Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија

ЃОРЃE ИВАНОВ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА РУСКОТО ПРИЗНАВАЊЕ

(По македонскиот печат)


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов испрати писмо на 06.08. т. г. до рускиот претседател Владимир Путин во кое се заблагодарува на признавањето на Република Македонија од страна на Руската Федерација пред дваесет години под нашето уставно име.

Во писмото претседателот Иванов изразува почит и благодарност, како што вели, на еден од историските датуми за мојата земја - 5 август 1992 година.
- Ваквата одлука на еден од најзначајните меѓународни фактори во светот и на тамошното лидерство што покажа државничко однесување и визија за признавање на штотуку осамостоената држава - Република Македонија под уставното име, во критично време на нашето појавување на меѓународната сцена, беше од историско значење за Република Македонија. Тоа беше одлука што го олесни процесот на меѓународно признавање на државноста, самостојноста и пошироката афирмација на Република Македонија во меѓународната заедница - пишува Иванов до рускиот претседател Путин.
Македонскиот претседател потсетува дека само за нецели две години од признавањето, веќе во 1994 година, меѓу двете земји беа воспоставени целосни дипломатски односи на ниво на амбасади што одлично работат во градењето на државните односи и на развојот на соработка меѓу нашите граѓани во сите области од заемен интерес.
- Со задоволство можам да констатирам дека вкупните односи и соработката меѓу двете пријателски земји континуирано и успешно се градат, унапредуваат и продлабочуваат.

Денес нив ги карактеризираат исклучително високо политичко ниво и развиена соработка во голем број области, изградена правна рамка на билатерални документи, дух на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, што е во согласност со долгата историска, духовна и културна, традиција меѓу нашите народи, како и економските интереси чие зацврстување е заеднички императив - стои во писмото.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting