Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Робин О Нил во интервјуто за програмата „Порта” на МТВ:

ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА ПОБАРА ПРИЗНАВАЊЕ ВО ОН ПОД УСТАВНОТО ИМЕ

(Преземено од Утрински Весник)


Токму сега е вистинското време кога Република Македонија може со право да побара од Генералното собрание на ОН, и од оние 130 земји кои веќе ја имаат признаено под уставното име, да се согласат да биде призната и во Светската организација под тоа име, со една придружна препорака, која ќе биде целосно прифатена од Македонија, дека Грција и Македонија треба да ги удвојат своите напори за да го решат нивниот билатерален спор, а со помош на Генералниот секретар и на медијаторот Метју Нимиц.

Ова е оценката на Робин О Нил, британски дипломат и прв медијатор во овој спор дадена во интервју за програмата „Порта“ на МТВ. Во неа тој го посочува значењето на неодамнешната посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија во контекст на спорот за името.

- Од овој аспект сметам дека неодамнешната посета на Македонија од страна на генералниот секретар носи и значење и поддршка. Бан Ки-мун коментираше дека тековниот спор е “жалосен“, и дека треба “неодложно“ да се реши, како и дека тој самиот е посветен да помогне во тоа, рече О Нил.

Според него, членството под уставното име не треба на никој начин да се судира со мисијата на Нимиц да им помага на Грција и Македонија да ги решат нивните билатерални разлики, иако, вели, „принуден сум да кажам дека јавните изјави кои им се припишуваат на некои говорници во Грција по посетата на генералниот секретар на Македонија не беа во согласност со позитивната атмосфера на која Бан Ки-мун повикуваше“.

Тој појаснува дека двете надворешно-политички цели на македонската Влада - што е можно побрзо членство во НАТО и во ЕУ и конечно решавање на спорот за името се поврзани, но не се идентични и додава дека Привремената спогодба од 1995 година во принцип нуди решение на првиот од двата проблема. Владата на Грција се согласи во член 11.1 од таа Спогодба дека нема да го попречи приемот на Македонија во меѓународни организации како што се НАТО и ЕУ, под името Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

- Меѓународниот суд на правдата во Хаг, потврди дека Грција е обврзана да ја почитува оваа своја обврска. Досега, колку што ми е познато, Македонија нема поднесено барање да се приклучи кон ниедна од овие две организации под името ФИРОМ. Можам да ги сфатам сомневањата од страна на владата на Македонија за последиците од влез во овие организации под незадоволувачкото (несоодветно) име ФИРОМ, во случај тоа да остане трајно. Меѓутоа, треба да се запомни, дека Привремената спогодба го признава името ФИРОМ само како привремено име, посочува поранешниот британски дипломат.

Таков е, вели, и односот на Резолуцијата 817 (од 1993) од Советот за безбедност на ОН, која ја пепорача Македонија за прием во ОН под тоа име, додека траат преговорите меѓу Грција и Македонија околу прашањето за суштинското име на Македонија. Според него, тоа е вториот значаен аспект на ова прашање, за кој целата меѓународна заедница, вели, се согласува дека прашањето за името, едноставно е билатерална расправа меѓу Грција и Македонија - со други зборови, расправа околу тоа со каков назив Грција и Македонија ќе се обраќаат меѓу себно. Сепак, оценува оваа цел како да е заборавена од меѓународната заедница.

- Се чини, оваа поента е изгубена од вид, при што меѓународната заедница се „слизна“, според мое мислење несвесно (ненамерно) во еднострана поддршка, застанувајќи на страната на Грција како да постои некоја причина поради која Македонија треба да го промени своето име. Всушност, во меѓународното право секоја земја го поседува правото на употреба на име по сопствен избор, а при што ниту една земја нема право да се противи на тоа име, вели О Нил.

Спорот меѓу Македонија и Грција е чисто билатерален, па според тоа, останатите држави не треба да ги интересира. Другите земји можат да бидат заинтересирани во спорот ако тој е закана за мирот или стабилноста на Балканскиот регион, но тоа не е случај. Резолуциите на Советот за безбедност имаат барано од Грција и Македонија да си го решат нивниот билатерален спор, меѓутоа во периодот од 20 години Грција го има одбиено секој вид разумен компромис.

- Бидејќи спорот е само меѓу Грција и Македонија, една можна насока за напредок би била Грција во своите односи со Македонија да употребува име поинакво од “Република Македонија“, а Македонија да го прифати ова во тие односи. Македонија би продолжила да нема проблем да го употребува уставното име на „Република Елада“, и таму не гледам проблем; а се надевам дека Македонија ќе биде флексибилна во однос на името кое Грција ќе го употребува кон (неа) Македонија.

Еден таков договор би бил само од билатерално значење, и иститот ќе нема примена ниту влијание врз името под кое Македонија ќе биде позната во Обединетите нации или во меѓународните организации, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ.

Коментирајќи ја изјавата на Даниел Сервер за значењето на приемот на Македонија во НАТО, како фактор за обезбедување на стабилноста во регионот, О Нил,го повторува неговиот став, кој вели, „е најрелевантен за Грција, која има многу директен интерес во стабилноста на регионот и во добрососедските односи со сите околу неа“. Овој интерес најдобро ќе биде исполнет преку воспоставување блиски односи со Македонија како членка на НАТО Алијансата и како партнер во ЕУ, оценува О Нил.

- Постојат и одредени сугестии дека сега не е време од Грција да биде побарано да го среди ова прашање, кога таа има за решавање толку многу други проблеми. Јас го заземам токму спротивниот став. Грчката влада треба да се концентрира на сериозните проблеми со кои се соочува и затоа не треба веќе да губи време. Но, треба без одлагање да реши еден чисто вештачки спор, кој воопшто не е против безбедноста и просперитетот на Грција, туку напротив, е суштински прилог кон тоа. Признавам дека прашањето за името е надувано во високо емотивен политички проблем (а за тоа не може никој друг да биде обвинет освен политичките партии на Грција). Кога еднаш ќе биде решено, ќе се види дека тоа решение не им донело никаква штета ниту на грчката држава ниту на грчкиот народ, заклучува амбасадорот Робин О Нил во интервјуто за програмата “Порта” на МТВ.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting