Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

“ТАНЕЦ” ВООДУШЕВИ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

(Преземено од МИМ)


Со извонредна изведба на македонските ора и песни, ансамблот за народни песни и игри „Танец“ ја воодушеви публиката на летната сцена Долни сарај, во рамки на свеченото отворање на 51. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Љубителите на фолклорот не го криеа своето задоволство од беспрекорните изведби на професионалните играорци и многупати ги наградија со громогласни и стоечки аплаузи.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, кој е покровител на оваа манифестација, во своето обраќање пред присутните, рече дека посебно го радува тоа што Балканскиот фестивал станува препознатлив не само во Охрид и Македонија, туку и надвор од нашата држава.

-Ова е фестивал кој заслужува и добива особено внимание и почит. Македонскиот народ низ својата историја, низ различни услови и околности настојувал, истрајувал и успевал да ги сочува својот фолклор, народната игра и песна, обичаите и традицијата и истите да ги пренесе на новите генерации. Како држава, но и како поединци треба да останеме на тој пат на истрајност во зачувувањето и развивањето на фолклорот, традицијата и културните обележја кои не потврдуваат како дел од европската култура и како дел од целокупното цивилизациско и културно наследство, рече Велјаноски. Помеѓу многубројната публика, свеченото отворање на фестивалот го проследија и десетина гости од индиската делегација на Субрати Рој, кои деновиве престојуваат во Охрид.

Вечерва на фестивалот ќе настапат КУД ,,Иван Горан Коваќевиќ’’ од Загреб, Хрватска и ансамблот ,,Дом на полифонијата’’ од Тирана, Албанија. Третата фестивалска вечер, на 8-ми јули е резервирана за ансамблот ,,Измир’’ од Турција и ансамблот ,,Дримкол’’ од Вевчани. На 9-ти јули, понеделник ќе настапат ансамблите ,,Варна’’ од Бугарија и ,,Ваграм ‘‘од Австрија. Публиката на 10-ти јули ќе може да ги проследи настапите на ансамблите ,,Подегродзие’’ од Полска и ,,Џидо’’ до Србија. Честа да го затворат фестивалот ќе ја има ансамблот ,,Кочо Рацин’’ од Кичево, а во рамки на завршниот концерт, свои настапи ќе имаат и гостите од Полска, Австрија и Србија. Влезот за секоја од фестивалските вечери е слободен.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолклорна манифестација, основана во 1962 година. Над дваесетина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО - Интернационалниот совет на организациите за фолклорни фестивали и фолклорна уметност и Меѓународната организација за фолклорна уметност.


   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


109 години от величествената Илинденска епопея на свободолюбивия македонски народ

Македонија пее

А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
За Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влагаат,
в борба за слобода
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting