Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

СРЕДБА СО ЗАМЕНИКОТ ПОМОШНИК ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД РИКЕР

(Преземено од МИА)


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид го прими заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Филип Рикер.
Рикер, кој доаѓа во посета на Република Македонија на покана на претседателот Иванов, ќе се обрати на официјалното отворање на третата Школа за млади лидери, која традиционално се одржува во Охрид.

На свеченото отворање на Школата, покрај шефот на државата, на 40-тината овогодинешни учесници ќе им се обрати и претседателот на Европската академија на науките и уметностите, Феликс Унгер. Во текот на денот предавања на Школата за млади лидери ќе имаат и амбасадорите на САД и на Велика Британија, Пол Волерс и Кристофер Ивон, кои ќе зборуваат на теми поврзани со активното лидерство, како тоа да се спроведе во практика и како да се учи од етаблираните лидери, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.

И оваа година учесниците во Школата за млади лидери ќе имаат можност да се сретнат со врвни предавачи, истакнати професори од странски академски институции и универзитети, успешни бизнисмени и претседатели на мултинационални корпорации, асоцијации и институти, европски парламентарци, министри, амбасадори.

Меѓу истакнатите гости предавачи се издвојуваат: поранешниот личен секретар на принцезата Дајана, Патрик Џефсон, од Њујорк Тајмс прогласен за најпродаван автор, како и Мери Џо Џекоби, која во својата професионална биографија вклучува позиции како специјален асистент на претседателот Роналд Реган, била именувана од претседателот Џорџ Буш како помошник секретар за трговија на САД, а од страна на Кралицата Елизабета II за комесар на Британската државна служба.

Поранешниот амбасадор на САД во НАТО и поранешен заменик помошник државен секретар на САД, Курт Вокер, исто така ќе им се претстави на младите лидери. Како предавачи ќе присуствуваат и државниот министер за владини комуникации во Владата на Унгарија, Золтан Ковач, парламентарецот од германскиот Бундестаг, Томас Хелм, професорот од Оксфорд и долгогодишен наградуван новинар на Би-Би-Си, Ричард Грејсон. Ќе гостуваат професори и од Универзитетот Оберта де Каталуња, Универзитетот Оукланд - Нов Зеланд, Универзитетот од Бостон, Универзитетот од Виена, потоа директори на меѓународни институти и асоцијации, и други успешни лидери од Македонија, Европа и светот.

Воспоставувањето на Школата за млади лидери, која се одржува трета година по ред, е лична идеја на претседателот Ѓорге Иванов, како проект за прв пат инициран уште во неговата изборна програма. Првиот интензивен тренинг за лидерство беше организиран во август 2010 година во Охрид, под негово покровителство. Идејата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициоазни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Целната група на Школата за лидери се млади луѓе на возраст меѓу 23 и 35 години, дипломирани студенти и професионалци чиишто сфери на интерес се цивилното општество, економијата, политиката, и кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети, и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Право да учествуваат имаат младите од Македонија, но и децата на нашите иселеници во странство.

Дека се работи за жив проект, од кој континуирано се раѓаат нови иницијативи, како што се вели во соопштението, сведочи и Алумни Асоцијацијата – ИСЛАА, формирана од првата генерација учесници, како посебно регистрирано здружение. Оваа асоцијација, во која членуваат сите поранешни учесници, има организирано низа предавања, работилници, презентации, лидерски кампови и хуманитарни акции, што е достојна потврда за квалитетот и успешноста на Школата за млади лидери. Членовите на ИСЛАА во јули годинава имаа можност лично да се сретнат со Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ – НЕМААТ ОПШТА ИЛИ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА – ИМААТ САМО ЗАЕДНИЧКИ МОМЕНТИ
Читај
ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ПРИЗНАНИЕТО „НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК”
Читај
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В ЧЕСТ НА ЯНЕ В МЕЛНИК
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting