Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Груевски:

ПОСЕТАТА НА ЧЕТИРИТЕ СКАНДИНАВСКИ ДРЖАВИ ПОМИНА УСПЕШНО, ПОСТИГНАТА Е ЦЕЛТА

(Преземено од МИА)


Посетата на четирите скандинавски држави, Шведска, Финска, Данска и Норвешка, помина успешно, постигната е целта, оцени премиерот Никола Груевски.

- Се сретнавме и извршивме презентација пред над 200 компании во овие четири држави и со голем дел од нив имавме поединечни средби на коишто се распрашуваа за детали поврзани со нивниот сектор, односно бизнисот којшто го работат. Верувам дека дел од нив во наредните месеци или година ќе дојдат да поработат повеќе на подготовки за отворање на нивни компании во Македонија и правење бизнис или инвестирање во Македонија, изјави македонскиот премиер.

Видов, нагласи дека компаниите тука многу малку знаат за Македонија, и за предностите коишто ги нуди државата за инвестирање.

- Не се запознати ниту со ниските трошоци за правење бизнис, потпишаните договори за слободна трговија со цела Европа, стабилната макроекономска ситуација и сите други предности коишто ги има Македонија. Многу од компаниите ни потенцираа дека за првпат слушаат за овие работи и дека со задоволство ќе ја посетат Македонија, истакна премиерот Груевски.

Според него, фирмите од четирите скандинавски земји се позаинтересирани да бараат нови локации за инвестирање во држави што не се дел од еврозоната или од Европска унија во време кога во ЕУ се случува европска должничка криза и рецесија, а еврото на некој начин е во деликатна ситуација.

- Се чини дека доаѓаањето во овој период е посебно важно и е во вистински момент. Тоа посебно го нагласи и министерката за трговија на Шведска која рече „дојдовте во прав момент затоа што баш сега нашите фирми бараат дестинации коишто се надвор од опасноста од еврозоната“. Така што од тој аспект мислам дека е полн погодок доаѓањето во овој период во четирите скандинавски земји, нагласи премиерот Груевски во оценката на посетата.

Од политички аспект, додаде, имавме високи средби со три премиери, со еден претседател и со двајца претседатели на собрание на коишто ги презентиравме условите во Македонија поврзани со политиката и нашите аспирации за НАТО и ЕУ.

- Тоа се главно држави коишто ја поддржувале досега Македонија за членството во НАТО и ЕУ, некои од нив се членки на НАТО, некои на ЕУ, некои имаат некои немаат евровалута, меѓутоа сите се влијателни држави и во Алијансата и во Унијата. Разговори и аргументите коишто ги дадовме, посебно во делот со уцените коишто ни ги прави Грција поврзани со името и со нашето членство во НАТО и во ЕУ, верувам дека во иднина ќе имаат свој придонес во нивните понатамошни ставови и активности поврзани со поддршката на Република Македонија, нагласи македонскиот пермиер.

Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Христијан Делев, во изминатите четири дена ги посети Шведска, Финска, Данска и Норвешка каде ги претстави економските и инвестициските потенцијали на Република Македонија пред повеќе заинтересирани компании.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting