Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

ИЗБРАНИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА МАНУ

(Преземено од МИА)


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера го одржа седумнаесетто изборно собрание на кое беа избрани нови редовни членови и членови надвор од работниот состав.

Шест лица се избрани за редовни членови на МАНУ: проф. д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Абдулменаф Беџети во Одделението за општествени науки, проф. д-р Нада Поп-Јорданова во Одделението за медицински науки и м-р Газанфер Бајрам, Богомил Ѓузел и Глигор Чемерски во Одделението за уметност.

За членови надвор од работен состав се избрани проф. д-р Кшиштов Вроцлавски и проф. д-р Илија Чашуле во Одделението за лингвистика и литературна наука, академик Момир Ѓуровиќ и проф. д-р Екмеледин Ихсаноглу во Одделението за општествени науки, проф. д-р Ендрју Дворк, проф. д-р Љубиша Ракиќ и проф. д-р Феликс Унгер во Одделението за медицински науки, проф. д-р Јирген Куртц и проф. д-р Симеон Ока во Одделението за технички науки и Владимир Величковиќ и Љубомир Левчев во Одделението за уметност.

Во определените рокови, биле поднесени 40 предлози за избор на редовни членови и 12 предлози за избор на членови надвор од работниот состав. Од вкупно 40 членови на МАНУ во работниот состав, на седницата присуствувале 38 членови.

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски на денешната прес-конференција истакна дека изборот бил извршен врз најстрогите научни и уметнички критериуми кои законот ги дефинира, избор на луѓе кои дале огромен придонес во развојот на науката и уметностите, кои се препознатливи и потврдени според своите дела, не само дома туку и во светската наука и светската култура.

- Она што е исто така важно, бидејќи се работи за институција, овие луѓе понатаму да можат да ја понесат одговорноста и да се вклучат во остварувањето на функциите и задачите на МАНУ. Ние сме задоволни со таквиот избор. Не случајно, на вчерашната седница за секој кандидат опстојно се расправаше, поаѓајќи од негиовот придонес во науката, уметноста, од личниот интегритет, од неговата препознатливост, не само во нашата средина туку и пошироко, од неговата афирмација..., рече Камбовски.

Како важни задачи кои претстојат пред Академијата, Камбовски ги наведе поттикнувањето на развојот на науката и уметностите, на научниот и уметничкиот подмладок, меѓународна научна и културна соработка, јакнење на научната инфраструктура, соодветна опрема и научно-истражувачки подмладок...

За новоизбраниот академик проф. д-р Нада Поп-Јорданова, која досега е член на три странски академии, Светска, Европска и Њујоршка, влегувањето во МАНУ претставува чест, обврска и задоволство.

Поп-Јорданова е лекар и клинички психолог, а нејзина област е невронауката. Таа работи со деца и возрасни.

Истакна дека успеала да создаде тим, сите млади да ги однесе на вистински места, во повеќе земји за да се обучат и потоа знаењето да се пренесе во Македонија.

- Ако она што го правам и сум го направил има некаква смисла, позитивна, конструктивна, градителска улога за духот, за промоцоја на духот и за продолжување на духот на следните генерации, во тој случај треба да се третира како чест и наша одговорност на тие што сме прифатиле да конкурираме и да бидеме примени во конкуренција на голем број значајни луѓе од сите области на творештвото, рече новоизбраниот академик Глигор Чемерски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting