Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Економија

ПРИСТИГНА ИНДИСКИОТ МАГНАТ СУБРАТИ РОЈ

(Преземено од МИА)


На Аеродромот Александар Велики во Скопје денес пристигна еден од највлијателните луѓе во Индија, мултимилијардер и магнат Субрати Рој. Тој е основач на компанијата Сахара Индија Паривар, која што вработува над 2 милиони работници. Субрати Рој беше пречекан од министерот за финансии Зоран Ставрески, а напладне ќе се сретне со премиерот Никола Груевски.

Посетата на познатиот индиски стопанственик, доаѓа како резултат на поканата за посета на Македонија која беше врачена од страна на македонската влада, за време на економската турнеја во Индија каде беше извршена промоција на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и водење бизнис.

Субрати Рој ќе престојува неколку дена во нашата земја, при што ќе посети повеќе локации на кои би можел да оствари инвестиција во различни дејности или сектори, меѓу кои земјоделството, образованието и туризмот.

Компанијата на Субрати Рој, Сахара Индија Паривар, се занимава со реализација на проекти во повеќе сектори, како што се хотелиерството, изградба на инфраструктура, станбена изградба, осигурителен бизнис, медицински установи и информатички технологии, а богатството на познатиот индиски магнат се проценува на 63 милијарди долари.

Во 12:30 часот предвидено е премиерот Груевски, заедно со дел од членовите на владиниот економски тим да оствари средба со индиската делегација предводена од Субрати Рој. По средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на заменик претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески и мултимилијардерот од Индија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting