Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Изјави на Колоски за „Гласот на Америка на македонски”

НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ВО КОНГРЕСОТ ВО САД СЕ ПОМНОГУБРОЈНИ

(Преземено од МИА)


Демократскиот конгресмен Џон Ларсон од Kонектикат и неговите републикански колеги Патрик Тибери од Охајо и Тед По од Тексас се тројцата нови членови на македонската група во Kонгресот, која сега нарасна на 15, објави „Гласот на Америка на македонски јазик“. Kонгресменот Ларсон важи за пријател на Македонско-американската заедница во Kонектикат. Тој беше еден од потписниците на писмото до претседателот Барак Обама за поддршка на членството на Македонија во НАТО, објавено пред самитот во Чикаго.

Kонгресменот По, кој исто така го потпиша писмото, е член на Kомисијата на Претставничкиот дом за надворешни работи. Тој ја претставува областа околу Хјустон, каде што, според Обединетата македонска дијаспора (ОМД), живее сe` помногубројна македонско-американска заедница.

Kонгресменот Тибери е шесткратен пратеник од Охајо – домот на една од најмногубројните македонски иселенички заедници во САД.

- Самото постоење на оваа група и употребата на зборот Македонија во неа е од огромно значење за нашата кауза. Ние имаме цел таа група пријатели на Македонија во Kонгресот да расте, за да се продлабочат односите меѓу Македонија и САД - изјави Kолоски за „Гласот на Америка на македонски“. ОМД очекува до крајот на годината бројот на конгресмени-пријатели на Македонија да достигне 20.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting