Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став:

ШТО САКА БУГАРИЈА? ЗАШТО ПОДМЕТНУВА КУКАВИЧКИ ЈАЈЦА?

РИСТО НИКОВСКИ


Бугарскиот претседател, Плевнелиев, на комесарот Филе му рекол дека во Македонија има “националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарски чувства и многу административни бариери за бугарскиот бизнис...”. Полошо не можел да каже ама ги измешал картите. Дел од оценките му се измислени а другите апсолутно важат за бугарскиот однос кон Македонија, не обратно. Министерот Младенов порача дека сме имале “малцински претензии...” и дека “Бугарија...нема да дозволи некој да и се плетка во нејзината историја”. Изразот “малцински претензии” е нов и бесмислен. Малцинставата или постојат, или не. Можат да се игнорираат, како што прават Софија и Атина, ама никој не може да ги измисли и со нив да “претендира”. Според премиерот Борисов, ако Македонија сака да биде во НАТО и ЕУ “треба да ги почитува вредностите што таму се признаваат”. Тие биле “Европа без граници, Европа на добрососедство...”. Најслучајно, не спомна дали и малцинствата се европски стандард? Паралелно, во Софија инсистираат заеднички да славиме историски настани.

Што, всушност се случува на нашиот исток? Пред четири, пет години, врвен британски експерт за Балканот, тукушто вратен од Атина, по малку изненаден, раскажуваше за грчките колеги кои го уверувале дека, во понатамошното македонско интегрирање во Европа, место од Атина, сопките се повеќе ќе доаѓале од – Софија. Еве, и тоа време дојде. Бугарија стапува на сцената. Ова беше најавено од нивни европратеници а во медиумите, веќе подолго време, нападите врз Македонија се се пожестоки.

Тоа не треба да изненадува. Позицијата на Софија кон Македонија, во основата, е полоша од таа на Атина. За вториве не е спорно дека ние сме посебна нација, со сопствен јазик... Сакаат само монопол на античкиот бренд “Македонија” и сите деривати. Не не посвојуваат туку сакаат “само” да не прекрстат. Ако прифатиме дека сме Северни, Нови, Горни... со соодветен јазик, тие веднаш ќе не подржат и помогнат. За првите, пак, ние не сме ништо друго освен – (неосвестени) “Бугари”. Зборуваме и бугарски јазик, без да го знаеме тоа. Тврдат дека Македонија е најромантичниот дел од нивната историја а како да забораваат дека токму за да ја освојат, во Втората светска војна, беа на страната на фашизмот и Хитлер. Тоа е сигурно најсрамниот дел од нивната историја ама Македонија им останала во рамките на романтиката. Чудно, многу чудно. Не треба да се заборава и дека Бугарија е крајно загрижена и поради ткн. “антиквизација”, која директно ги руши нивните фантазмагории за наши “бугарски” корени.

Филе наиде на студен прием во Софија. Неговиот последен извештај, со оценките дека Македонија води добра добрососедска политика, сериозно им пречи. Кај нас завладеа одредено задоволство што во извештајот (на “цели” две места) се користи придавката “македонски”. Арно ама, тоа е направено на најбезболен начин за Брисел: “македонски” се “владата” и “институциите” ама не народот, јазикот, црквата... што за нас е клучно. Така е направено за да се задоволат токму Атина и Софија. Ако Филе напишеше “македонски” народ, јазик..., ќе беше дочекан на нож и во Атина, и во Софија.

Идејата заеднички да славиме историски настани не е нова. Пред шест, седум години инсистираа така да се одбележи Илинден, што наиде дури и на разбирање кај тогашниот премиер. Начелно, замислата е навистина прекрасна. Зар има нешто поубаво од заедничко свртување кон историјата и тоа на Балканот? Да се одбира и потенцира тоа што не приближува и спојува а не тоа што (со векови) не конфронтира. Таков избор е можен. Историјата на сите народи во регионов е испомешана и заедничка по многу што. Меѓу Македонија и Бугарија и повеќе отколку кај другите. Немајки своја држава, голем дел од најистакнатите македонски национални дејци прибежиште наоѓале, живееле и твореле токму во Софија и Бугарија. Листата е предолга.

Меѓутоа, оваа бугарска понуда е класично подметнување кукавички јајца. Факт е дека, со поголеми или помали права, дел од историските личности и настани и двете држави ги сметаат за свои. И тоа не мора да биде ништо страшно ако се респектира другиот. Проблем е што целта на Софија е да славиме заедно ама сите како “Бугари”! Тие осознаени а ние (сеуште!) не. Сакаат индиректна потврда дека сме – “Бугари” и дека историјата ни е - заедничка! И, тука е куршлусот. Според истите историски синдроми, поради кои на почетокот на 1940-тите со оружје се обидоа да ја освојат Македонија, сега со итрина сакаат жедни да не пренесат преку вода. Тие не се подготвени да слават двата народа – македонскиот и бугарскиот.

Историски настани заеднички можеме да славиме само како Македонци и Бугари, со претходен усогласен проглас напишан на два рамноправни јазици – бугарскиот и македонскиот. Или, врз основа на договор за пријателство и соработка, кој сега е спорен. Јазиците ни се најблиски, историјата испреплетена ама, ако сакаме исчекор напред, а не назад, Софија прво мора да разбере и прифати дека нашиот македонски мајчин, бабин, прабабин... јазик не произлегува од нашиот Устав. Таму е само забележан како нешто свето и трајно. Дедо Ицо Попе, повеќе пати ни повторуваше дека и татко му и дедо му, кој бил роден некаде околу 1815 година, биле Македонци и зборувале македонски. Историските вистини, кои не се спорни за добронамерните, крајно време е да станат реалност и во Бугарија. Тогаш, никој во Македонија нема да има никакви резерви околу идејата. Ќе може веднаш да се направи најширок план за заеднички прослави, ако треба и за следните 10 години. Се додека Софија не третира како “Бугари” од Македонија, чука на погрешна врата. Таквите овде се малубројни.

Сеништата од минатото, никако да се тргнат од Балканот. Дури ни членство во НАТО и ЕУ не менува некои навики од 19 век. Дури, како да ги засилува? Мислевме дека зад нас е времето кога ни велеа – не гледајте што правиме, слушајте што ви зборуваме. Кога се тврдеше дека тази дупка, не е дупка. Не било баш така.

Непринципиелната политика кон Македонија, филувана со непочитување на меѓународниот правен поредок, која ја спроведуваат Атина и некои најважни светски фактори, е резил за сите нив. Неизбежно, таа имплицира антиисториски амбиции и на други соседи. Се реафирмира лешинарството, како една од најстарите практики. На почетокот на 1990-тите Софија покажа визија и прва ја призна целосно независната македонска држава ама веднаш застана. Не воспоставија дипломатски односи и не пратија амбасадор. Не поентираа. Калкулираа дека ќе се распаднеме и дека повеќе ќе ќарат.

Иако реториката не ни е секогаш сјајна, Македонците немаат негативни предиспозиции према Бугарите. Реагираат единствено во самоодбрана. Негативниот третман на Бугарија во македонските медиуми, не е ниту еден процент од кампањата против оваа земја, која постојано се води кај нив а сега ескалира. Македонскиот народ и неговиот јазик им останале тежок историски синдром. Факт е дека со векови сме се мешале ама сме биле различни. Бугарите биле во поповолна позиција бидејки имале своја држава а ние не. Врз таа основа, го злоупотребуваат тој дел од историјата. Дури и да зборуваме ист јазик не значи дека сме ист народ. Сетете се на Арапите, Латиноамериканците...

Македонците немаат негативни чувства ниту према Грците и покрај сите блокади, игнорирања и малтретирања кои ни ги сервираат веќе 20 години. Стотици илјади Македонци секое лето одат на летовање кај нив и трошат огромни суми пари.

Тоа е своевидна лекција за врвна толеранција. Дали, пак, тоа ни служи на чест, е друго прашање.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


103 ГОДИНИ
ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ПОЕТ,
АНТИФАШИСТ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТ
НИКОЛА ЙОНКОВ ВАПЦАРОВ
(1909 - 1942)
...Над мойта земя
в небото
опира
Пирин.
И мурите в буря
илинденски приказки пеят
над Охрид лазура е
толкоз просторен и син,
а още надоле
е светлия бряг на Егея...


(Из “Земя”)


“...Трябва мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.”

(Из Доклада, изнесен от Никола Вапцаров пред членовете на Македонския литературен кръжок, 1938 година)

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2013 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2012 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2013 година!


 
Поезия

С Л А Д Ъ К   П Л О Д

Самотен кестен
силен връх издига.
Далеч от своите
близки тук цъфти.
Трепти зората
в клоните зелени - мига.
Задъхано в гърдите,
тежко слънцето тупти.
Сега под клоните
на сянка галеща
раздавам думи - карти...
Времето във жегата трепти.
И всички грешки
стават спорещи,
от мен не сторени,
но срещу мене стрелящи.
Денят се ражда,
стара, тъмна буря страшна
се задава.
Върхът надига
гривата на клоните зелени.
Върхът доказва в боя
свойта вечна слава -
с дълбоки корени и връх,
с корона сред вселената.
Семантата на думите е слънчева.
Цветът на истината
дава сладък плод.
Напъпва утрото
и изгрева
огрява болката
на моя стих и път!



С Л Е Д И Т Е   Н А Ш И

Гергьовски златен дъжд
над стари къщи
и лъки
в този майски час ръми.
Стъклата на прозорците,
затрупани от прах
порочна, с топли пръсти
с гръм изми.
Вековна тежка
стъпка -
подкована, закалена -
по калдъръма
в утрото ехти.
Блести по хълма
жълта, дълга
мокра ивица.
Под нея расне – зрее
царевица мелнишка.
Кълве зърната
с човка черна
черна чужда птица.
Краде от моя сън –
от златото на рида.
Плющи дъждът
над мелнишките
жълти голи ридове.
И рони, носи зряла
царевица от сипея.
На стъпките
следите наши -
звънки, чисти -
верни си остават.
В темелите дълбоки
хъркат вековете.
Венци над тежки
порти свежи греят.
И в бели къщи
в мир потомците живеят.
Желан, дъждът
над всички хора
ненаситно
си вали, вали...
И Пирин
през стъкла измити
на балкона
слуша, гледа.
Червени, бели, сини,
жълти китките
засмени в двора.
Гергьовски...


ПЕТЪР ХРИСТОВ

М А К Е Д О Н И Й О!

Македонийо мила, скъпа майко моя,
дали ще се намери друга по света
с чеда, израснали в горест и неволя,
облята с толкоз мъка, мъка и тъга.

Твоята неземна хубост ли е виновна
да привлича жадни, алчни душмани
та един народ не може да прогледне,
роднини брат с брат да обедини.

Една бразда на име гранична полоса
разряза като с нож родствена душа,
кървяща рана ороси изстрадала земя,
та тя, безплодна, без кълнове остана.

Природата дари те с две незасъхващи очи,
в които бликат чисти изворни води,
протест вековен към кръвожадните сатрапи,
жестоко ослепили твоите юначни войни.

Сега отново цял ръст велик изправи,
незнайно защо все още светът мълчи,
нима векове в борби не се понрави
на някой, да отворят заслепените очи.

Народ, създал история във вековете,
не може да се кланя, да превива гръб,
да сменя името си с имена проклети,
да забравя своите нрави, свой език.

Но идва време, когато, както нашите деди,
ще надигнем мощен глас да бъдем чути,
народ велик сме ние и не се мъчете
да ни кръщавате с думи прословути.


ПЕНЧО АТАНАСОВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting