Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Мешовитиот комитет од Брисел препорача:

ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ГОДИНАВА, ПОЧИТУВАЊЕ НА ХАШКАТА ПРИСУДА И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

(Преземено од МИА)


На Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 7 јуни 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г.Беким Фазлиу, заменик-член.

На Десеттиот состанок беа разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска унија, а парламентарците од Собранието на Република Македонија и од Европскиот парламент имаа можност заеднички да дебатираат за повеќе прашања кои се однесуваа на актуелната политичка ситуација во државата во контекст на отпочнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво, односно: меѓуетничките односи и преглед на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, слобода на медиумите и осврт на неодамна започнатиот дијалог меѓу Владата и претставниците на медиумите, реформите во судството и државната и јавната администрација, борбата против корупцијата и организираниот криминал, економската ситуација во земјата и стратегиите за надминување на актуелните предизвици, како и регионалното управување со отпад и алтернативни извори на енергија, со поголемо искористување на претпристапните фондови на Европската унија.

Дебатата резултираше со усвојување на Завршни препораки, каде парламентарците го повикаа Советот да ја потврди препораката на комисијата и да й даде на земјата датум за почеток на преговори за пристапување во текот на следното претседателство во 2012 година. Исто така, МПК изрази жалење за испуштањето на придавката „македонски” во однос на идентитетот, културата и јазикот на земјата во Извештајот на Комисијата за напредокот во 2011 година и й препорача на Европската комисија повторно да ја воспостави својата пракса од претходните извештаи за напредокот. Парламентарците ја поздравија пресудата на Меѓународниот суд на правдата во поглед на прашањето за спорот околу името од 5 декември 2011, во однос на Времената спогодба и констатираа дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Поздравувајќи го претстојното претседателство на земјата со Процесот за соработка во Југоисточна Европа од јуни 2012 до јуни 2013 година, тие го истакнаа континуираното учество и конструктивниот придонес на земјата во регионалната соработка, како посебно значаен елемент за земјите-кандидати и аспиранти за членство во ЕУ.

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија ги поздрави заклучоците од вториот круг на пристапниот дијалог на високо ниво и ја пофали Владата за усвојувањето на оперативниот Патоказ за справување со петте клучни области со специфични цели и активности кои треба да се исполнат во следните месеци, вклучувајќи ги слободата на изразување во медиумите, владеењето на правото и основните права, реформата на јавната администрација, реформата на изборното законодавство и зајакнувањето на пазарната економија.

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија ја потврди важноста на Охридскиот рамковен договор и ја поздрави посветеноста на владата за зајакнување на меѓуетничките односи, особено преку сеопфатен преглед на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор до јуни 2012 година, со цел да се постигне целосно помирување меѓу страните и да се консолидираат непристрасни и меѓуетнички демократски институции преку „интеграција без асимилација” во духот на мултикултурализам.

Парламентарците ги поддржаа олеснетите процедури за регистрирање на компании во земјата, како и забрзаните судски постапки, новата стратегија за вработување и подоброто функционирање на финансиските пазари и ги забележаа адекватните макроекономски политики на земјата во контекст на глобалната криза, вклучувајќи ги и позитивните стапки на економски раст, ниската задолженост и задржувањето на стабилна инфлација.

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија со задоволство го нотираше одредениот постигнат напредок во областа на управувањето со отпадот во неодамнешниот период, вклучувајќи го усвојувањето на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и го поздрави напредокот во областа на енергетска ефикасност, вклучувајќи го и усвојувањето на националниот план за енергетска ефикасност, во согласност со заложбите на Работната група за енергетска ефикасност на Енергетската заедница во 2011 година.

МПК го нагласи развивањето на железничките врски како алтернатива на патниот транспорт во Република Македонија и во остатокот од регионот и ја поздрави, во оваа насока, намерата на владата да ги подобри или изгради железничките врски од Скопје до главните градови на соседните земји и повика на завршување на железничката врска во рамките на Коридорот 8. Исто така, тие ги повикаа властите на Република Македонија да ја отворат патеката кај граничниот премин за пешачење и велосипедизам меѓу Старо Коњарево и Габрене да се подобри делот на „патеката на Железната завеса” меѓу Струмица и Петрич, со кофинансирање од страна на Европската унија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting