Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Премиерата на “Трето полувреме” место со скандал помина со аплаузи

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД БУГАРСКИТЕ НОВИНАРИ ВО БИТОЛА

(Преземено од Вечер)


Актерката Катрин Денев беше скржава на зборови на свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки", па добивајќи ја наградата од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кратко кажа само неколку реченици...

Ниту Бугари видовме, ниту пак антибугарски или антимакедонски пораки не се слушнаа во Битола на свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки". Премиерата на филмот "Трето полувреме" беше испратена со бурни аплаузи, а режисерот Дарко Митревски по проекцијата емотивно и се обрати на публиката, речиси со насолзени очи. Иако се очекуваше, и на вчерашната средба со новинарите немаше никакви провокации од бугарска страна.

А официјалното отворање на фестивалот "Браќа Манаки" помина одлично, иако главната ѕвезда Катрин Денев беше скржава на зборови, па добивајќи ја наградата од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кажа дека е првпат во Македонија и дека и е задоволство што е тука и што ја дели наградата со Кристијан Бергер, чија работа ја цени. Дивата на европската кинематографија блескаше на црвениот тепих, а пред свечениот дел го посети и археолошкиот локалитет Хераклеја.

Сашко Коцев: Со такси ли да одам до другиот гол?

Позитивен како и секогаш, актерот Сашко Коцев и вчера раскажа кратка приказна, овојпат за тоа како се подготвувал да глуми фудбалер.

"Првпат кога отидов на стадион на тренинг си викам каде е другиот гол. Таму, ми велат. Ау, со такси ли да одам до таму. И секој ден откривав нови мускули. Нови воспаленија на мускули. Мислам дека да не пуштеа против Германија да играме, и против Германија ќе игравме", рече Коцев кој во филмот ја игра главната улога заедно со партнерката Катарина Ивановска.

Дарко Митревски: Имало јавно стрелање на деца

Еден куп документи покажа вчера режисерот Дарко Митревски кои сведочат за бугарската окупација на Македонија, а со цел да ги прекине обвинувањата дека филмот е антибугарски.

"Велат сум ставил нивни знамиња до знамињата од Третиот Рајх. Еве фотографија од знамето на Бугарија како стои до знамето на Третиот рајх. Бев обвинет дека немало јавно стрелање на деца. Еве и список на стрелани деца", рече Дарко читајќи ги имињата на деца од околу петнаесетина години, сите стрелани јавно.

Дарко кажа и дека се правела фама кај чешката Влада за да го укинат финансирањето на овој филм, како и дека на Јутјуб видел лажно монтирано интервју со него.

Денев запали цигара на прес-конференција!

Како што се очекуваше, актерката Катрин Денев, позната како страстен пушач, на вчерашната прес-конференција во Битола запали цигара! Дали ќе плати казна не се знае, но дивата остана доследна на своите убедувања и во Битола покажа дека знае да живее како што сака.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Скръбна вест



П О Ч И Н А

КРУМ ВАГАЛИНСКИ

На 25 август 2012 година почина Крум Йовчев Вагалински - поет, журналист, дългогодишен сътрудник на в. „Народна воля” и член на редакционната колегия на вестника.
Роден на 7. II. 1934 година в село Дреново (Дренково), Благоевградско. Работил като кореспондент, учител, читалищен организатор, редактор и завеждащ отдел във вестник „Пиринско дело”. Свои стихове печатал в „Пиринско дело” и централни вестници и списания. Стихосбирката му „Човешко слънце” излиза през 1968 година.
Във вестник „Народна воля” е публикувал стихове и публицистични материали под псевдонимите Александър Македонски, Биляна Вардарска и Пиринка Егейска. В цялото му творчество личи като червена нишка ярката му позиция на гражданин и патриот по редица наболели въпроси на днешния ден.
Редколегията на вестник „Народна воля” и Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН изказват своите съболезнования на близките на починалия, споделяйки тяхната болка, и ги уверяват, че ще вървят неотклонно по пътя, по който мина достойно животът на човека, твореца, гражданина и родолюбеца Крум Вагалински!

Да бъде светла паметта му!
Родината ще го помни вечно!


ЧОВЕШКО СЛЪНЦЕ

Тишина... трева... два метра място
и една могилка прясна пръст,
глуха като сянката на бряста
и печална като дървен кръст.

От гората тръгва тежка вечер,
тежка вечер като вест за смърт.
Мамо, мамо, никога ли вече
няма да те видя втори път?

Зная, мамо, никой се не връща,
ако се е слял веднъж с пръстта.
Зная. И от пустата ни къща
искам да избягам по света.

Но не мога крачка да прекрача,
ако поглед не извърна пак,
а ако извърна – ще заплача.
И вървя. И сам не зная как.

И се вглеждам в тази тиха вечер,
сякаш че се вглеждам в твойта
смърт...
Исках да избягам надалече,
а се връщам все на своя път.


(Из стихосбирката “Човешко слънце”)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting