Сега отново цял ръст велик изправи,
незнайно защо все още светът мълчи,
нима векове в борби не се понрави
на някой, да отворят заслепените очи.

Народ, създал история във вековете,
не може да се кланя, да превива гръб,
да сменя името си с имена проклети,
да забравя своите нрави, свой език.

Но идва време, когато, както нашите деди,
ще надигнем мощен глас да бъдем чути,
народ велик сме ние и не се мъчете
да ни кръщавате с думи прословути.


ПЕНЧО АТАНАСОВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting