Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Премиерот Никола Груевски:

УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ВРСКИТЕ СО ДИАСПОРАТА Е МЕЃУ ПРИОРИТЕТИТЕ НА ВЛАДАТА

(Преземено од МИА)


Трета годишна конференција на иселеничките организации денеска и утре се одржува во Скопје. Конференцијата, на која се присутни претставници на иселенички организации од Европа, Австралија, Северна и Јужна Америка, денеска ја отвори премиерот Никола Груевски.

- Ваквите собири и манифестации имаат додадена вредност и претставуваат силен поттик да останеме единствени, непокорни, силни и истрајни пред предизвиците со кои се соочуваме денес, да ги потврдиме и промовираме нашата традиција и нашиот македонски идентитет и македонски јазик, рече премиерот Груевски и додаде дека интерес на Владата и натаму ќе остане зачувувањето и унапредувањето на врските и соработката со нашата дијаспора.

Тој им оддаде признание на иселениците кои низ разни форми и дејствувања работеа на зачувување на врските со својата држава, на зачувувањето и промовирањето на националниот и културниот идентитет на Македонците во светот, како и промоцијата на државните интереси на Република Македонија. Притоа ги охрабри да продолжат во таа насока, посебно сега кога Македонија се бори за своето место во развиените европски демократии и пазарни економии.

Според премиерот, овие средби претставуваат доказ за силната и нераскинлива врска на македонските иселеници со своите корени и Република Македонија, како и потврда дека контактите и соработката со македонската дијаспора може да се одржуваат и развиваат на квалитетна и продуктивна основа.

- Македонската дијаспора претставува значаен и нераздвоен дел на секоја држава. Вашата истрајност во негувањето, развивањето и афирмацијата на македонскиот национален, културен, јазичен и духовен идентитет го потврдивте во повеќе наврати преку вашите активности во бројните здруженија, црковните општини, културни друштва, хуманитарни организации, спортски клубови, играорни друштва и слични организации. Тие повеќе од сите други сведочат дека чувството за македонските корени не е ниту малку заборавено, напротив дека е широко распространето насекаде низ светот каде живеат Македонци, истакна премиерот и додаде дека негувањето и унапредувањето на врската на Македонците од дијаспората со својата татковина, како и нивната инволвираност во развојот на земјата се едни од најзначајните интереси и приоритети на Владата.

Во време кога се уште не е затворено македонското прашање, кога се уште постојат некои сили кои, како што рече, се уште се надеваат дека ќе успеат да го разнебитат чувството на македонскиот народ вашата поддршка е од големо значење. - Вие сте ослободени од стегите на секојдневието и отворено протестирате и се борите за зачувувањето на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик, на македонската националност и уставно име, истакна премиерот Груевски обраќајќи се пред иселениците.

Посочувајќи ги реформите што Владата ги презеде за да ја подобри бизнис-климата и да привлече странски инвеститори рече дека особено е значајна и соработката и привлекувањето инвестиции од нашата дијаспора, која има значајна улога во спојувањето на два глобални приоритета за македонската економија - поттикнувањето странски инвестиции и извозот на македонскиот производ.

- Очекуваме вие да најдете цврст економски бизнис-интерес во таквите проекти. На наша страна е да создадеме соодветна бизнис-клима. Емотивната страна во сето тоа треба да биде, условно да кажеме, некој вид катализатор. На ваша страна тоа да биде исполнување на желбата да бидете во што е можно потесен контакт со татковината, порача на дијаспората премиерот Никола Груевски. Ова е најмасовен собир на иселеници. Како што рече директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов, присутни се 140 организации.

- Тоа претставува своевидна круна и е во насока на унапредување на врските меѓу Македонија и иселениците. Масовниот одѕив покажува дека иселениците ги препознаваат правилните политики на Владата што се однесуваат на иселеништвото, истакна Наумов, додавајќи дека најзначаен столб за зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората е мајчиниот јазик.

Република Македонија, како што рече, има интерес иселениците да се интегрираат што повеќе во општествата во кои живеат, но и да го зачуваат својот идентитет, јазик и култура. Тој ги повика иселениците активно да лобираат за негување на јазикот.

На конференцијата која е во организација на Агенцијата за иселеништво, ќе се дебатира за мајчиниот јазик, зачувувањето на културата, државјанството, а ќе биде организиран и мини бизнис форум.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


109 години от величествената Илинденска епопея на свободолюбивия македонски народ

Македонија пее

А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
За Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влагаат,
в борба за слобода
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting