Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Михаел Шпинделегер - Мирослав Лајчак:

МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕУ И НАТО, ИМЕТО ДА НЕ ЈА БЛОКИРА ИНТЕГРАЦИЈАТА

(Преземено од МИА)


Австрија и Словачка силно ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Веруваат дека земјата предолго чека за почеток на преговорите со ЕУ и затоа ќе лобираат во Европската унија за донесување одлука за старт на преговорите со Македонија до крајот на годината. Спорот за името не треба да претставува пречка за тоа, истакнаа на заедничка прес-конференција во Скопје вицепремиерите и шефови на дипломатиите на Австрија и на Словачка, Михаел Шпинделегер и Мирослав Лајчак по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

- Веруваме дека 2012 треба да биде година на Македонија. Веруваме дека Македонија предолго чека. По седум години кандидатски статус веќе е време по препораките на Европската комисија да се преземат следните чекори. Затоа ќе лобираме во Европската унија за донесување одлука за почеток на преговорите со вашата земја до крајот на годината, рече австрискиот вицеканцелар и министер за европски прашања и надворешни работи Михаел Шпинделегер.

Според него, Македонија треба да е задоволна со постигнатото досега, но потребни се дополнителни напори. Во тој контекст земјата треба да го искористи пристапниот дијалог на високо ниво како инструмент за постигнување напредок. Фактор кој ќе ја поттикне Македонија напорно да продолжи да работи е почнувањето на преговорите на ЕУ со Црна Гора и влезот на Хрватска во Унијата следната година.

Тој се осврна и на спорот за името кое стои на патот за евроинтеграцијата на земјата.

- Спорот за името е особено чувствително прашање. Свесни сме за тоа, но сепак станува збор за билатерално прашање и тоа не треба повеќе да го блокира стартот на пристапните преговори. Мора да го раздвоиме прашањето за името од почетокот на преговорите со јасна порака дека ова прашање мора да се реши пред да завршат преговорите, подвлече Шпинделегер.

Според него, важно е Македонија да не се опушта туку да биде проактивна за името и да се воздржува од какви било провокативни активности кои, како што вели, би можеле да бидат искористени како изговор за нови блокирања.

- Постојат многу предизвици, но ние можеме да ве поддржиме во ЕУ ако вие ја завршите својата работа, рече шефот на австриската дипломатија.

Словачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак порача дека посакува Македонија да биде следната земја која ќе ги почне преговорите со ЕУ и оти Братислава и Виена ќе помогнат во тоа, а земјата треба во целост да се фокусира на реформскиот процес.

Одговорајќи на новинарско прашање, Лајчак посочи на начинот на кој се носи одлуката за почнување пристапни преговори.

- Процесот на почнување преговори има технички и политички аспекти. И додека техничките лесно се воочливи, во политичкиот дел треба да ги убедите сите 27 членки дека имате политичка волја за решавање на билатералното прашање, рече Лајчак.

Нивниот домаќин министерот за надворешни работи Никола Попоски посочи дека оваа трилатерална средба претставува силна поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Во рамки на пристапниот дијалог, додаде, Македонија сака да испорача што е можно повеќе резултати што ќе овозможи во што пократок рок да добие датум за почеток на преговорите.

Одговорајќи на новинарско прашање, Попоски рече дека со оглед на досегашното искуство не е премногу оптимист во очекувањата од новата грчка Влада.

- Ние сме целосно посветени со која било грчка влада да имаме отворен дијалог за надминување на сите прашања коишто стојат на патот на нашите билатерални односи. И со оваа, како и со претходни влади, оценката за конструктивност и искреност во пристапот ќе ја цениме врз основа на гестовите, а не врз декларативните заложби, рече Попоски.

Шефовите на дипломатиите на Австрија и на Словачка, Шпинделегер и Лајчак, за време на посетата на Македонија ќе имаат средби и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


109 години от величествената Илинденска епопея на свободолюбивия македонски народ

Македонија пее

А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
За Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влагаат,
в борба за слобода
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting