Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Комисијата за надворешни работи на ЕП усвои

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

(Преземено од МИА)


Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ја усвои Предлог-резолуцијата за Политиката и критериумите за проширување и стратегиските интереси на Европската Унија во оваа област за периодот 2012-2015 година. За резолуцијата предложена од грчката европратеничка Мариа Елени Копа (социјалисти демократи) гласаа шеесет европратеници и само еден против.

Во резолуцијата процесот на проширувањето и стратегијата на ЕУ во оваа област се разгледува во целост без навлегување во поединечните случаи на земјите кандидати, бидејќи поединичените случаи на земјите кандидати се обработени во посебните извештаи за секоја земја посебно.

За резолуцијата беа предложени 287 амандмани, за кои не се водеше дискусија, иако некои европратеници кои не беа запознати претходно со содржината на компромисните 20 амандмани (договор меѓу големите политички групи, како народните партии, социјалистите и либералите) се обидоа да отворат повторно дискусија, посебно во деловите кои се однесуваа директно или индиректно за Македонија или Косово.

Во усвоената предлог резолуцијата се нагласува дека „проширувањето мора да остане кредибилен процес“ и „поради тоа е значајно ЕУ да ги исполни своите дадени ветувања и да создаде услови кои ќе осигураат дека идните проширувања ќе бидат успешни“.

Од земјите членки на ЕУ се бара да го одржуваат моментумот на процесот за проширување со повторното потврдување на европската перспектива на секоја од земјите кандидатки или потенцијални кандидатки.

Резолуцијата предвидува земјите да се оценуваат според исполнетите критериуми и а копенхагенските критериуми да останат „срцето на политиката за проширување“. Но, исто така европратениците ги утврдуваат и елементите за капацитетите на интеграција на Европската Унија.

Во резолуцијата се поздравува новиот преговарачки пристап во кој се дава приоритет на прашањата поврзани со судството и фундаменталните права, како и правдата и внатрешните работи. Со резолуцијата се бара и независност во судскиот систем и осигурување на слободата во медиумите и на хартија и во пракса.

Европратениците ги ставаат добрососедските односи на клучно место во евроинтеграцијата и процесот на проширување, бидејќи како што стои во резолуцијата голем број на земји кандидати и потенцијални кандидати продолжуваат да имаат нерешени прашања со соседите, па оттука и барањето на ЕП, „сите засегнати страни треба да работат отворено кон решавањето на билатералните тензии, каде овие прашања треба да бидат решени пред пристапувањето“.

Комисијата за надворешна политика на ЕП го усвои и компромисниот амандман во кој се повикува ЕУ да ги поддржува напорите за решавање на отворените билатерални „разлики“, во согласност со одредбите на меѓународното право: Повелбата на ОН и релевантните резолуции на ОН, како и Хелсиншкиот Завршен Акт. Во случај да не биде можно да се постигне билатерален договор, ЕП советува предметот да биде доставен до Меѓународниот суд на правдата или страните да се заложат за обврзувачки арбитражен механизам. ЕП уште еднаш повикува Комисијата и Советот на ЕУ да започне со развивање механизам за арбитража на билатерални и мултилатерални разлики меѓу државите-членки и кандидатите за прием во ЕУ, во согласност со договорите на ЕУ.

Од амандманите на резолуцијата поврзани директно со Македонија, не помина тој на британскиот европарламентарец од Алијансата на либералите и демократи, Ендру Даф, во кој тој бараше во текстот да се замени референцата „поранешна југословенска република Македонија“ со „Македонска држава“.

Во резолуцијата е поздравена иницијативата на Европската комисија за пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, затоа што нивната цел е создавање „свежа динамика во реформскиот процес и се нагласува дека тие иницијативи на никој начин не смеат да ги заменат формалните преговарачки процедури“.

Конечната верзија од резолуцијата се очекува да биде усвоена на една од наредните пленарни сесии на ЕП, кога се можни дополнување и нови амандмански измени на актуелниов текст. Датумот за расправата и гласањето на пленарната сесија се уште не е утврден, но судејќи по денешното конечно гласање, резолуцијата не би требало да претрпи поголеми измени.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Скръбна вест



П О Ч И Н А

КРУМ ВАГАЛИНСКИ

На 25 август 2012 година почина Крум Йовчев Вагалински - поет, журналист, дългогодишен сътрудник на в. „Народна воля” и член на редакционната колегия на вестника.
Роден на 7. II. 1934 година в село Дреново (Дренково), Благоевградско. Работил като кореспондент, учител, читалищен организатор, редактор и завеждащ отдел във вестник „Пиринско дело”. Свои стихове печатал в „Пиринско дело” и централни вестници и списания. Стихосбирката му „Човешко слънце” излиза през 1968 година.
Във вестник „Народна воля” е публикувал стихове и публицистични материали под псевдонимите Александър Македонски, Биляна Вардарска и Пиринка Егейска. В цялото му творчество личи като червена нишка ярката му позиция на гражданин и патриот по редица наболели въпроси на днешния ден.
Редколегията на вестник „Народна воля” и Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН изказват своите съболезнования на близките на починалия, споделяйки тяхната болка, и ги уверяват, че ще вървят неотклонно по пътя, по който мина достойно животът на човека, твореца, гражданина и родолюбеца Крум Вагалински!

Да бъде светла паметта му!
Родината ще го помни вечно!


ЧОВЕШКО СЛЪНЦЕ

Тишина... трева... два метра място
и една могилка прясна пръст,
глуха като сянката на бряста
и печална като дървен кръст.

От гората тръгва тежка вечер,
тежка вечер като вест за смърт.
Мамо, мамо, никога ли вече
няма да те видя втори път?

Зная, мамо, никой се не връща,
ако се е слял веднъж с пръстта.
Зная. И от пустата ни къща
искам да избягам по света.

Но не мога крачка да прекрача,
ако поглед не извърна пак,
а ако извърна – ще заплача.
И вървя. И сам не зная как.

И се вглеждам в тази тиха вечер,
сякаш че се вглеждам в твойта
смърт...
Исках да избягам надалече,
а се връщам все на своя път.


(Из стихосбирката “Човешко слънце”)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting