Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов:

ЌЕ РЕАГИРАМЕ СЕКОГАШ КОГА СЕ ПОСЕГНУВА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

(Преземено од МИА)


Идентитетот на еден народ спаѓа во оние базични категории за кои не може да се прави компромис со никого, истакна денеска претседателот Ѓорѓе Иванов, одговарајќи на новинарско прашање за враќањето на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК и за неговите најави дека нема да го прими документот ако таа биде повторно изоставена.

Иванов, во изјавата за медиумите на маргините на одбележувањето на 45-годишнината од формирањето на МАНУ, оцени дека вределе сите настојувања и политички битки за „македонски“ да се врати во извештајот.

- Како што се вели меѓу народот, ако не се борите, однапред сте изгубиле. Затоа толку бев упорен токму за ова затоа што во изминатите два извештаја на ЕК тоа беше изоставено. Секогаш сум реагирал и ќе продолжам да реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого. И затоа тоа треба да биде пример секојпат кога настојуваме нешто што е наше, а што им припаѓа и на други, а нам ни е ускратено мора вака да се реагира, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Шефот на државата поради изоставувањето на „македонски“ во претходните два извештаја на ЕК, лани и во 2010 година испрати писма до претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо во кое му укажа дека таквата практика на Брисел ги навредува чувствата на македонскиот народ. Иванов во писмата до Баросо нагласи и дека тоа не помага ниту за изнаоѓање решение за наметнатиот спор за името од страна на Грција. Претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија најави и дека нема да го прими новиот извештај на ЕК ако во него не е содржана придавката „македонски“.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај

Македонија Пее

ТРГНАЛО МИ ЛУДО МЛАДО

Тргнало ми лудо младо
за Солунски пазар
и на моме проговара
рачај, порачувај.

Рачај, порачувај моме,
што да ти донесам,
срмено елече, моме,
или ѓерданче.

Купи лудо, купи младо,
што ти срце сака,
што ти срце сака лудо,
што го нема тука.



СЕ СОБРАЛЕ КОМИТИТЕ

Се собрале комитите
Ќе ми одат суво поле
напред оди војводата
војводата Јордан Пиперка.

ќе ми фаЌат мете ризи
Ќе ми го чекат Алил Паша
што ја грабил руса Стојна
руса Стојна од мало црско.

Проговара војводата
да слеземе долу Брезово
да го венчаме Алил Паша
за невеста остра сабја.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting