Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Со посредништво на американски дипломати од Скопие

ВАШИНГТОН ПРИТИСКА СПОРОТ ДА СЕ РЕШИ ДО ДЕКЕМВРИ

(Преземено од Дневник)


Владата на грчкиот премиер Андонис Самарас е под силен притисок од Вашингтон за да може Македонија што е можно поскоро да стане членка на НАТО. Ова вчера го објави грчкиот весник „Пондики“, кој пишува дека минатата недела американски дипломати од Амбасадата на САД во Скопје биле во грчкото МНР. Главната цел на САД е да ги смести под чадорот на НАТО сите балкански земји, а прашањето за името се смета за пречка. Од оваа причина, Американците наводно бараат Самарас да испрати писмо до НАТО преку кое ќе даде поддршка за интеграција на соседната земја, но и да повика на скорешно решение на спорот.

Предлогот кој според сатиричниот неделник го ставаат на маса Американците е „горна Македонија“, а рокот за решавање на спорот е до крајот на годинава. За истиот предлог деновиве пишуваше и грчкиот весник „То Вима“.

Од американската амбасада вчера одбија да кажат дали е точно дека нивни претставници биле на разговори во Атина. Инаку, предлогот „горна Македонија“ се споменуваше во грчките медиуми во март годинава. Наводно, Метју Нимиц пред самитот на НАТО во Чикаго пред тогашниот шеф на грчката дипломатија предложил решавање на спорот за името во етапи - идеја која се туркаше и од македонска страна. Нимиц, според тоа што беше објавено, предложил Македонија да добие покана за членство на самитот под името „горна Македонија“, а Скопје и Атина да ги решат другите прашања додека не биде ратификувано нашето членство во алијансата. Но, грчкото раководство не било воодушевено од ваквиот предлог на Нимиц и се изјаснило против решавање на спорот во етапи.

Наспроти пишувањата на грчките медиуми дека Атина е под притисок од Вашингтон за името, реториката на шефот на грчката дипломатија пред грчката дијаспора во Чикаго дава поинаков впечаток. Аврамопулос зборувал дека САД стојат рамо до рамо со Грците на кои им даваат поддршка и охрабрување кога им е најтешко. Тој нагласи дека дијаспората е цврста врска за грчко-американското сојузништво. Втората станица на Аврамопулос е Бостон, а в недела пристигнува во Њујорк, каде што треба да има средба со македонскиот колега Никола Попоски.

Иванов ќе бара деблокада на интеграциите

Деблокада на македонските интеграциски процеси за членство во ЕУ и во НАТО, преку почитување на пресудата од Хаг и меѓународно преземените обврски, како и деблокирање na процесот за решавање на спорот за името што се води под покровителство на ОН, ќе побара претседателот Ѓорге Иванов на средбите во Њујорк на маргините на генералната дебата на 67. генерално собрание на ОН.

Според најавите од кабинетот на Иванов, тој ќе ги информира соговорниците дека процесот е долго замрзнат, но не по вина на Македонија. „Наш интерес е што е можно поскоро да се деблокира овој процес за да се најде заеднички прифатливо решение, при што единствен предуслов е процесот да се одвива во рамките на резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на ОН и во согласност со Привремената спогодба од 1995 година“, е ставот со кој ќе настапи Иванов во Њујорк. Инаку, шефот на државата во Њујорк ќе престојува од денеска до 29 септември.

По покана на Универзитетот „Харвард“, Иванов ќе одржи предавање за Македонија на Правниот факултет и ќе се сретне со македонската дијаспора во САД.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Скръбна вест



П О Ч И Н А

КРУМ ВАГАЛИНСКИ

На 25 август 2012 година почина Крум Йовчев Вагалински - поет, журналист, дългогодишен сътрудник на в. „Народна воля” и член на редакционната колегия на вестника.
Роден на 7. II. 1934 година в село Дреново (Дренково), Благоевградско. Работил като кореспондент, учител, читалищен организатор, редактор и завеждащ отдел във вестник „Пиринско дело”. Свои стихове печатал в „Пиринско дело” и централни вестници и списания. Стихосбирката му „Човешко слънце” излиза през 1968 година.
Във вестник „Народна воля” е публикувал стихове и публицистични материали под псевдонимите Александър Македонски, Биляна Вардарска и Пиринка Егейска. В цялото му творчество личи като червена нишка ярката му позиция на гражданин и патриот по редица наболели въпроси на днешния ден.
Редколегията на вестник „Народна воля” и Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН изказват своите съболезнования на близките на починалия, споделяйки тяхната болка, и ги уверяват, че ще вървят неотклонно по пътя, по който мина достойно животът на човека, твореца, гражданина и родолюбеца Крум Вагалински!

Да бъде светла паметта му!
Родината ще го помни вечно!


ЧОВЕШКО СЛЪНЦЕ

Тишина... трева... два метра място
и една могилка прясна пръст,
глуха като сянката на бряста
и печална като дървен кръст.

От гората тръгва тежка вечер,
тежка вечер като вест за смърт.
Мамо, мамо, никога ли вече
няма да те видя втори път?

Зная, мамо, никой се не връща,
ако се е слял веднъж с пръстта.
Зная. И от пустата ни къща
искам да избягам по света.

Но не мога крачка да прекрача,
ако поглед не извърна пак,
а ако извърна – ще заплача.
И вървя. И сам не зная как.

И се вглеждам в тази тиха вечер,
сякаш че се вглеждам в твойта
смърт...
Исках да избягам надалече,
а се връщам все на своя път.


(Из стихосбирката “Човешко слънце”)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting