Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Европратеничката Лулинг:

НЕМАМ РАЗБИРАЊЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА НА ГРЦИЈА ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИА)


- Не смее да и се блокира патот на Македонија кон ЕУ поради проблемот со името, смета луксембуршката европратеничка од редовите на Народните партии, Астрид Лулинг, говорејќи за процесот на проширување на ЕУ кон Балканот. Во однос на евроинтеграцијата на Република Македонија за Лулинг, блокадата од страна на Грција поради името е неразбирлива.

- Можам да ви речам дека немам разбирање за овој проблем. Не гледам зошто Грција го прави сето ова само околу името. Јас не можам да го разберам тоа. Како што реков не сум специјалист за Балканот, но сепак мислам дека за жал сето ова околу името е претерано. Македонија е земја која има европска вокација и таа е европска земја. Значи, поради овие причини таа не треба да се блокира во евроинтегративните процеси, потенцира Лулинг.

Конкретно таа го дава и примерот со Луксембург, кој е истовремено држава и регион со исто така бурно минато како Македонија.

- Во 19. век кога Луксембург беше војводство ја изгуби провинцијата (регионот) Луксембург. Тогаш, кога станавме Големо војводство станавме многу помали. Сепак ние добро се извлековме од тоа. Денес ние не ја бараме назад провинцијата Луксембург од Белгија или пак Ајфел од Германија, тоа не значи многу во ЕУ. Во ЕУ повеќе нема граници и ние имаме добри односи со нашите соседи. Доволно е да се знае дека секое утро 160.000 лица доаѓаат од соседните земји на работа во Луксембург. Без нашите соседи, Луксембург не би можел да постои, подвлекува луксембуршката европратеничка од редовите на Народните партии за Дојче Веле.

Лулинг, отворено признава дека не ги познава добро земјите од Балканот, иако, посочува, тие со својата бурна историја по многу наликуваат на нејзината родна земја, која се наоѓа во делот на Европа, во кој често во историјата се менувале границите, државите и се воделе крвави војни.

- Сега по несреќната војна, која се случи во поранешна Југославија, мислам дека земјите кои произлегоа од неа, но исто така и ние, сфативме дека тие и припаѓаат на Европа. Се разбира има уште многу пат да се изоди, за ние и исто така тие бидат подготвени, но мислам дека иднината на овие земји е во Европската унија, рече Лулинг, за Дојче Веле.

На прашањето дали Европа денес е подготвена да прими нови земји членки, Астрид Лулинг посочува дека “има проблеми сега кога сме 27 земји членки и наскоро со Хрватска 28, но ние уште порано рековме пред големото проширување во 2004 година, потребно е да се продлабочи ЕУ пред да се проширува. “

- Тоа не го направивме, тоа не доведе да имаме проблеми. Гледајте што се случува во Романија, незамисливо во една земја членка на ЕУ да дојде скоро до пуч. Сепак мислам дека ЕУ треба да се проширува. Но, за да го постигнеме тоа, потребно е да му се даде време на времето, како што велеше Франсоа Митеран, појаснува таа.

Астрид Лулинг верува и има надеж во иднината на Европа.

- Се надевам дека ќе го зацврстиме она што го имаме, европската конструкција и заедничкиот пазар. На тоа треба да се работи, ние имаме средства за тоа. Многумина зборуваат за Соединети Европски Држави, јас не верувам дека тоа ќе го постигнеме толку многу брзо, но ако продолжиме со европската интеграција, како што тоа го правевме во изминативе педесет години. Ако одиме напред со повеќе Европа, со зацврстување на заедничкиот пазар, јас се надевам дека ќе успееме, но потребно е да бидеме следени од политичарите, ние во ЕП имаме мнозинство да одиме кон поголема европска интеграција. Но потребно е државите членки да не’ следат, појаснува таа и изразува жалење бидејќи според неа на Европа и недостасуваат визионерски личности.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Скръбна вест



П О Ч И Н А

КРУМ ВАГАЛИНСКИ

На 25 август 2012 година почина Крум Йовчев Вагалински - поет, журналист, дългогодишен сътрудник на в. „Народна воля” и член на редакционната колегия на вестника.
Роден на 7. II. 1934 година в село Дреново (Дренково), Благоевградско. Работил като кореспондент, учител, читалищен организатор, редактор и завеждащ отдел във вестник „Пиринско дело”. Свои стихове печатал в „Пиринско дело” и централни вестници и списания. Стихосбирката му „Човешко слънце” излиза през 1968 година.
Във вестник „Народна воля” е публикувал стихове и публицистични материали под псевдонимите Александър Македонски, Биляна Вардарска и Пиринка Егейска. В цялото му творчество личи като червена нишка ярката му позиция на гражданин и патриот по редица наболели въпроси на днешния ден.
Редколегията на вестник „Народна воля” и Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН изказват своите съболезнования на близките на починалия, споделяйки тяхната болка, и ги уверяват, че ще вървят неотклонно по пътя, по който мина достойно животът на човека, твореца, гражданина и родолюбеца Крум Вагалински!

Да бъде светла паметта му!
Родината ще го помни вечно!


ЧОВЕШКО СЛЪНЦЕ

Тишина... трева... два метра място
и една могилка прясна пръст,
глуха като сянката на бряста
и печална като дървен кръст.

От гората тръгва тежка вечер,
тежка вечер като вест за смърт.
Мамо, мамо, никога ли вече
няма да те видя втори път?

Зная, мамо, никой се не връща,
ако се е слял веднъж с пръстта.
Зная. И от пустата ни къща
искам да избягам по света.

Но не мога крачка да прекрача,
ако поглед не извърна пак,
а ако извърна – ще заплача.
И вървя. И сам не зная как.

И се вглеждам в тази тиха вечер,
сякаш че се вглеждам в твойта
смърт...
Исках да избягам надалече,
а се връщам все на своя път.


(Из стихосбирката “Човешко слънце”)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting