Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија:
ЧЕКАМЕ ГРЦИJА ДА СЕ ПОМЕСТИ ОД ТВРДИТЕ ПОЗИЦИИ
(Преземено од „Дневник“)
Македонскиот новинар Бранко Ѓорѓевски зеде интервју по актуелни политички проблеми од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Интервјуто беше објавено од в. „Дневник“. Денес весник „Народна волја“ го објавува за своите читатели.
Ова е една долготрајна тема што излегува на површината секогаш кога Македонија се соочува со пречки на евроатлантскиот пат поставени од страна на Грција. Сметам дека е крајно неодговорно, ако веќе сите знаеме дека јавна и отворена политика на Грција е да го попречува членството на Македонија во Европската Унија и во НАТО, од тоа да произлегуваме со заклучок дека некако Македонија загубила интерес или желба за членство.
Исторически истини от български учени - История на Македония до 336 година преди Христа
ЦАР ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ
д-р Гаврил Кацаров
(Продолжува од минатиот број)
Вътрешни бъркотии в Македония. – Орест, Архелай II, Павсаний, Аминта II и Аминта III. – Съюз между Олинт и Македония. – Аминта III и Спарта, борби с Олинт. – Отношенията на Аминта III към елинските държави, Александър II, Птоломей Алорски, намеса на Тива в Македония. – Пердика III и отношенията му към Атина. – Илирите и пеонците нападат Македония. – Общ поглед върху старата македонска история.
Периодът на македонската история от смъртта на Архелая до възцаряването на Филип II е пълен с бури и бъркотии, както вътрешни, тъй и външни. Царската власт станала играчка в ръцете на разни претенденти, не един цар бил премахнат насилствено; външни неприятели, възползувани от тая анархия, нахълтвали в Македония за завоювания и грабежи.
Груевски:
ПОСЕТАТА НА ЧЕТИРИТЕ СКАНДИНАВСКИ ДРЖАВИ ПОМИНА УСПЕШНО, ПОСТИГНАТА Е ЦЕЛТА
(Преземено од МИА)
Посетата на четирите скандинавски држави, Шведска, Финска, Данска и Норвешка, помина успешно, постигната е целта, оцени премиерот Никола Груевски.
- Се сретнавме и извршивме презентација пред над 200 компании во овие четири држави и со голем дел од нив имавме поединечни средби на коишто се распрашуваа за детали поврзани со нивниот сектор, односно бизнисот којшто го работат. Верувам дека дел од нив во наредните месеци или година ќе дојдат да поработат повеќе на подготовки за отворање на нивни компании во Македонија и правење бизнис или инвестирање во Македонија, изјави македонскиот премиер.
Видов, нагласи дека компаниите тука многу малку знаат за Македонија, и за предностите коишто ги нуди државата за инвестирање.
Мешовитиот комитет од Брисел препорача:
ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ГОДИНАВА, ПОЧИТУВАЊЕ НА ХАШКАТА ПРИСУДА И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ
(Преземено од МИА)
На Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 7 јуни 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г.Беким Фазлиу, заменик-член.
НАРОДНА ВОЛЈА
Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година
Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.
Македонија пее
СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА
Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)
Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)
Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)
Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.
Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.