(По македонскиот печат)
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ зборува за односите меѓу Македонија и Грција, за прашањето за името, за претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, за одлуката на судот во Хаг, за евроатлантските текови на нашата земја, за спомениците и именувањето улици...
Не, и нема враќање назад. Македонија е единствена меѓу земјите на Балканот со својот функционален модел на соработка меѓу различни етнички заедници, модел кој предвидува дека Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите и другите етнички заедници имаат право на глас при донесување на одлуки на централно или локално ниво. Ова е систем кој сè уште се развива, но систем кој докажа дека може да ги издржи притисоците што природно се јавуваат во сите балкански земји. Нашиот модел на интеграција без асимилација, кој е модел кој се темели на вековни традиции, на ниеден начин не може да биде вознемирен од поединечни инциденти. |