Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Се навршуваат 68 години од денот кога жителите на Скопје ја дочекаа и ја славеа слободата

СКОПЈЕ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО - 13 НОЕМВРИ

(Преземено од МИА)


Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации, денеска се одбележува 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.
- Денес се навршуваат 68 години од денот кога жителите на Скопје ја дочекаа и ја славеа слободата, 13 Ноември далечната 1944 година. Од тој ден, Скопје пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој. Затоа и денес, гордо стоиме тука, пред овој споменик во чест на ослободителите на нашиот главен град. Тука сме уште еднаш да ја оддадеме нашата длабока почит на сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на градот Скопје и на сите преживеани борци, кои пред нас и овој пат сведочат за еден од најсветлите денови од историјата на нашиот град, истакна градоначалникот Коце Трајановски во своето обраќање пред Споменикот на ослободителите, пред плато на Владата.
Тој потенцира дека од моментот на ослободувањето, па се до денес, Скопје континуирано се гради и развива.
- Никнуваат нови станбени населби, улици и булевари, нови неопходни институции што го следат развојот на градот, нови урбани простори и облагородени градски места. Скопје со својот економски, образовен, научен и културен капацитет како главен град на Република Македонија има огромно значење и одговорност за вкупниот напредок на нашата земја и за нејзината заложба за рамноправно членство во евроатлантските интеграции, рече Трајановски.
И по речиси седум децении развој, како што рече, со уште позасилен интензитет, изградбата незапирливо продолжува.
- Скопје денес блеснува во полн сјај со реновираните, модернизирани и проширени булевари, разубавени паркови и плоштади, рече Трајановски.
Трајко Стаматоски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна истакна дека извојуваната слобода е дело на целиот македонски народ па затоа таа мора да се чува како најголема светост од сите и во сите времиња, без оглед на тоа која констелација ја има во моментот власта во земјата.
Во рамки на одбележувањето на 13 Ноември пред Споменикот на ослободителите, цвеќиња положија и повеќе делегации, од Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна - Скопје, од Град Скопје, делегација од Собранието на Република Македонија, од Владата, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана, ГШ и АРМ, делегација од дипломатскиот кор во Македонија, делегации од повеќе скопски општини, политички партии, институции... Химната на Република Македонија ја интонираше Градскиот дувачки оркестар.
Градоначалникот Коце Трајановски утрово се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Потоа делегација на град Скопје, предводена од градоначалникот Трајановски положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта Бутел.
Предвидено е градоначалникот Трајановски попладнево да ги посети штитениците во Клубот на Здружението на пензионери „Солидарност“, што се наоѓа во населбата Аеродром, каде се одржува традиционалниот шаховски турнир на пензионерите на Град Скопје.
Настаните за чествување на Денот на ослободување на Скопје - 13 Ноември ќе продолжат вечер, во 18:30 часот, во Фоајето на Македонската опера и балет, со отворањето на традиционалната изложба на уметничките дела создавани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2012“, што секоја година се одржува во хотелот „Арка“ во Старата скопска чаршија.
По отворањето на изложбата во МОБ, градоначалникот Коце Трајановски ќе им ги врачи признанијата на добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје“ за 2012 година. Професорите Јове Кекеновски и Александар Трајановски се добитници на наградата „13 Ноември“ во областа на науката, а Асани Џеладин и ЈП „Службен весник“ на РМ во областа на публицистиката. М-р Викторија Наумоска Еремеева е добитник на наградата во областа на образованието и воспитувањето, а Бранко Цветкоски во областа на културата. Од областа на спортот наградени се Томи Александровски и Венцислав Недев, а Здружението за развој на ромската заедница - СУМНАЛ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА Скопје во областа на хуманитарната активност и социјалната заштита. Во категоријата ученици и студенти, наградени се Анастасија Сековска Аврамовска (средношколец), Харис Бабачиќ и Елмедина Хасани.
Во рамки на централната манифестација по повод одбележувањето на 68-годишнината од ослободувањето на Скопје, во 20 часот во МОБ ќе биде изведена обновената опера „Лидија од Македонија“, чиј композитор е Ристо Аврамовски, а под диригентската палка на гостинот од Италија, Алесандро Д’ Агостини.
Операта е во два дела, а режисер на претставата е Пламен Карталов од Бугарија. Праизведбата на оваa опера беше на 9 Мај 2005 година на сцената на МОБ. Солисти во операта се Весна Гиновска – Илкова, Игор Дурловски, Горан Начевски, Ѓорѓи Цуцковски, Ернес Ибраимовски, Ана Ројдева – Талевска, Олгица Милевска, Марика Поповиќ, Катерина Бошковска, Игор Гиновски, Димитар Кожухаров, Дејан Стоев, Зоран Даскаловски, Кристијан Антовски, Викторија Јанкуловска и Драган Ампов.
Од 09 до 17 часот во Домот на АРМ ќе биде организирана традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје.
По повод одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје, овој месец се реализираа повеќе спортски манифестации, како планинарската тура на студентите во Скопје „Водно 2012“, турнир во мал фудбал на јавни претпријатија на Град Скопје, Меѓународен кугларски турнир „Скопје Опен 2012“, кајак спуст по реката Вардар и ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.
На 13 Ноември пред 68 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.
По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 Ноември 1944 година градот бргу се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Република Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


103 ГОДИНИ
ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ПОЕТ,
АНТИФАШИСТ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТ
НИКОЛА ЙОНКОВ ВАПЦАРОВ
(1909 - 1942)
...Над мойта земя
в небото
опира
Пирин.
И мурите в буря
илинденски приказки пеят
над Охрид лазура е
толкоз просторен и син,
а още надоле
е светлия бряг на Егея...


(Из “Земя”)


“...Трябва мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.”

(Из Доклада, изнесен от Никола Вапцаров пред членовете на Македонския литературен кръжок, 1938 година)

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2013 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2012 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2013 година!


 
Поезия

С Л А Д Ъ К   П Л О Д

Самотен кестен
силен връх издига.
Далеч от своите
близки тук цъфти.
Трепти зората
в клоните зелени - мига.
Задъхано в гърдите,
тежко слънцето тупти.
Сега под клоните
на сянка галеща
раздавам думи - карти...
Времето във жегата трепти.
И всички грешки
стават спорещи,
от мен не сторени,
но срещу мене стрелящи.
Денят се ражда,
стара, тъмна буря страшна
се задава.
Върхът надига
гривата на клоните зелени.
Върхът доказва в боя
свойта вечна слава -
с дълбоки корени и връх,
с корона сред вселената.
Семантата на думите е слънчева.
Цветът на истината
дава сладък плод.
Напъпва утрото
и изгрева
огрява болката
на моя стих и път!



С Л Е Д И Т Е   Н А Ш И

Гергьовски златен дъжд
над стари къщи
и лъки
в този майски час ръми.
Стъклата на прозорците,
затрупани от прах
порочна, с топли пръсти
с гръм изми.
Вековна тежка
стъпка -
подкована, закалена -
по калдъръма
в утрото ехти.
Блести по хълма
жълта, дълга
мокра ивица.
Под нея расне – зрее
царевица мелнишка.
Кълве зърната
с човка черна
черна чужда птица.
Краде от моя сън –
от златото на рида.
Плющи дъждът
над мелнишките
жълти голи ридове.
И рони, носи зряла
царевица от сипея.
На стъпките
следите наши -
звънки, чисти -
верни си остават.
В темелите дълбоки
хъркат вековете.
Венци над тежки
порти свежи греят.
И в бели къщи
в мир потомците живеят.
Желан, дъждът
над всички хора
ненаситно
си вали, вали...
И Пирин
през стъкла измити
на балкона
слуша, гледа.
Червени, бели, сини,
жълти китките
засмени в двора.
Гергьовски...


ПЕТЪР ХРИСТОВ

М А К Е Д О Н И Й О!

Македонийо мила, скъпа майко моя,
дали ще се намери друга по света
с чеда, израснали в горест и неволя,
облята с толкоз мъка, мъка и тъга.

Твоята неземна хубост ли е виновна
да привлича жадни, алчни душмани
та един народ не може да прогледне,
роднини брат с брат да обедини.

Една бразда на име гранична полоса
разряза като с нож родствена душа,
кървяща рана ороси изстрадала земя,
та тя, безплодна, без кълнове остана.

Природата дари те с две незасъхващи очи,
в които бликат чисти изворни води,
протест вековен към кръвожадните сатрапи,
жестоко ослепили твоите юначни войни.

Сега отново цял ръст велик изправи,
незнайно защо все още светът мълчи,
нима векове в борби не се понрави
на някой, да отворят заслепените очи.

Народ, създал история във вековете,
не може да се кланя, да превива гръб,
да сменя името си с имена проклети,
да забравя своите нрави, свой език.

Но идва време, когато, както нашите деди,
ще надигнем мощен глас да бъдем чути,
народ велик сме ние и не се мъчете
да ни кръщавате с думи прословути.


ПЕНЧО АТАНАСОВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting