Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Република Македонија очекува:

ФРАНЦУСКА ПОДДРЖКА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

(Преземено од МИА)


Македонија очекува поддршка и од Франција за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, му посочил министерот за надворешни работи Никола Попоски на францускиот претседател Франсоа Оланд, на средбата на маргините на 14. Самит на франкофонијата, кој се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго.

Попоски нагласил дека Европската комисија четврти пат препорача почеток на преговори со Македонија, потврдувајќи ја подготвеноста на земјата за преминување во следната фаза од процесот на интеграција во ЕУ.

Шефот на дипломатијата кој ја предводи македонската делегација на Самитот на франкофонијата, оствари повеќе неформални средби и со негови колеги од земјите-членки на Меѓународната организација на франкофонијата. Попоски имаше неформални средби со премиерите на Луксембург, Либан и на Монако, со заменик-премиерот на Белгија, како и со министрите за надворешни работи на Ерменија, Лаос, Сенегал, Екваторијална Гвинеја, Валонија и Квебек. Акцент на средбите, како што соопштува МНР, бил ставен на глобалните предизвици во контекст на економскиот развој и регионалните интеграции.

Франкофонијата ја сочинуваат 49 земји членки, четири придружни земји и 10 земји со статус на набљудувачи на самитите на оваа организација. Македонија стана полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата на Самитот што се одржа во Букурешт, Романија, во 2006 година.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Македонија Пее

ТРГНАЛО МИ ЛУДО МЛАДО

Тргнало ми лудо младо
за Солунски пазар
и на моме проговара
рачај, порачувај.

Рачај, порачувај моме,
што да ти донесам,
срмено елече, моме,
или ѓерданче.

Купи лудо, купи младо,
што ти срце сака,
што ти срце сака лудо,
што го нема тука.



СЕ СОБРАЛЕ КОМИТИТЕ

Се собрале комитите
Ќе ми одат суво поле
напред оди војводата
војводата Јордан Пиперка.

ќе ми фаЌат мете ризи
Ќе ми го чекат Алил Паша
што ја грабил руса Стојна
руса Стојна од мало црско.

Проговара војводата
да слеземе долу Брезово
да го венчаме Алил Паша
за невеста остра сабја.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting