Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервуј со Александар Николоски, шеф на македонската делегација во Советот на Европа

ГРЦИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ОБЈАСНУВА КАКО СЕ ОДНЕСУВА КОН МАЛЦИНСТВАТА

ФРОСИНА ДИМЕСКА
(Преземено од МИА)



Пратеникот Александар Николоски, кој е шеф на македонската парламентарна делегација при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), деновиве на пленарна сесија побара отворање набљудувачка процедура за односот на Грција кон малцинствата што живеат на нејзината територија. Во разговорот за „Нова Македонија“ вели дека е можно процедурата да заврши и Грција да биде ставена во отворен процес, во кој ќе мора да објаснува зошто се однесува така кон своите малцинства.

- Господине Николоски, како реагираа вашите колеги во Советот на Европа кога го изложивте ваквото барање?

- Веќе има најава од неколку големи делегации дека ќе дадат поддршка, така што во следниот период ќе работиме на комуникацијата со што е можно поголем број делегации за да добиеме што е можно поголема поддршка. Целта на предлогот е да се анализира односот на Грција кон малцинствата, пред сe кон македонското, турското, албанското, влашкото и ромското население, кое живее таму. Идејата е во текот на оваа сесија, како и меѓу двете сесии, односно до следната во јануари, да се соберат што е можно повеќе потписи за поддршка на оваа резолуција.

- Одлуката за отворање на набљудувачкиот процес за Грција може да ја донесе комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, но претходно тоа треба да го побараат 20 члена од шест различни делегации. Каков е вашиот впечаток од разговорот со колегите, можно ли е да се случи ова?

- Можно е. Затоа и одлучивме да ја поднесеме.

- Предложената резолуција е отворена за потпишување. Како се одвива потпишувањето досега?

- Дефинитивно има заинтересираност. Нашата идеја не е само да има дваесет потписи, колку што формално е потребно за да се поднесе, туку да се соберат што е можно повеќе потписи за да имаме и што е можно поголема поддршка.

- Колку е вообичаено ПССЕ да врши контрола за вакви прашања врз земји-членки на Европската Унија ако се земе предвид фактот дека се очекува тие што се веќе внатре да ги почитуваат малцинските прашања?

- Тоа не може да се поврзе едно со друго. На пример, Бугарија е во постмониторинг-дијалог, иако веќе е членка на Европската Унија. Тоа што сега е ново е дека првпат во рамки на Советот на Европа се бара отворање на мониторинг-дијалог со земја-членка што досега никогаш не била под мониторинг.

- Лошиот однос на Грција кон малцинствата досега беше нотиран во неколку извештаи, но освен забелешките нема никакви помрднувања во насока на подобрување на состојбите. Кој би бил ефектот од евентуалниот мониторинг на ПССЕ?

- Ние сега Грција ја ставаме под еден отворен процес во кој во следниот период ќе треба да објаснува како се однесува кон малцинствата и зошто се однесува така. Сметам дека самото отворање на прашањето е значајно, а доколку се отвори набљудувачки процес, тогаш ќе се спроведат сите механизми на Советот на Европа за набљудување на овие процеси. Доколку се отвори таков процес, тогаш се поднесуваат и извештаи, кои доколку се усвојат од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа, се обврзувачки за земјата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Македонија Пее

ТРГНАЛО МИ ЛУДО МЛАДО

Тргнало ми лудо младо
за Солунски пазар
и на моме проговара
рачај, порачувај.

Рачај, порачувај моме,
што да ти донесам,
срмено елече, моме,
или ѓерданче.

Купи лудо, купи младо,
што ти срце сака,
што ти срце сака лудо,
што го нема тука.



СЕ СОБРАЛЕ КОМИТИТЕ

Се собрале комитите
Ќе ми одат суво поле
напред оди војводата
војводата Јордан Пиперка.

ќе ми фаЌат мете ризи
Ќе ми го чекат Алил Паша
што ја грабил руса Стојна
руса Стојна од мало црско.

Проговара војводата
да слеземе долу Брезово
да го венчаме Алил Паша
за невеста остра сабја.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting