Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Германскиот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг”

ВОЗНЕМИРЕНОСТА НА АТИНА Е ПОРАДИ МИНАТОТО

(Преземено од МИА)


Грчката надворешна политика во моментов се обидува да го поправи нарушениот имиџ на државата, но и покрај тоа вниманието на атинската дипломатија и натаму е насочено кон главниот надворешнополитички непријател, кон соседот со два милионa жители, чие членство во ЕУ и во НАТО Атина го попречува со сите средства.

Ова во својот подолг текст под наслов „Гревот на Грција - историјата на еден (речиси) заборавен прогон“ го пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Весникот, како што пренесува македонската редакција на Дојче веле, го анализира грчко-македонскиот спор од историски аспект.

- Причината за раздразливоста на атинската дипломатија при споменувањето на македонско малцинство треба да се бара во минатото. Во Грција во 1949 година се случи етничко прогонување, кое до денес не е вистински разработено. Пред речиси точно еден век, во Првата балканска војна Грција окупираше голем дел од историскиот регион Македонија од Отоманското Царство. Другиот дел, т.н. Вардарска Македонија и припадна конечно на Југославија и едно мало делче (’Пиринска Македонија’) на Бугарија. Грците во големи делови од новоокупираната територија беа малцинство. Особено севернозападната гранична област кон Југославија беше населена од словенски селани. Мнозинството од нив, сеќавајќи се на нивното угнетувањето во Грција, во грчката граѓанска војна застанаа на страната на комунистите, што скапо го платија. Десетици илјади мораа да избегаат, и не смееја, поинаку од ’чисто грчките’ бегалци никогаш да се вратат, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Во текстот се наведува и дека деновиве повторно дојде до заострување на дипломатскиот речник, поради барањето да се почитуваат правата на македонското малцинство во Грција, кое премиерот Никола Груевски го истакна на средбата во Скопје со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting