Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жозеп Дол:

НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО БЛОКИРАМЕ ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИА)


- Ние не можеме да го блокираме влезот на Македонија во ЕУ само поради прашањето за името, изјави францускиот европратеник Жозеп Дол, претседател на Групата на Народните партии во Европскиот парламент, во говорот на Генералното собрание на Меѓународната Паневропска унија во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, оваа изјава на Дол беше поздравена со долг аплауз од учесниците на Собранието, бидејќи претходниот говорник беше министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Учеството и говорот на шефот на македонската дипломатија на Генералното собрание на Меѓународната Паневропска унија што се одржува во Европскиот парламент во Стразбур е симболично. Оваа организација се залага за целосно обединување на Европа, во чии рамки е и местото на Република Македонија.

Во обраќањето, Попоски уште еднаш, пред предводниците на европската идеја и обединување ја реафирмира заложбата на Македонија да стане дел од европското семејство што поскоро.

Во тој контекст тој информира за напредокот на Република Македонија во исполнувањето на политичките и економските критериуми, усогласувањето на македонското законодавство со европското, како и подготвеноста на институциите да го следат европскиот терк на работа и дејствување.

Во врска со принципот за остварување на добрососедски односи, Попоски информира дека на Македонија и престои уште еден мандат, од јуни 2012 до јуни 2013, за претседавање со Процесот за соработка со земјите од Југо-источна Европа (ПСЈИЕ) - иницијатива која од самото основање резултира со успешна регионална соработка во областа на трговијата, енергетиката, воздухопловството.

Затоа Попоски, пред учесниците на Меѓународната Паневропска унија, безрезервно повика да не се запре со европските интеграции се додека не се виде Европа целосна и обединета.

На Генералното Собрание на Паневропската унија учествува и македонскиот парламентарец Антонио Милошоски, поранешниот македонски министер за надворешни работи.

Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги. Нејзините членови се стремат кон политички, економски и воено обединета Европа како заедница на мир, закони и слобода. Годинава таа ја одбележува 90-годишнината од нејзиното основање.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting