Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Архиви од историјата:

МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПИРИНСКА И ОД ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОБЕДИНАТ

АЛЕКСАНДАР СРБИНОВСКИ


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во својата неодамнешна изјава дадена за една македонска телевизија изјави дека во Бугарија нема Македонци.

- Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате да ви го кажам тоа. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства - е буквалниот цитат на она што го изјавил Ковачев.

Ковачев уште додава дека Македонија ќе добиела лош извештај од ЕУ, зашто имало дискриминација кон Македонците што се искажуваат како етнички Бугари.

- Јас неколку пати кажав дека за да ги надминеме раните од минатото е потребна европската интеграција. Но Европската Унија се темели на правила, а едно од тие е недискриминација кон луѓето што го искажуваат својот идентитет - рекол Ковачев.

На темата за македонско малцинство во Бугарија се пишувало и говорело многупати. На сите во македонската јавност им се познати проблемите со кои се соочуваат нашинците во оваа земја и проблемите за забраната за повторно регистрирање на партијата ОМО “Илинден” - ПИРИН.

Но дека тврдењата на европратеникот Ковачев се контроверзни и негаторски ќе објавиме помалку познат документ зачуван во белградските архиви, кој е поврзан со оваа проблематика. Самиот документ го изнесува ставот на бугарската држава на средината на минатиот век и го докажува токму спротивното од она што денес го говори европратеникот на нашиот сосед Ковачев.

Писмото што е испратено на 17 август 1946 е официјална кореспонденција помеѓу генералниот секретар на Бугарската работничка партија (комунисти) Георги Димитров и Јосип Броз Тито. Документот денес се чува како реликвија на официјалната документација со која располагал Централниот комитет на СКЈ и КПЈ.


Пиринскиот крај да се присоедини кон Македонија

Димитров во дописот го информира Тито за одлуките на десеттиот проширен пленум на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (БРПк), кој бил одржан на 9 и 10 август 1946 година.

Дописот почнува со констатацијата дека основната цел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија. За тоа да се случи, пишува Димитров, треба да претстои организирано обединување на другите делови на македонскиот народ врз база на Македонската Народна Република, која би функционирала во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.

Понатаму авторот изнесува друг заклучок на Бугарската комунистичка партија, кој вели дека требало да се направат соодветни подготовки за да се формираат потребните услови целиот процес да се изврши, а со што би се финализирал планот за обединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија.

Токму присоединувањето, според бугарскиот комунист и тогашен водач на Бугарија, било од големо значење како за самите Македонци така и за Отечествениот фронт на Бугарија и на Федеративна Народна Република Југославија.


Да се учи и да се шири македонскиот јазик и култура

Димитров во својот службен допис до Тито посочува дека за да се изврши присоединувањето на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија требало систематски да се работи врз културното зближување на македонското население од овој крај со она население што живее во Народна Република Македонија.

- Треба да се популаризираат во јавноста успесите на Македонската Народна Република, на македонскиот јазик и на македонската литература, а со тоа во пиринскиот крај луѓето да се запознаат со историјата на македонскиот народ.

Понатаму, според она што е напишано во документот, Димитров предлагал во училиштата во пиринскиот крај да почне да се учи на македонски и да се работи активно врз олеснувањето на пограничните услови помеѓу Македонија во Југославија и пиринскиот крај.

Шефот на Бугарската работничка партија му објаснува на Тито дека во иднина двете држави требало заеднички да работат на подобрување на широкиот заемен контакт на македонското население од едната и од другата страна на границата и да се преземат низа други мерки што би гарантирале културна автономија на пиринскиот крај, со што би се овозможило да се развива националната свест на македонското население и би се олеснило неговото обединување со основниот дел на македонскиот народ во Народна Република Македонија.

Дописот детално разработува стратегија што вели дека е неопходно активно учество на Македонците во борбата на Отечествениот фронт заради зацврстување на демократскиот режим во Бугарија.

- Македонците од пиринскиот крај треба да имаат свои македонски кандидати на изборите за Великото народно собрание, а во самото Велико народно собрание своја македонска парламентарна група - пишува Димитров.

Бугарскиот комунист објаснува дека тогашниот весник „Пиринско дело“ треба да има главно македонски карактер и во сето време треба да води решителна борба против михајловистите и нивните странски покровители, кои се опасни непријатели на националното обединување на македонскиот народ, на расцутот на Македонската Народна Република, на братскиот сојуз меѓу Бугарија и Југославија и на словенското единство.

Токму овие активности, истакнува Димитров, ќе помогнат да се спречат великобугарскиот, великосрпскиот и великогрчкиот шовинизам на овие простори, а со тоа ќе се воспостави најтесна соработка меѓу пиринските Македонци и македонската емиграција во Бугарија, заради активна поддршка на Македонската Народна Република.


Присоединување со сојузен договор

Во службениот допис на БРП(к) доставен до КПЈ уште се наведува дека територијалното присоединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија треба да биде врз база на сојузен договор меѓу Бугарија и Југославија. Токму овој договор требало да ги земе предвид волјата и заедничките интереси на самиот македонски народ, исто така и правото на кооптација (воведување) на бугарското државјанство за жителите на пиринскиот крај, кои евентуално би сакале да го искористат тоа право.


Бришење на границите меѓу двете земји

Самиот договор со кој ќе се регулира македонското прашање ќе го опфати и враќањето на западните окупирани покраини на Бугарија, кои сега се наоѓаат во Југославија. Тука се мисли на деловите од сегашниот димитровградски и босилеградски крај. Димитров во писмото посочува дека БРП(к) смета дека се што ќе се случи со ваквиот договор би било во интерес на македонскиот народ и на државите Бугарија и Југославија.

Самиот план што го разработеле комунистичките партии на Белград и на Софија предвидувал да се изврши практично спојување на двете држави преку територијата на Македонија. Тоа би било изградено на начин што фактички не би постоела царинска или која било друга граница помеѓу Македонија и Бугарија, како што таква граница не постои меѓу Народна Република Македонија и другите единици на Федеративна Народна Република Југославија. Писмото Димитров го завршува со ветување дека тој ги обврзува сите членови на партијата и пред се членовите од пиринскиот крај да се придржуваат строго и да ја спроведуваат практично оваа партиска директива за македонското прашање и ја препорачуваат на македонската емиграција со сите средства да го помага зацврстувањето на овој договор врз база на сојуз меѓу Отечествено-фронтовската Бугарија и Федеративна Народна Република Југославија.

Од историјата е познато дека во Пиринска Македонија до 1948-та постојат библиотеки, училишта, театри и литература на македонски јазик, но тогаш Бугарија ја напушта политиката на признавање на македонското малцинство, за што свое влијание има и Комунистичката интернационала. Димитров и Тито не успеваат да ја реализираат идејата за обединување на двете држави во една федерација. Сепак, Македонците во Пиринска Македонија не исчезнаа, и покрај тоа што официјална Софија ги асимилира со децениската денационализаторска политика.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting