(По македонскиот печат)
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов испрати писмо на 06.08. т. г. до рускиот претседател Владимир Путин во кое се заблагодарува на признавањето на Република Македонија од страна на Руската Федерација пред дваесет години под нашето уставно име.
Денес нив ги карактеризираат исклучително високо политичко ниво и развиена соработка во голем број области, изградена правна рамка на билатерални документи, дух на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, што е во согласност со долгата историска, духовна и културна, традиција меѓу нашите народи, како и економските интереси чие зацврстување е заеднички императив - стои во писмото. |