Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став:

БУГАРСКИОТ ИНТЕРЕС КОНТРА МАКЕДОНИЈА

Дарко Јаневски


Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов ги обиколува европските престолнини и најблаго кажано, ја кодоши Македонија дека не била примерен кандидат за добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Така, велат во Бугарија, ги штител бугарските национални интереси, бидејќи Македонија ја крадела бугарската историја и не ги менувала своите учебници. Со тоа, тој директно се става во улога на грчка продолжена рака. Ја спроведува грчката агенда и ја разводнува грчката вина за блокадата врз нашата земја.
Сакале тоа или не, на овој начин Бугарите си наметнаа улога на грчки потрчковци. Оти, реално гледано, бугарски национален интерес не е Македонија да остане надвор од ЕУ, како што во 1992 година бугарски национален интерес не беше Република Македонија да остане дел од Југославија, туку да излезе надвор од српската сфера на влијание. Овој дел од етничка Македонија беше плен на Србија во текот на балканските војни и Бугарија тоа никогаш не го прежали. Тогашниот бугарски претседател Жељу Желев тоа многу добро го сфати, па не случајно лобираше кај рускиот претседател Борис Јелцин да ја признае независноста на нашата земја. На тој начин делумно беше анулиран еден дел од Букурешката мировна конференција во 1913 година, чија ревизија, впрочем, беше вековна желба на Бугарија.
Сега, со перспективната можност, Република Македонија како дел од ЕУ, по природен пат да стане основа за обединување на регионот Македонија, се создава цивилизирана реалност за уште едно исправање на неправдата од Букурешт, сеедно што етничката структура на регионот е драстично изменета во однос на 1913 година. Но, тоа обединување е на сосема друга основа и нема врска ниту со промена на граници, ниту со нарушување на територијалниот интегритет на државите. Впрочем, тој предлог за единствена Македонија, соодветен на тогашното време, бугарската делегација го имаше ставено на маса и на конференцијата пред 99 години. Одеднаш, на денешна Бугарија и пречи тоа. Која е логиката? Ја нема, освен ако не се гледа низ диоптерот на некогашните комунистички служби, чии поданици очигледно имаат зафатено добри места во владата на Бојко Борисов и кои не успеваат со ништо друго да се нахранат, освен со перманентна антимакедонска политика и со перманентно обвинување на Република Македонија дека води некаква антибугарска пропаганда.
Наспроти тоа, како што рековме, за Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, меѓу две меѓусебни префрлувања за тоа како Македонците се „боклук“ (ѓубре) народ и „измислена држава“ (од бугарска страна) и како Бугарите се „татарско невредно племе“ (од македонска страна), нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престолнини. За Бугарија би требало да стане национален интерес и од македонска страна да има можности да се врши притисок врз структурите во Брисел што решаваат за делење на европските фондови, за да може полесно да се добијат пари за создавање на една модерна и брза трансферзала од Скопје до Бургас и Варна. Денес е потешко од Скопје да се стигне до Софија, отколку што во 1903 година можело да се стигне од Солун, како главен македонски град, до престолнината на Бугарија. Како е тоа можно, веројатно не му е јасно ни на самиот Младенов. Не се белки за тоа виновни неколку напалени антибугарски настроени јавни личности во Македонија, какви што ги има, во неброен ред, и од другата стана на нашата источна граница. Како е можно меѓу двете држави, во кои степенот на сиромаштија е катастрофално голем, во кои просечната плата, за тие што ја примаат, едвај надминува 300 евра, главно прашање за еден министер за надворешни работи и за еден премиер на држава да биде чиј бил Гоце Делчев? Еве ние немаме проблем со тоа што Бугарите го сметаат за нивен. Зошто тогаш по ѓаволите ним им пречи што за нас тој е Македонец, кој се борел не за Бугарија, туку за Македонија. Во крајна линија, во 1912 и 1913 година, значи во оној дел од историјата на кој се повикува Младенов, за Бугарија немало поголем непријател од Грција и Србија (сеедно што имале потпишано едно чудо договори за сојузништво пред почетокот на Првата балканска војна). Па, против кого бугарскиот генерал Савов ги испалил топовските ѓулиња во 1913 година? Да не била тоа грчката војска? И може ли Младенов да ја препрочита таа лекција пред да продолжи со кодошкиот бизнис низ Европа, со што наводно ги штити бугарските национални интереси, а всушност работи на грчката кауза, не обидувајќи се да сфати ниту една буква од лекциите што српскиот претседател Николиќ се обидува да ги наметне во изминатите денови? Впрочем, прашањето е многу едноставно. Како е можно еден бугарски министер за надворешни работи, кој смета дека населението во Македонија - историски гледано - е бугарско, да се стави во служба на една земја како Грција, која на тоа исто население во 1913 година му ги вадела на живо очите и тоа исто население живо ги фрлало во оган? Тоа е бугарски национален интерес?
Чудото е уште поголемо ако се знае дека во овој момент, наспроти некаков си умерен оптимизам што се гради, а според кој Македонија во декември би можела да добие датум за преговори, реално гледано, не постои ниту еден аргумент што би бил солиден, а врз чија основа може да се очекува Грција и владата на Самарас тоа да го дозволат. Со други зборови кажано, ако позицијата на Грција не се променила по однос на тоа прашање, која е логиката Бугарија да се истопорува како кочничар на нашата држава кога таа улога сосема добро ја игра и ќе ја игра Грција?
Сето тоа всушност покажува кој за кого игра. А, во овој момент, очигледно, Младенов не игра за земјата чиј министер е, туку за некој друг.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


103 ГОДИНИ
ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ПОЕТ,
АНТИФАШИСТ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТ
НИКОЛА ЙОНКОВ ВАПЦАРОВ
(1909 - 1942)
...Над мойта земя
в небото
опира
Пирин.
И мурите в буря
илинденски приказки пеят
над Охрид лазура е
толкоз просторен и син,
а още надоле
е светлия бряг на Егея...


(Из “Земя”)


“...Трябва мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.”

(Из Доклада, изнесен от Никола Вапцаров пред членовете на Македонския литературен кръжок, 1938 година)

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2013 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2012 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2013 година!


 
Поезия

С Л А Д Ъ К   П Л О Д

Самотен кестен
силен връх издига.
Далеч от своите
близки тук цъфти.
Трепти зората
в клоните зелени - мига.
Задъхано в гърдите,
тежко слънцето тупти.
Сега под клоните
на сянка галеща
раздавам думи - карти...
Времето във жегата трепти.
И всички грешки
стават спорещи,
от мен не сторени,
но срещу мене стрелящи.
Денят се ражда,
стара, тъмна буря страшна
се задава.
Върхът надига
гривата на клоните зелени.
Върхът доказва в боя
свойта вечна слава -
с дълбоки корени и връх,
с корона сред вселената.
Семантата на думите е слънчева.
Цветът на истината
дава сладък плод.
Напъпва утрото
и изгрева
огрява болката
на моя стих и път!



С Л Е Д И Т Е   Н А Ш И

Гергьовски златен дъжд
над стари къщи
и лъки
в този майски час ръми.
Стъклата на прозорците,
затрупани от прах
порочна, с топли пръсти
с гръм изми.
Вековна тежка
стъпка -
подкована, закалена -
по калдъръма
в утрото ехти.
Блести по хълма
жълта, дълга
мокра ивица.
Под нея расне – зрее
царевица мелнишка.
Кълве зърната
с човка черна
черна чужда птица.
Краде от моя сън –
от златото на рида.
Плющи дъждът
над мелнишките
жълти голи ридове.
И рони, носи зряла
царевица от сипея.
На стъпките
следите наши -
звънки, чисти -
верни си остават.
В темелите дълбоки
хъркат вековете.
Венци над тежки
порти свежи греят.
И в бели къщи
в мир потомците живеят.
Желан, дъждът
над всички хора
ненаситно
си вали, вали...
И Пирин
през стъкла измити
на балкона
слуша, гледа.
Червени, бели, сини,
жълти китките
засмени в двора.
Гергьовски...


ПЕТЪР ХРИСТОВ

М А К Е Д О Н И Й О!

Македонийо мила, скъпа майко моя,
дали ще се намери друга по света
с чеда, израснали в горест и неволя,
облята с толкоз мъка, мъка и тъга.

Твоята неземна хубост ли е виновна
да привлича жадни, алчни душмани
та един народ не може да прогледне,
роднини брат с брат да обедини.

Една бразда на име гранична полоса
разряза като с нож родствена душа,
кървяща рана ороси изстрадала земя,
та тя, безплодна, без кълнове остана.

Природата дари те с две незасъхващи очи,
в които бликат чисти изворни води,
протест вековен към кръвожадните сатрапи,
жестоко ослепили твоите юначни войни.

Сега отново цял ръст велик изправи,
незнайно защо все още светът мълчи,
нима векове в борби не се понрави
на някой, да отворят заслепените очи.

Народ, създал история във вековете,
не може да се кланя, да превива гръб,
да сменя името си с имена проклети,
да забравя своите нрави, свой език.

Но идва време, когато, както нашите деди,
ще надигнем мощен глас да бъдем чути,
народ велик сме ние и не се мъчете
да ни кръщавате с думи прословути.


ПЕНЧО АТАНАСОВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting